Дали коефициентот на интелегенција на младите опаѓа?

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
NO RULZ RULZ YONG 4EVR
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Значи ги мешате многу работите...ама стварно многу. Прво, премногу ја генерализирате младината. Глупави биле? Не, глупави не се, само несакаат да се потрудат да научат нешто. Но, не сите. Далеку од тоа дека цела младина е таква. Инаку, гледам и други членови спомнаа дека новите генерации се секогаш попаметни од претходните, што е апсолутно точно. Исто така, тука е и новото време. Значи неможете да очекувате денешните деца да не го погледнуваат компјутерот. А да не зборуваме за тоа што компјутерот носи многу можности. На пример, мојата братучетка има 15 години, со интернетот почна на свои 10-11 години и еве сега има речник како возрасна личност. Неможете да кажете дека компјутерот и интернетот ги затупуваат децата. Зависи кој за што ги користи.
Друго, гледам некои во темава напишале за почитта кон постар т.е сега немало никаква почит кон постари. Можеби, ама зависи што подразбирате во почит кон постари. Ако за вас одење по цигари (пази, цигари) е искажување почит кон постар, тогаш навистина незнаете што значи тоа. Помаѓање на постари е нешто друго, ама некој 18-25 годишен дечко да праќа 8-9 годишни деца да му купат нешто е срамота. Пред се за него самиот. Јас никогаш не сум пратила комшиско дете да ми купи нешто што патем е моја потреба. Епа кога е моја, си имам самата нозе и ќе појдам да си купам. Ако не отидам, нема да го имам. Точка. Ниедно дете не е должно да трча по продавници затоа што мене како поголема така ми прднало на памет. Ако во иднина кога ќе имам деца некој се дрзне да ги прати (прати, ако ги замоли тоа е веќе нешто друго) во продавница, ќе си има работа со мене.
Понатаму. Образованието. Навистина незнам што ви пречи овде. Зарем според вас децата се воспитуваат со ќотек? Не ми е јасно што му фали на образовниот систем таков каков што е сега? За незнаење се добива единица, за нарушување на часот забелешка. Според вас што би го средило образованието и општо младината? Прачката? А јас мислев 21 век сме...срамота е некој да е со вакво размислување во 21 век. ;)
Ах и да не заборавам. Не попусто се рекло младост - лудост. И пубертетот си го прави своето, па ние место да им го олесниме тој период, ние ќе ги замараме со некои непотребни глупости? Ајде ве молам...

П.С. Времето тече, се менува. ;)
--- надополнето: 3 април 2012 во 23:28 ---


Еј браво кој sвер си, си му мавнал шамар на 6-то одделенец, а да имаше неколку батки од 120 кила во автобусот и да галамеа, ќе им мавнеше ли шамар бе кукавицо? :)
Да имало неколку батки од 120 кила шо галамеле во автобус, има полиција за нив. Секогаш има некој над некого. Во тој момент бев јас. Што е кукавично извини? Кукавично е да му посолиш некому малку памет и општа култура? Дери се ти у автобус, и тебе би ти ја залепил една. Да се дерам ја у автобус, мене некој треба да ми ја залепи една. Општа култура, впрочем, шо има да се замарам коа некој помал од мене нема општ почит кон постар, не шамар, имал среќа шо не сум го скршил од ќотек.
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Има разлика во стилот на растење. Постарите генерации сигурно се сеќаваат на следново, а помладите нека го прочитаат еднаш:

http://media.photobucket.com/image/titovi pioniri zakletva/kissuzana_photo/pioniri/pioniri_al-1.jpg

(извинете сеуште неможам баш да се снајдам со поставувањето на сликите, ќе треба малку туторство од младиве ;))
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Јас мислам дека младината денес е поинтелигентна затоа што многу повеќе информации се чуваат во главата.
Порано ги болело таквото, имале работа имале одмор државна плата, и немале за што да размислуваат, еден идол имале, и го сметале за бог, оставале, тој како ке каже, така да биде.
Сега треба сам да се снајдеш во светов и за тоа концентрацијата ти е поголема, повеќе учиш, поголем капацитет на размислување имаш, поготово со интернетов и компјутериве.
Денес луѓето знаат и размислуваат многу повеќе него порано поради обилноста на информации.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Јас мислам дека младината денес е поинтелигентна затоа што многу повеќе информации се чуваат во главата.
Порано ги болело таквото, имале работа имале одмор државна плата, и немале за што да размислуваат, еден идол имале, и го сметале за бог, оставале, тој како ке каже, така да биде.
Сега треба сам да се снајдеш во светов и за тоа концентрацијата ти е поголема, повеќе учиш, поголем капацитет на размислување имаш, поготово со интернетов и компјутериве.
Денес луѓето знаат и размислуваат многу повеќе него порано поради обилноста на информации.
Ако е поинтелигентна, зошто е ваква каква што е? Зошто нема работа, зошто не учи и не напредува, зошто животов и е досаден, зошто не се бори за себе, зошто е осамена, зошто е намќореста, зошто е злобна и површна во се`? Мислам, не ми е логично поинтелигентна генерација да биде поназад во многу работи од претходните. Тука нешто има.:)
А и таа обилноста на информации, исто така не ги прави да размислуваат повеќе, туку повеќе да се расеани и збунети. И ако читаат и дознаваат работи, бидејќи имаат пристап до што ќе им текне, површно поминуваат преку се` и веројатно од толкав избор не знаат на што да се задржат и да му обрнат повеќе внимание. Не знаат што е важно и добро да знаат, а ниту па има кој да им покаже и да ги посочи на некојси прав и постабилен пат. Такви какви што се`, неспремни за животов, се прават уште понеспособни да направат нешто подобро од генерациите после нив. Тоа е жива трагедија, која дефинитивно не знам како би завршила или евентуално како би се променила.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Не да опаѓа у минус иде. Прост народ, силна држава!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Денес луѓето знаат и размислуваат многу повеќе него порано поради обилноста на информации.
Во информатиката (не оние курсеви за користење на микрософт-ови програми што се учат по квазипредметот информатика во школите) има еден постулат...
Со што повеќе информации располагаш, толку помалку знаеш!
 
V

Vollstandig

Гостин
Коефициентот на интелегенција не е опаднат само кај младината, али ова е во стилот демек “ние ко помлади бевме попаметни, сеа маливе појма немаат“, али сепак е судир на генерации. Можи ние што сме 80те родени сме играле по улици и ред други дрн дрн јариња, ама сигурен сум дека мобилен, компјутер и слични апарати ни беа шпанско село, а компјутер имавме видено или кај некој богат другар што се фали со екстра-скапиот пентиум 2 или на болница откако ги компјутеризираја.

Сеа обратно иде па, младината е електронска така да има познавања од други работи и тие “занимации“ од 80-те па навака се занемаруваат, времињата се менуваат.
Али пак мое мислење е оти опадната е целовкупната мисловна моќ кај цела популација, највеќе заради медиумите. Ние немаме медиуми.Ние немаме вести. Ние имаме куп гомнарии што кој стигнал ги препишал од каде стигнал. Имаме толку мозоко-перачки канали што можат да натераат луѓето да ја сменат и сексуалната ориентација од преголемото влијание што го имаат врз мозоците вперени кон телевизорот/електронските медиуми.

Чист пример за глупавост е моментот кога поминував покрај школото климент охридски има и поставено некоја нишалка за деца. Постар човек ги ниша внучината на возраст отприлика 4-5 години и го прашуваат : “Кој ги направил нишалките“ а дедово им вика: “Вмро ги намести тие“...
Децава, нормално поим немаат кој кур ти е тој ВМРО и го прашуваат пак “ А кој е тој и како ги направил“ и овој пак: “Вмро ни прај нишалки,вмро ни дава пари вмро ова вмро она...:facepalm:
Чисто испрано мозоче а и уште 2 млади невини мозоци на пат за перење, со детергент од најлош квалитет.

Од тука е опадната интелегенцијата и општо мисловната моќ кај поединецот.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Во информатиката (не оние курсеви за користење на микрософт-ови програми што се учат по квазипредметот информатика во школите) има еден постулат...
Со што повеќе информации располагаш, толку помалку знаеш!
Е па оди живеј во планина во некое бачило,и чувај овци, можда ке знаеш повеќе и ке бидеш поинтелигентен.
Лично немам ништо против овчарите и сточарите, реално на нив им е поубав животот, полесен, немаат проблеми како што ние имаме во градовите,поздрави се, постојано се во природа ама затоа па не ни знаат многу, т.е не се многу интелигентни.
Интелигенцијата не е само она вроденото резонирање на тоа што е добро што лошо, туку таа ни е дадена со нашето раѓање и потоа само се изострува се развива во текот на животот, така да што повеќе размислуваш тоа поинтелигентен стануваш.
Според мене, според она како јас подразбирам што е интелигенција, интелигенција не е фиксна човекова вредност.
Пример се рага некое бебенце нормално си расте, убаво размислува се однесува, среќно е и тн. како и сите други деца, и некаде на 10 години му се случува сообраќајка со тешка повреда на мозокот. После тоа дете не знае ни букви да чита ни бројки да собира одзема и тн. математика тапа му иде, све му е пореметено, значи интелигенцијата му е пореметена т.е коефициентот на интелигенција му е помал од претходно и спрема тоа интелигенцијата е променлива денес си на едно ниво на интелигенција утре на друго.
Еден човек нема исто ниво на интелигенција кога бил на 14 години и кога бил на 60 години. Искуствата и она што го научил низ текот на животот го доведуваат до различни нивоа на интелигенција.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Со што повеќе информации располагаш, толку помалку знаеш!
Е па оди живеј во планина во некое............
..итн... бла, бла,... бла... везе си нема со цитираното..
Стварно не ми е јасно, се впушташ во дискусија и коментари а појма немаш од проблематиката.
Тоа напишаното од мене... го има во секој поозбилен учебник по информатика.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
..итн... бла, бла,... бла... везе си нема со цитираното..
Стварно не ми е јасно, се впушташ во дискусија и коментари а појма немаш од проблематиката.
Тоа напишаното од мене... го има во секој поозбилен учебник по информатика.
Е ајде објасни го ти со свои зборови тоа што си го прочитал во тие озбилни учебници, како ти тоа го разбираш?
Зошто, ако со помалку информации располагаш толку повеќе знаеш?
Информациите се директен посредник на знаењето, секој човек дознава за тоа како постојат и функционираат нештата во светот преку кажана или пишана информација.
Како ти ке знаеш пример од кои хемиски елементи се состои водата ако не си го прочитал тоа некаде или некој ти го кажал (наставник на пример)? Се тоа е информација. Знаењето го стекнуваш преку информацијата, не те разбирам во што не се согласуваш со мене.
Е сега ако мислиш на осознавањето на самиот себеси, тогаш не ти е потребна надворешна информација, сам треба да си се осознаеш и да бидеш свесен за твојот капацитет на размислување.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Е ајде објасни го ти со свои зборови тоа што си го прочитал во тие озбилни учебници, како ти тоа го разбираш?.
А бе.. што има па јас да ти објаснувам... нели рече дека си желен за информации, побарај литература и земи прочитај и простудирај сам.. а не вака од рекла-казала да ми бараш објаснувања!

А чим не можеш да го сконташ тврдењето... зошто е тоа така... тука не можам да ти помогнам...
... во контекст на тврдењето...ај малку да ти помогнам... размисли околу зборовите..
... потребно, доволно, премногу, збунува, дезинформира...
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Јас мислам дека младината денес е поинтелигентна затоа што многу повеќе информации се чуваат во главата.
Тоа е голема заблуда знаењето не е моќ знаењето е само потенцијална моќ реална моќ станува кога тоа знаење ќе се организира и практично ќе се примени а во Македонија далеку сме од тоа без разлика на години луѓето мислат дека имаат информации а имаат глупости да немаа глупости во глава туку применливо знаење ќе издигнеа во нешто повеќе од медиокритети.
--- надополнето: 19 април 2012 во 14:42 ---
Тоа е голема заблуда знаењето не е моќ знаењето е само потенцијална моќ реална моќ станува кога тоа знаење ќе се организира и практично ќе се примени а во Македонија далеку сме од тоа без разлика на години луѓето мислат дека имаат информации а имаат глупости да немаа глупости во глава туку применливо знаење ќе се издигнеа во нешто повеќе од медиокритети.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.673
Поени од реакции
11.720
Абе нови навики со нови "морални" т.н. вредности. Опкружени се со квантитет без квалитет. Им се пласираат ретардирани сапуници (таман родриго да сфати дека сам на себе си е татко си ебала мајката една генерација) и филмови кои се правени како некој пиштол да им ставил на глава. Излегуваат по кафиќи за да се натпреваруваат кој има побогат татко, музиката фигурира само колку да не се слушнат меѓусебе какви глупости се тресат.
Сето тоа си влијае деца мои и на карактер и на све...
Уметноста е највлијателна кога станува збор за лоши и добри навики кои влијаат на интелигенција, а не гледам јас барем повеќе уметност, само профит и казнети генерации жртви на истиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom