Зголемената/подобрената автоматизација води кон тоа. Евентуално ќе се зголемат побарувачките за услужни процеси со намалувањето на потребата за техничари. Денешните флексибилни роботи можат да извршат работа побрзо, поефикасно и попрецизно од просечен работник. Тие активности кои не бараат креативност или стратешко планирање се веќе одлично управувани од роботи/НУ машини итн...
Денешниот капитализам ќе премине во „интелектуален“ капитализам во кој ќе се вреднува човечката креативност и способноста на луѓето да создаваат софтвер на пример, додека пак основните проблеми со недостаток на енергија и храна ќе бидат решени.
Од друга страна се' ќе биде ефтино по истата аналогија по која хартијата некогаш чинела многу, а сеа ја има за 0.5 ден од лист. Компјутерите биле големи и скапи, сега стануваат ефтини, помали и со подобар перформанс по принципот на Муровиот закон.
Има многубројни пресметки, анализи и дебати за тоа дали автоматизацијата би довела до негативен или позитивен резултат. Аргументот дека „многу луѓе ќе останат невработени“ е лесно решлив со создавањето на повеќе сектори за услужни процеси.
Се слагам дефинитивно со тебе.
Би додал некои работи.
У светот у кој сите биле hunter gathers, кога направиле преокрет у земјоделци, сигурно добар дел од сите нив сметале оти нема да има потреба од работа за сите нив.
Ама тогаш се создале сосем нови работни места, на мајстори за мотики и стапови за мотики, мајстори за рала, копачи на руда за тие алати и се така натаму.
Ако скокнеме до 17ти век, кога се направив преокретот од рачно производство во индустриско, сигурно се затвориле безброј работни места, ама се отвориле сосем нови работни места, пример на оржувачи и производители на сите тие машини.
Како шо вика РоџерБејкон, паднала потребата од работна рака у еден момент, ама паднале и цените.
Сега скокнуваме до 21-ви/22-ри век. Ќе се заменат многу работни места, нели нормално не наеднаш, туку у неколку левели ќе се одвива сето тоа. Сосем спонтано. Веќе се дешава. Роботи у Мерцедес фарбаат коли, на автомати у МекДоналдс порачуваш храна и пијалок.
Утре ќе се занемат економистите у фирмите.
Задутре ќе се заменат таксистите.
Степен по степен.
Ама пак ќе се појават нови работни места на кои не ни помислуваме.
Ќе дојдеме до ситуација како у робовладетелско општество, каде наместо робови ќе имаме роботи.
Скоро сите ќе бидеме некакви претприемачи и ќе имаме под контрола група роботи кои ќе ни ги произведуваат производите шо ќе ги нудиме на пазарот, и единствената работа ќе биде шо е можно подобро да го шитнеме производот на пазарот.[DOUBLEPOST=1408673029][/DOUBLEPOST]
http://en.wikipedia.org/wiki/Alvin_Toffler
Алвин Тофлер има интересни муабети на темава.