Дали луѓето биле попаметни во антиката (минатото) или се попаметни денес?

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
не почнале овие денешниве туку тие порано, ние сега само ја надоградуваме многу малце работи има што се навистина нови што ги измислил денешнов човек...да не се повторувам неш шо веќе кажав...
Imalo pred 2000 godini kompjuter? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini kola? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini avion? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini mikser? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini........? Nemalo.

I to..... :toe:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Вештачката интелигенција никогаш неможе да се рамни со човековата глупост.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Докажано е дека IQ то е во пад.
Денес да пуштиш некој во природа не ќе знае оган за запали, а не пак други покомплицирани работи (математика, филозофија - античко време).
Технологијата си го прави своето.
Да палиш оган во природа е опасно, бидејќи може да направиш ПОЖАР...бидејќи ДЕНЕС сме попаметни (и ги знаеме последиците од НЕОДГОВОРНО однесување) НЕ палиме оган во природа (а не дека не можеме)...
Не сум слушнала дека во антиката пуштиле сонда на МАРС или дека МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА е започната во античко доба?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Да палиш оган во природа е опасно, бидејќи може да направиш ПОЖАР...бидејќи ДЕНЕС сме попаметни (и ги знаеме последиците од НЕОДГОВОРНО однесување) НЕ палиме оган во природа (а не дека не можеме)...
Не сум слушнала дека во антиката пуштиле сонда на МАРС или дека МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА е започната во античко доба?
хахахаха

Тоа се вика неспособност - одлика на модерната цивилизација.
Ќе направиш камперски оган. Ако знаеш нема шанси за инцидент,
Зошто зборите цело време за антика, имало изуми и понатака.
И не зборуваме за изуми или за компјутери, бојлери, шпорети... зборуваме за човекот.

Колку бил снаодлив, адаптабилен, колку ја познавал и можел да живее природата, мудрост, духовно ниво...
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
Imalo pred 2000 godini kompjuter? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini kola? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini avion? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini mikser? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini........? Nemalo.

I to..... :toe:
да, ама некој паметен да не измислил вакуумски ламби во 19 век кај што немало ни компјутери ни ништо и ти сега би немал компјутер да пишуваш тука....така да сега сме мнобу позатупени одколку пред 2000 години...а и кажи...има сега мамути????:tapp:
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Баш скоро прочитав дека загадениот воздух ја намалува интелигенцијата кај бебињата...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Со самотот тоа што во секој момент од антиката до денес човештвото доживува постојан развој покажува дека постои еден единствен памет кој постојано се стремел, се стреми и ќе се стреми да наоѓа начини за што поголем развој и усовршување на човештвото. Затоа и неможе да се прави паралела или споредба на памет од антиката и денешен памет. Она што навидум изгледа дека денеска човештвото е најсовршено и најразвиено не се должи на денешниот памет, туку тоа е резултат на еден процес на постојано раѓање на идеја и нејзина реализација. Оттука можеби само во денешно време се реализирале повеќе идеи, но тие идеи се родиле многу одамна, затоа мислам дека постои континуитет на паметот без негово јасно делење на антички и денешен памет. На крајот на краиштата секое време во својот највисок стадиум на развој мислело дека тоа е најразвиено. Така ќе биде и во иднина. И покрај многуте реалзирани нешта со кои нашето човештво се гордее, постојат многу проблеми и идеи кои сеуште не можат да се реализираат. Тие ќе ги реализира некој друг во иднина, па нашето време исто така ќе му личи за неразвиено .
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
луѓето од минатото повеќе го користеле мозокот ...од колку луѓето од денешниот ден...:XD:
 
F

FilipMacedon

Гостин
луѓето од минатото повеќе го користеле мозокот ...од колку луѓето од денешниот ден...:XD:
Точно така.
Причината е во тогашните мислења, сфаќања и односите меѓу луѓето.
Пример денес на еден просечен младич идол му се луѓе од типот Кристијан Голубовиќ,Боки 13 и други курајбери,додека во антиката се ценеле луѓе од типот на Аристотел,Вергилиј,Диоген,Хомер и др со што тие луѓе биле мотивација античкиот човек постојано да цели кон надградување на својот мозок(иаку немала некоја си технологија)сепак како што кажа форумџијата луѓето во минатото повеќе го користеле мозокот.
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
би рекол тогаш биле попаметни само заради Маите...
 
S

smart ass

Гостин
Да палиш оган во природа е опасно, бидејќи може да направиш ПОЖАР...бидејќи ДЕНЕС сме попаметни (и ги знаеме последиците од НЕОДГОВОРНО однесување) НЕ палиме оган во природа (а не дека не можеме)...
Не сум слушнала дека во антиката пуштиле сонда на МАРС или дека МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА е започната во античко доба?

мислам дека темата ни отиде во погрешна насока бидејќи не е прашањето конкретно за технолошко индустрискиот развој,ајде на пример да замислиме дека сме во времето на џемс Ват кој ја измислил парната машина која тогаш била двигател и на индустријата,ако направиме споредба од тогаш па до денес пак ќе испадне дека денес сме попаметни ако веќе технологијата ја земаме како критериум.

Мислам дека немало голема разлика помеѓу лугето порано и денес но за разлика од денес условите биле такви да они не можат односно немале потреба од развој почнувајќи од собирачкото општество,потоа ете и стоковната размена колку толку условите за живот им биле удоволени(видете денес во африка гладот и Индија).

затоа и тогаш човекот бил ист како и денес но едноставно општествено духовните религиозни услови не барале или пак немало потреба за развивање на наука,но ќе додадам дека ако нема разлика во паметот има во цивилизациските вредности односно ние сме поцивилизирани.

би рекол тогаш биле попаметни само заради Маите...
да не имале маите и очи одпозади?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Сметам дека биле попаметни. Во тогашно време пример на Демокрит не му била потребна технологија т.е микроскоп да види дека природата е изградена од најмали делови кои се наречени атоми, а неговото учење атомизам. Денес после толку векови сме дознале дека атомите се делат на поситни честички. Толку и тоа благодарение пак на микроскоп.
Питагора - јонски математичат и филозоф. Татко на бројките и познат по својата питагорова теорема. Со која и денес се служиме.. Аристотел. Платон итн да не набројувам. Тоа се луѓе кои потпирајќи се на својот ум ја поставиле базата. Понатаму од нивните идеи се развиле други и така напредувало човештвото. Или само технологијата ? :toe:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Imalo pred 2000 godini kompjuter? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini kola? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini avion? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini mikser? Nemalo.
Imalo pred 2000 godini........? Nemalo.

I to..... :toe:
Не можеш таква споредба да правиш. Не се собраа 5 милијарди луѓе да го измислат компјутерот, се најдоа 5 лудаци на кои им текна како. Повеќето од нас не знаат ни бушон од лежиште да сменат, а не па да знаат да направат компјутер. Луѓето, во множина, би требало да ги опфати сите, генерално, и јас сметам дека тие денес се поглупави токму заради тоа, дека би умреле ако на упатствата за апаратите не им пишува реченици од типот “Не ја употребувајте пеглата на себе“. :icon_lol:

Плус на ова твоето јас можам да напишам некаде во 2094 година...
Имало пред 100 години телепортер? Немало.
Имало пред 100 години имиџмејкер? Немало.
Имало пред 100 години Реаниматор? Немало...

И ти ќе ми речеш сега, па тоа е само доказ дека луѓето секој ден стануваат попаметни. Не, не стануваат, само стануваат по глупави зашто не ги интересира како работите функционираат, а за размислување за посуштински животни прашања да не збориме. Поединците се специјализираат за одредени области, па ти ќе знаеш да направиш машина за претворање белка во жолчка и потоа во кајгана, за некој друг само да кликне копче. По извесен период, ќе дојдеме на ова:
Малку звукот е заебан, ама ќе ме сфатиш шо сакам да кажам.
 
I

Intex

Гостин
би рекол тогаш биле попаметни само заради Маите...
Море Маите биле пред 200 години, не пред 2000. Си испуштила една нула изгледа:)
И не биле паметни воопшто. Штом пред 200 години не знаеле за тркало тогаш биле многу глупи.


Ја викам дека денес сме попаметни. Може и тогаш имало паметни батки, ама тие биле насочени кон пронаогање на основни работи, а денес работите се далеку покомпликувани. Може ако тие не биле немаше денес да имаме компјутери и сл., но сепак денес не ни требаат секакви глупи информации во нашите мозоци, туку се можеме да најдеме на чичо Гугл и остали, а се фокусираме само на битни работи кои ги паметиме. Така да поарно да не го замараме мозокот со секакви глупости. Не викам дека Математиката не е потребна. Потребна е, ама зошто да се мачиме ние кога може PC-то да пресмета. Поарно да се замараме со мономи-полиноми и триста други математички работи, кои ни го вежбаат мозокот, отколку со работи од типот 165*12151. Така да денес сме попаметни, зошто сме фокусирани само на една работа.

Замислете кај ќе беше човештвото денес, ако не беше темната доба (од 400 до 1000 и некоја година).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom