Дали машините ќе го заменат човекот во економијата на иднината?

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Го видов видеово вчера и ме замисли.
Што мислите на оваа тема?
Иднината носи промени за кои не сме подготвени...
Какви последици би имало ако се замени човечкиот труд со роботи? Што ќе работат луѓето, од каде ќе земаат пари, како ќе се прилагоди општеството?
Дали има професии што ќе останат незасегнати?
Што ќе биде со армиите невработени?
 
Член од
15 август 2014
Мислења
79
Поени од реакции
80
Ноуп.
Робот не може да штема, не знае да фати мистрија, не знае колку коноп да стави меѓи цефките, да му додај на штрафот уште едно вртење од мајсторот. Се се тоа финеси, тешка и комплексна математика правена уз последните капки од литар и пол ѕидарско, а висок датум до плата. Не се тие работи плукни залепи.
 
HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
Не се сеќирај кога ќе дојде тоа време машините да го заменат човекот во целост,значи зборам во целост кога вештачката во целост ќе се изедначи со природната интелигенција и разум кога роботите ќе станат целосно свесни за себе како ние сега,ќе може да чувствуваат расудуваат и мислат како нас,тогаш друже еден човек нема да остане на планетава.Просто оти посилниот опстојува и иде напред,во случајов роботите.А до тогаш има едно стотици илјади години додека се случи тоа,да сме живи и здрави до тогаш и ние и поколенија наши.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Ако роботите ги заменат луѓето, луѓето ќе немаат пари да го купат тоа што роботите ќе го направат, за кого ќе работаат роботите ?
 
D

Daedalus

Гостин
Зголемената/подобрената автоматизација води кон тоа. Евентуално ќе се зголемат побарувачките за услужни процеси со намалувањето на потребата за техничари. Денешните флексибилни роботи можат да извршат работа побрзо, поефикасно и попрецизно од просечен работник. Тие активности кои не бараат креативност или стратешко планирање се веќе одлично управувани од роботи/НУ машини итн...

Денешниот капитализам ќе премине во „интелектуален“ капитализам во кој ќе се вреднува човечката креативност и способноста на луѓето да создаваат софтвер на пример, додека пак основните проблеми со недостаток на енергија и храна ќе бидат решени.

Од друга страна се' ќе биде ефтино по истата аналогија по која хартијата некогаш чинела многу, а сеа ја има за 0.5 ден од лист. Компјутерите биле големи и скапи, сега стануваат ефтини, помали и со подобар перформанс по принципот на Муровиот закон.
Има многубројни пресметки, анализи и дебати за тоа дали автоматизацијата би довела до негативен или позитивен резултат. Аргументот дека „многу луѓе ќе останат невработени“ е лесно решлив со создавањето на повеќе сектори за услужни процеси.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892

Се слагам дефинитивно со тебе.

Би додал некои работи.

У светот у кој сите биле hunter gathers, кога направиле преокрет у земјоделци, сигурно добар дел од сите нив сметале оти нема да има потреба од работа за сите нив.
Ама тогаш се создале сосем нови работни места, на мајстори за мотики и стапови за мотики, мајстори за рала, копачи на руда за тие алати и се така натаму.
Ако скокнеме до 17ти век, кога се направив преокретот од рачно производство во индустриско, сигурно се затвориле безброј работни места, ама се отвориле сосем нови работни места, пример на оржувачи и производители на сите тие машини.
Како шо вика РоџерБејкон, паднала потребата од работна рака у еден момент, ама паднале и цените.
Сега скокнуваме до 21-ви/22-ри век. Ќе се заменат многу работни места, нели нормално не наеднаш, туку у неколку левели ќе се одвива сето тоа. Сосем спонтано. Веќе се дешава. Роботи у Мерцедес фарбаат коли, на автомати у МекДоналдс порачуваш храна и пијалок.
Утре ќе се занемат економистите у фирмите.
Задутре ќе се заменат таксистите.
Степен по степен.

Ама пак ќе се појават нови работни места на кои не ни помислуваме.

Ќе дојдеме до ситуација како у робовладетелско општество, каде наместо робови ќе имаме роботи.
Скоро сите ќе бидеме некакви претприемачи и ќе имаме под контрола група роботи кои ќе ни ги произведуваат производите шо ќе ги нудиме на пазарот, и единствената работа ќе биде шо е можно подобро да го шитнеме производот на пазарот.[DOUBLEPOST=1408673029][/DOUBLEPOST]http://en.wikipedia.org/wiki/Alvin_Toffler

Алвин Тофлер има интересни муабети на темава.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.306
Поени од реакции
30.642
Не се сеќирај кога ќе дојде тоа време машините да го заменат човекот во целост,значи зборам во целост кога вештачката во целост ќе се изедначи со природната интелигенција и разум кога роботите ќе станат целосно свесни за себе како ние сега,ќе може да чувствуваат расудуваат и мислат како нас,тогаш друже еден човек нема да остане на планетава.Просто оти посилниот опстојува и иде напред,во случајов роботите.А до тогаш има едно стотици илјади години додека се случи тоа,да сме живи и здрави до тогаш и ние и поколенија наши.
Кој сајнс фикшн :D
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па планот е да се заменат луѓето со машини, и следи редукција на попилацијата, барем така е планот запишан на камен:

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
Ноуп.
Робот не може да штема, не знае да фати мистрија, не знае колку коноп да стави меѓи цефките, да му додај на штрафот уште едно вртење од мајсторот. Се се тоа финеси, тешка и комплексна математика правена уз последните капки од литар и пол ѕидарско, а висок датум до плата. Не се тие работи плукни залепи.
Со автоматизацијата аналогно доаѓа и стандардизација што значи дека роботиве ќе знаат точно милиметарски каде што да стават или колку да завртат секако време треба тоа да се усоврши ама ете гледаш веќе како се прават автомобилите...мене повеќе ме плаши тоа што светот ќе стане монотон остај што ќе нема работа се ќе биде средено, наместено, навремено...кај ќе ти се збрките, гужвите, тешкотиите едноставно ќе снемаме елан за живот...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
Ќе го правиме тоа што отсекогаш сме го правеле „менување и адаптација“.

П.С Сепак не верувам дека иднинава што е опишана е толку блиску. Вистина е дека многу работи можат и ќе бидат автоматизирани, но тешко ќе биде да создадеме вештачка интелегенција за поинтелктуалните работи бидејќи за да го имитираш мозокот треба прво да го истражиш, а тоа е сеуште преголем залак.

П.С2 Во утописка иднина роботите ќе работат за нас, а ние ќе си уживаме/работиме што ни прави мерак. Дистописки сценарија има повеќе.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Океј, јас имам две работи да додадам на темава.

1. Ако некој се понаша како робот на работното место, и едино зема плата за да помести пенкало од шкафчето до полицата, па до другата полица, и ако се понаша како робот (а ова е понашање не на робот, туку на крајно глуп робот) не знам зошто не би бил заменет со нешто друго.
2. Ако сите ние ја имаме приликата да станеме сајборзи и се поблизу до роботи, оти не би, кога е само уште еден чекор од нашата еволуцијата? Да биде некој човек противник на тоа од homo sapiens да стане еден ден homo cyborg е исто како некој homo erectus да имал прилика да стане homo sapiens? (знам прилично далеку се erectus и sapiens)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
1. Ако некој се понаша како робот на работното место, и едино зема плата за да помести пенкало од шкафчето до полицата, па до другата полица, и ако се понаша како робот (а ова е понашање не на робот, туку на крајно глуп робот) не знам зошто не би бил заменет со нешто друго.
Затоа што тој некој има партиска книшка и работи во јавна администрација. Политика е во прашање.

2. Ако сите ние ја имаме приликата да станеме сајборзи и се поблизу до роботи, оти не би, кога е само уште еден чекор од нашата еволуцијата? Да биде некој човек противник на тоа од homo sapiens да стане еден ден homo cyborg е исто како некој homo erectus да имал прилика да стане homo sapiens? (знам прилично далеку се erectus и sapiens)
Ние веќе стануваме киборзи, доволно е да ставиш очила со диоптрија, ти веќе си станал киборг бидејќи на вештачки начин си го подобрил сетилото за вид. Тоа е постепен процес, исто како преодот од erectus во sapiens.
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
594
Поени од реакции
251
Веке и има некои работи кои роботите ги заменуваат но додека целосно ги заменат ке треба мнгу време
еден пример е и Таксињата на Гугл, преку паметни патишта знаат каде да возат и така се избегнуваат сообракајки..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom