KohlBass напиша:
Vremeto e posebna dimenzija. Malku e cudno da go nareceme dvizenje, ama vo nedostatok na drugi izrazi, da go nareceme taka.
Inaku, kolku poveke se doblizuvame do brzinata na svetlinata, tolku posporo tece vremeto, i koga ke ja dostigneme taa brzina, toa prestanuva. Samo ne mi e jasno dali odi nazad ako je prestigneme brzinata na svetlinata.
Aбе како давате заклучоци и теории, како навистина да сте летале со брзина на светлината
Теоријата која вели дека со движење со брзината на светлината може да се влијае на времето е приказна за мали дечиња. Или уште подобро, добра подлога за филмски сценарија од типот на Back to the Future. Ајде малку да си го вклучиме копчето за логика во нашите мозоци на on.
Значи, накратко, според добропознатата теорија, ако штотијазнам некој одпатува на пример до Марс со брзина на светлината и се врати на Земјата, ќе биде помлад кога ќе се врати, односно нема да биде остарен како тие што останале на Земјата. Со тоа што тој патува со брзина на светлината, може само да го намали потребното време за да го помине одреденото растојание, но не и да го запре или успори времето. Времето во објектот со кој што тој се движи ќе тече исто како и времето на Земјата или на било кое место во Универзумот, нели? Значи, нема да се случи ништо спектакуларно, само ќе помине огромно растојание за миг.
Времето е релативно, но само како поим, инаку е многу прецизен и конкретен поим. Исто како и големината - големо, поголемо, најголемо (релативно), но затоа се измислени мерките - килограми, сантиметри ...кои точно ја детерминираат големината.
Значи, според глупавава теорија, да замислиме дека доколку некој патува со брзина бесконечно поголема од брзината на светлината, тој никогаш нема да остари, туку ќе се подмлади?
V=s/t беше познатата равенка која ја покажува врската помеѓу брзината, растојанието и времето. Баш би сакал некој од тие кои ја поддржуваат теоријата, да ми формулира како забогу со зголемување на брзината на движење, наместо на времето потребно за да се помине одредено растојание, може да се влијае на "хакирање" на брзината на течењето на времето, во објектот со кој се движи со течењето на времето од местото кое го напуштил.