Дали затворениците имаат право на збор

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве неколку члена од Законот за извршување санкции:
ДЕЛ ВТОРИ - ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ИЗРЕЧЕНИ ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА
Извршување на казната затвор
Глава III - ОСНОВНИ НАЧЕЛА
Член 37
(1)Целта на извршувањето на казната затвор е оспособување на осудените лица да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот во согласност со закон.
(2)Заради постигнување на целта на извршувањето на казната затвор кај осудените лица се развива чувството на одговорност и се поттикнуваат да го прифатат и активно да учествуваат во третманот за време на извршувањето на казната, мотивиран и насочен кон превоспитување и развивање на позитивните карактерни особини и способности што го забрзува успешното враќање во општеството.
Член 38
(1)При извршувањето на казната затвор мора да се заштити психофизичкиот и моралниот интегритет на осуденото лице и да се почитува човековата личност и достоинство.
(2)Се забранува секој облик на мачење, нечовечно или понижувачко однесување и казнување.
(3)Мора да се обезбедува правото на лична сигурност на осуденото лице и самопочитувањето на неговата личност.
Член 39
Системот на извршувањето на казната затвор се организира така што може во одвоени установи или во одвоени одделенија на одделни установи и групи во нив да се спроведе распоредување, класификација и разместување на одделни категории на осудени лица, за полесно спроведување на различни видови на третман, спречување на меѓусебното штетно влијание на осудените лица и одржување на дисциплината.
Член 40
(1)Осудените лица се распоредуваат во различни установи за извршување на казната затвор и нивната положба и системот на постапувањето се определува врз одредбите на овој закон и во согласност со судската одлука.
(2)Осудените лица од различен пол казната затвор ја издржуваат одвоено.
(3)Осудените лица кои за прв пат издржуваат казна затвор се одвојуваат од осудените лица во поврат.
(4)Казната малолетнички затвор спрема малолетните лица до наполнување на 23-годишна возраст се извршува одвоено од полнолетните лица осудени на казна затвор.
(5)Лицата кои се наоѓаат во притвор се одвојуваат од лицата кои ја издржуваат казната затвор.
Член 41
Во установа за извршување на казната затвор осудените лица се класификуваат според неопходноста за примена на мерки на третман и видот на потребниот третман, нивната возраст, личните карактеристики и други околности од значење за оцена на личноста на осуденото лице.
Член 42
(1)При распоредувањето, класификацијата и разместувањето на осудените лица, мора да се има предвид видот и природата на кривичното дело и степенот на кривичната одговорност.
(2)Министерот за правда со општ акт поблиску ги определува распоредувањето, класификацијата и разместувањето на осудените лица.
(3)Министерот за правда со општ акт ги определува видовите и начините на третман на осудените лица.
Член 43
На младите осудени лица треба да им се обезбедат услови кои, колку што е тоа можно, ќе ги заштитат од штетното влијание на другите осудени лица, како и да им се создадат услови за живот и работа и за културни, спортски и други активности соодветни на нивната возраст.
Член 44
(1)Осудените лица според можностите на установата и со нивна согласност се сместуваат во засебни соби за ноќевање.
(2)Осудените лица ја издржуваат казната затвор по правило групно и се распоредуваат во групи во кои можат да се применуваат мерки на воспитување и превоспитување од ист вид.
Член 45
(1)Осудените лица се должни да се придржуваат кон одредбите на куќниот ред на установата.
(2)Спроведувањето на дисциплината во установата за извршување на казната затвор се остварува строго, но справедливо и со почитување на човековата личност.
(3)Забрането е колективно казнување на осудените лица.
(4)Забранета е употреба на средства на присилба како казна.
Член 46
(1)На осудените лица им се обезбедува здравствена заштита.
(2)Осудените лица не можат да бидат подложени на медицински или други експерименти со кои се нарушува физичкиот, психичкиот и моралниот интегритет на осудените лица.
(3)Согласноста на осудените лица за нивно учество во експериментот од ставот (2) на овој член не ја исклучува одговорноста на лицето кое тоа го дозволило.
Член 47
(1)На осудените лица треба да им се овозможи работа која ќе биде корисна и соодветна на начинот на нејзиното вршење на слобода. Постигнувањето на економска корист не смее да биде единствена цел на работата.
(2)Со работата осудените лица се здобиваат и ги развиваат работните навики, ги одржуваат работните способности и се стекнуваат со стручно знаење за работа на слобода.
(3)Од осудените лица не смее да се бара да вршат работи што се опасни и штетни за нивното здравје.
(4)Работното време мора да биде соодветно со работното време на слобода.
Член 48
За поднесоците, службените дејствија и одлуките донесени во врска со примената на одредбите на овој закон осудените лица не плаќаат такса.
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
9
Поени од реакции
1
Ми треба ваши мислења, а не закони. Инаку ви благодарам
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ми треба ваши мислења, а не закони. Инаку ви благодарам
А што да кажам...
Затворениците имаат право на глас - но немаат слобода.
Веројатно сите ќе се изненадите, но мене не ми се допаѓа ова казнување со затвори. Слободата е основно човеково право
Повеќе ми се допаѓаат парични казни.
За крадење двојно поголема сума
За лихварство четирипати поголема сума
( ова се казни - плус да ја надомести штетата )
 
WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292

А за убиство? Уби му 5 члена од семејство. За педофилија, силувај му ги децата или било некои други млади членови од фамилијата. Неможе тоа така. Плус некој нема пари да плати толкава казна. Што ќе му правиме? Во затвор се ставаат луѓе кои се опасни за околината. ;)
 
2

~2A

Гостин

Јас повеќе би бил.... според она знајш, "око за око, заб за заб"

Доколку некој некого убие, убиениот исчезнува засекогаш. Убиецот кога-тогаш излегува од затвор, затоа ми е малце онака како да речам не е рамномерна тежината на "казната".
 
Знам и јас така сум размислувал, ама пак нема да биде фер. Замисли тебе те наместат и те осудат за убиство? Одма да те убијат. Вака со затвор ќе поднесеш жалби до судови и слично, па може некогаш ќе се извлечеш.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Јас повеќе би бил.... според она знајш, "око за око, заб за заб"

Доколку некој некого убие, убиениот исчезнува засекогаш. Убиецот кога-тогаш излегува од затвор, затоа ми е малце онака како да речам не е рамномерна тежината на "казната".
Осудениот не МОРА никогаш да излезе од затвор. Токму затоа, на пример во САД, се изрекуваат казна затвор во траење од 1000 години или виновниот е осуден на издржување 4 доживотни казни.
 
O

Orion.

Гостин
Дали си сигурен? Елаборирај.
Ако не губиш, тогаш сум поприлично сигурен дека имаш ограничена деловна способност.
Not sure tho, you tell me.
Изрекувањето на казна затвор сама по себе нема никакво дејство врз деловната способност на осудениот. Доколку пак кај осуденикот постојат причини за одземање на деловната способност согласно законот за вонпарнична постапка (причини кои влијаат на душевната состојба на лицето), тогаш може да му биде одземена деловната способност. Дали ќе му биде целосно или делумно одземена деловната способност зависи од оценката на судот, а врз основа на степенот на интензитет на причината за одземање и како таа влијае врз способноста за расудување на лицето на кое му се одзема
--- надополнето: 17 декември 2013 во 21:00 ---
Осудениот не МОРА никогаш да излезе од затвор. Токму затоа, на пример во САД, се изрекуваат казна затвор во траење од 1000 години или виновниот е осуден на издржување 4 доживотни казни.
И во Македонија, доколку е осуден доживотно
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
А за убиство? Уби му 5 члена од семејство. За педофилија, силувај му ги децата или било некои други млади членови од фамилијата. Неможе тоа така. Плус некој нема пари да плати толкава казна. Што ќе му правиме? Во затвор се ставаат луѓе кои се опасни за околината. ;)
Претпоставував дека ќе го поставите ова прашање - какви казни за тешки кривични дела?
Знам дека сите повторно ќе ме осудите, затоа кратко ќе кажам
Според Законите на дванаесете таблици
http://www2.fh-augsburg.de/~Harsch/Chronologia/Lsante06/Lsante05/LegesXII/leg_text.html
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.236
Поени од реакции
5.159
Здраво. Оваа тема ја имаме на дебата дали затворениците имаат право на збор. Ми требаат ваши мислење. Ви благодарам однапред.:)

Lel, девојче моменталната состојба у државичево е дека никој нема право на збор а не па затворениците.
 
WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Претпоставував дека ќе го поставите ова прашање - какви казни за тешки кривични дела?
Знам дека сите повторно ќе ме осудите, затоа кратко ќе кажам
Според Законите на дванаесете таблици
http://www2.fh-augsburg.de/~Harsch/Chronologia/Lsante06/Lsante05/LegesXII/leg_text.html
Сѐ разбрав.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Изрекувањето на казна затвор сама по себе нема никакво дејство врз деловната способност на осудениот. Доколку пак кај осуденикот постојат причини за одземање на деловната способност согласно законот за вонпарнична постапка (причини кои влијаат на душевната состојба на лицето), тогаш може да му биде одземена деловната способност. Дали ќе му биде целосно или делумно одземена деловната способност зависи од оценката на судот, а врз основа на степенот на интензитет на причината за одземање и како таа влијае врз способноста за расудување на лицето на кое му се одзема
--- надополнето: 17 декември 2013 во 21:00 ---

И во Македонија, доколку е осуден доживотно
Со таа разлика што во Македонија нема казна доживотен затвор без право на помилување, па поради тоа нема ни гаранција дека осудениот навистина доживонтно ќе остане во затвор независно што веќе му била изречена казна доживотен затвор.
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
9
Поени од реакции
1
А вие што мислите дали треба затворениците да имаат право на збор на глас во општеството?
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
А вие што мислите дали треба затворениците да имаат право на збор на глас во општеството?
Дај бе не кружи како киша око Крагујевца и прашај си директно што те интересира....
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.914
Поени од реакции
1.424
Мислам дека деловното право се одзема кога некој е во затвор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom