Дали и колку е деградирано Македонското образование

Дали образованието во Македонија е деградирано?


  • Вкупно гласачи
    29

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Земено дека работам во образование како млад професор приметувам дека голем број од постарите колеги целовременно се жалат дека децата не учат како порано.

Некои велат дека причина за тоа е телевизијата која ги направила бесни, други сметаат дека не се доволно интелегентни ( оглупуваат со годините ). Има и мислења дека семејствата се растурени и децата не се доволно воспитани од родителите за да се справат со образовниот систем.

Кој е крив за деградација на македонското образование? Дали образованието кое денеска осмооделенците и средношколците па и студентите го добиваат е послабо од тоа што се добивало до пред пет шест геерации?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Некогаш е до професорите ама некогаш е и до воспитувањето и односот на релација ученик - родител. Џабе ако ти си класен(извини што те земам за пример:)) и ако се жалиш кај родителот кога тој можеби дома му вели што се секираш, остави го овој што треба, не е во право. :smir:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Деградирано е од одамна и поради многу причини,ради професори кои јас лично знаев колку им е тарифа за да те пуштат уште во средно и тоа, па се фалеа некои мои соученици како еден Џони завршил работа за цела година неучење.
Деградирано е заради луѓево што учат,си мислат дека владеат кога ќе стапнат во школски клупи,не се свесни дека си таму за да учиш,баш напротив тоа како да е второстепена работа,таму идеш за да создадеш клан и да бидеш дел од него,да покажеш кој си и што си.И кога ќе го видиш крајниот ефект доаѓа до следново горе доле,ама баш сите ги заболе за поквалитетно образование,многу проефесори не се ни замараат отрпнаа,некои од нив ќе посегнат по Џони,а дечките што учат сакаат полесно да поминат а не да научат.И на крај добиваш една нус појава на полуписмен човек која е најопасна.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Некогаш е до професорите ама некогаш е и до воспитувањето и односот на релација ученик - родител. Џабе ако ти си класен(извини што те земам за пример:)) и ако се жалиш кај родителот кога тој можеби дома му вели што се секираш, остави го овој што треба, не е во право. :smir:
Да тоа е се ок, ама не зборувам за поединечни случаеви туку во глобала професорите а и по медиумите се жалат дека образовниот систем ни е катастрофа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да тоа е се ок, ама не зборувам за поединечни случаеви туку во глобала професорите а и по медиумите се жалат дека образовниот систем ни е катастрофа.
Па и глобала, секаде исти се професорите горе-долу, иста средина е :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
До домашно воспитување е едно 50%, после ефикасноста на професорот + ако се исполети овие два услови тогаш работата на ученикот мора да е исполнета. Секој може да научи ако се мотивира доволно и му се укаже правиот пат.

Иначе, да деградирано е образованието. Корупција, врски, МЕНТАЛИТЕТ, се ќе смените но менталитет преку ноќ на еден народ не сменувате. Така да треба да се работи на менталитетот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.099
Од постарите (баби, дедовци) слушав дека во нивно време учениците биле држени буквално као у војска, со тепање по рака, влечење уши...истото го слушав и кога ги споредуваа генерациите -Ех младина, деца...во наше време-. Се искачало до 7 часот со срамежливи погледи, па до 9 навечер, па до 12...вие сега може цела ноќ да седите у кафеана (ако работи цела ноќ). Дали оние кои се сеуште со родители, млади испод 20 би се откажале од целоноќно шетање и би се враќале у 10 најдоцна 11 саат навечер или би се откажале од седење цела ноќ пред пц? Или од други слични нешта кои денеска ги поимаме како релативно нормални? Мислам дека не.
Секоја генерација е поинаква од другите, но не и најлоша од другите. Самите друштва се развиваат, а нив само ги следи развојот и однесувањето на децата.

Ова истото би важело и за образованието како дел од друштвото -наместо со ластегарки и џамлии, учениците имаат мобилни и веспи. Наместо мокро лепче со шеќерче, се јаде мекдоналдс и вегера, наместо извидници и феријалци до Охрид, се иде низ Европа...ваљда развој.
во глобала професорите а и по медиумите се жалат дека образовниот систем ни е катастрофа.
Наставниот кадар го прави воглавно образованието (заедно со министерството го формира целосно) какво што е. Ако тие не си го променат начинот на предавање, начинот на испрашување и комуникација со учениците, односот кон учениците, ако сеуште часот наликува на часот кога јас сум учел (а наликува од пред 35 години), ако сеуште се користат подароци, врски...
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Од постарите (баби, дедовци) слушав дека во нивно време учениците биле држени буквално као у војска, со тепање по рака, влечење уши...
Знаеш колку ученици на прилично рана возраст (10-15) години имаат страв од одење во школо? Плачат, се нервираат и ги молат нивните да останат дома уште неколку дена?

Не е исто? Внесување на страв наместо образовен процес?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.099
Аурора, значи сепак скоро ништо не е сменето од тие времиња, само со други методи, пософистицирани-со иста цел. И пак, наставникот ја оформува наставата, а наставниот кадар го обликува процесот каков што е.
Според ова исто е.

Крајниот резултат на наставникот е ученикот, неговиот однос кон учењето, навиката за работа/учење и знаењето кое го добива. Ако ученикот е она што Игор го спомна во првиот пост, тоа е резултат на наставата (одреден процент секако и родителите-но многу помалку него што се посочува).
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
За деградација на македонското образование е крив... ДОМАРОТ!:pipi:


Речиси два месеца на учениците од ОУ „Свети Климент Охридски“ од Делчево англиски им предавал домарот кој воопшто не се потпишувал во училишниот дневник.

Стручноста била заменета со курс по англиски и работа на брод, обвинија осумтте наставници кои денеска наместо да земат дневник во рака, добија отказни решенија. Тие тврдат дека партиските книшки биле пред дипломите и магистерските трудови.

Директорот кој денеска ги потпишуваше новите договори за работа, ваквите тврдења ги нарече дезинформации и инсинуации.

Според него, новиот кадар ги имал најдобрите препораки, а што се однесува до домарот, тој морал да го однесе ова соломонско решение, бидејќи во Агенцијата за вработување немало кадар што чека вработување.

Наставниците кои од денеска повеќе не работат се категорични дека правдата ке ја бараат по судски пат, а од министерот побараа одговор на прашањето: како е можно во училиштата да се вработуваат кадри без ниту еден ден работен стаж и соодветна стручност.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Кој е крив за деградација на македонското образование? Дали образованието кое денеска осмооделенците и средношколците па и студентите го добиваат е послабо од тоа што се добивало до пред пет шест геерации?
Јас мислам дека причината е штанцањето наставници (ако правиме муабет за основно образование)
Сега од страна на родител, поинаку ги гледам работите.
Мојот пример е со деца прво/второ одделение, и со наставници неоспособени и некадарни да работат со деца на таа возраст, со смотана програма која е еднаква на онаа од градинка која што децата ја пројдоа последните две години во градинка и со 0 креативност од страна на наставниците, нивната неспособност објективно да гледаат на децата.

Можеби во средно е поинаку или во 7 или 8мо одделение, ама не кажувајте за деца 5, 6 години што со кеиф одат во школо и наидуваат на исфрустрирани створења што немаат живци за нив, им го кршат и духот, и желбата за учење, а верувајте ја имаат.

Крива е државата и нејзините производи, општините и решенијата за директори, наставниците што се издигнаа на ниво на професори, родителите што не ги воспитуваат децата и се комплет.

Нема кој е покрив, а кој не. Сите потфрлија!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.099
Можеби во средно е поинаку или во 7 или 8мо одделение...
И во повисоките одделенија и во средно е исто, некреативни, немање способност да се доближат до младите, децата, сувопарна настава со опомени, дури и последици по оценка доколку детето спомене извор или податок вон учебникот и големо непознавање на се што е вон тие учебници. Искуствата очигледно ни се скоро исти, без разлика кое дете каде учи/учело.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
И во повисоките одделенија и во средно е исто, некреативни, немање способност да се доближат до младите, децата, сувопарна настава со опомени, дури и последици по оценка доколку детето спомене извор или податок вон учебникот и големо непознавање на се што е вон тие учебници. Искуствата очигледно ни се скоро исти, без разлика кое дете каде учи/учело.
тој дел на муабетот се однесуваше на возраста во која децата се умислуваат дека се возрасни, па им играат хормоните, сакаат да докажат дека се возрасни, а најлесно им е тоа да го докажат со кавга со наставници/родители, отпор кон нив, за кој се криви и самите наставници кои не се научија децата да ги гледаат како луѓе, индивидуи посебни една од друга, туку се уште ги гледаат како одделение.
Па и така да е, должност на секој педагог е да допре до нив, да ги охрабри, да ги почитува (затоа што и децата сакаат да бидат почитувани), ако сака почит нормално, а не да си игра професор со дневник, оти така им пишува на дипломата.
Нека го покаже тоа на дело, молам!
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Македонското образование според мене се сведува на многу учење теорија и на крај незнаење ништо од неа. Праксата ја нема, а кога студирам на факултет каде 60 проценти од наставата се одвива на терен и во редакција, мора да признаам дека тоа влева исклучителна самодоверба, поголемо знаење и подобар резултат. Друга работа, уште од кога бев помала, знам дека педагошки се смета за „најлесен“ факултет, а после се чудиме зошто наставниците од предшколска и школска се ужасни, нетолерантни... Едноставно не може секој да биде наставник, не може секој да биде педагог и не смее да биде. За жал моменталната ситуација го вклучува и домарот во класата предавачи. Тужно. Материјалот е преобемен со разни глупости, децата не се учат да учат, туку да учат да бубаат. :smir:
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Кога видов кој ли не се запиша оваа година на педагошки, не планирам моите деца да ги пуштам на училиште. Веќе кажавте дека голема е кривицата на професорите, но да кажам, се случува често младите професори кои се вработуваат добро да почнат а после да продолжат по патот на постарите колеги.
Мислам дека тоа е на еден начин, последица од родителите. Еден добар процент од родителите за се и сешто застануваат на страната на децата кога станува збор за училиштето. Пример - Професорот реално и коректно ќе го оцени ученикот, ученикот дома ќе се пожали, родителот му оди на професорот и почнува да му кажува дека нема појма, не е ни малце компетентен за работа и слично. Е сега замислете после 5-6 години од такви работи па и самиот професор губи желба за работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom