Дали знаете да се шегувате на сопствена сметка?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прашањето ми е дали прифаќате и правите шеги на своја сметка или сте од оние луѓе кои се лутат кога друштвото се зеза на нивна сметка и ги ремети за нешто?

Дали сте лутковци и за најмала работа или самите почнувате шеги за вас во друштво?

Какво искуство имате со другите луѓе и со кои повеќе се сложувате? Со оние лутковците или со луѓето кои немаат проблем да си се насмеат сами на себе?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Напротив, сакам шега во секаква форма... Да се љутев на сите вицеви за плавуши кај ке ми беше крајот..:toe:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ух, каков црн хумор си пукам на моја сметка -.- Никој не е доволно креативен да направи шега на моја сметка ко шо сум ја :) И обожавам шала на моја сметка, одма рака давам коа некој ќе ми го збибери :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Обожавам хумор на моја сметка. До таа мерка дури што кога некој ке ми го забибери (цитат од Гад хејта сол) одма му враќам и јас во иста мерка за нели, да ја почуствува таа убавина кога некој убаво ти го нели...ова...забиберува.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Знам и можам да кажам дека ми е навика.
Мислам дека е нормално и здраво човек да знае да си се пошегува на сопствена сметка,а луѓето кои не се во состојба да го прават тоа мислам дека имаат проблем,дека ги кочи некоја несигурност,некакви комплекси...

Интересни ми се и оние што се шегуваат и на туѓа и на сопствена сметка,но ако некој друг се пошегува на нивна сметка реагираат како Израелски екстремисти,масакр прават.:icon_lol:Исто,мислам дека и ова не е во ред.

За среќа,се дружам со такви на кои шегувањето на сопствена сметка не им претставува проблем,а и ако ги задевниш не се лутат како да е незнам што,па така секојдневна комуникација ни е незамислива без вакви шеги.
Со оглед на тоа дека ова ми е преминато во навика,мислам дека би ми било многу глупо да се дружам со лутковци кои немаат смисла за хумор.
 

Marshmallow

◦Kajganaholic◦
Член од
28 март 2009
Мислења
450
Поени од реакции
25
До одредени граници!!!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Итекако знам.
И да ја прифатам шалата, и самата да ја направам, и искрено, онака од срце, да се насмеам на истата.

Лутковците пак...не ме лутат, и ги разбирам. Тие себе се сфаќаат пре-сериозно, и сакаат секој да има слика за нив(всушност, најмногу тие сакаат да имаат слика за самите себе), како за непогрешиви совршенства...А, и тоа ми е смешно, чак и симпатично.
 
P

Princ

Гостин
Исто уживам на заебанција на моја сметка (ако не и повеќе :icon_lol:) како и шега на туѓа сметка. Најважно е да се шегуваме и да имаш здрава смисла за хумор.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Да знам позитивно да се пошегувам со себеси па и со другите.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
па знам да се пошегувам и на моја сметка ама не претерано, иначе не се лутам и многу ме нервираат лутковци т.е. луѓе кои не знаат да примат никаква шала
 
N

nUt

Гостин
најсмешно и најинтересно е шегувањето на сопствена сметка...
јас затоа што не се љутам ама баш за ништо секакви шеги ми се добредојдени (нема граници)....
Сакам кога се шегуваат на моја сметка затоа што можам убаво да си се изнасмеам и ако некој мисли дека со тоа ќе ме навреди или разлути убаво се затнуваат кога ќе видат дека си се смеам самата на себе.. :bip:
 
Член од
30 декември 2008
Мислења
212
Поени од реакции
12
Знам,некои ми викаат и дека претерувам :wink:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Кога започнувам со шегување, започнувам со шега на моја сметка. Со сите што се дружам тоа го знаат. Инаку избегнувам да се шегувам со лутковци од едноставна причина што не сакам да ми го расипуваат расположението. Нив ги знам и со нив не се шалам.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
па искрено правам шеги на моја сметка само за да ги насмеам луѓето околу мене и тое е се ок.. зш сите знаат дека е шега ...и не се лутам се додека .. од шега не стане навреда(има и такви кретени што со шеговит начин навредуваат)
и ако ми прави некој шега што ме навредува нема да се лутам само и јас ќе се шегувам со него на тој начин како тој се шегувал со мене
 

Kajgana Shop

На врв Bottom