Дали затворениците имаат право на збор

Член од
11 декември 2013
Мислења
9
Поени од реакции
1
Здраво. Оваа тема ја имаме на дебата дали затворениците имаат право на збор. Ми требаат ваши мислење. Ви благодарам однапред.:)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Здраво. Оваа тема ја имаме на дебата дали затворениците имаат право на збор. Ми требаат ваши мислење. Ви благодарам однапред.:)
Ајде малку поопширно објасни се. Што подразбираш под “имање право на збор“?

Сите останати за несоодветни коментари ќе си добиете соодветен бан од тема.
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
9
Поени од реакции
1
Јас мислам дека е јасно прашањето. Дали затворениците имаат право на збор. И дали треба да имаат. Се мисли дали треба да се слушаат нивните мислења во врска со некоја тема, за која се опфатени? :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Јас мислам дека е јасно прашањето. Дали затворениците имаат право на збор. И дали треба да имаат. Се мисли дали треба да се слушаат нивните мислења во врска со некоја тема, за која се опфатени? :)
Каде? Во затворот или на фејзбук?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Здраво. Јас мислам дека ти сакаш да ти ја напишеме домашната задача.
Најверојатно ќе се најдеше некој да го направи токму тоа, само да напишеше малку пообемен вовед наместо со пар реченици.

Но пишување на вовед на темата што ја отвараш, се разбира, се коси концептот на незамарање (и мрзливост).
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
9
Поени од реакции
1
Грешиш не би беше тоа целта. Туку сакав да слушнам ваши мислења
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас мислам дека е јасно прашањето. Дали затворениците имаат право на збор. И дали треба да имаат. Се мисли дали треба да се слушаат нивните мислења во врска со некоја тема, за која се опфатени? :)
Каде?
Во затворот, во општеството генерално?
Напиши 5-6 реченици во врска со темава, во спротивно ќе заврши во канта.
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
9
Поени од реакции
1
Значи вака.Се мисли дали имаат збор во општеството. На пример ако се бира премиер во државата дали треба да имаат право глас. Ако се донесува некоја одлука со која се тие поврзани дали треба да се слушаат гласовите на слободните граѓани или пак гласовите на затворениците. Или попросто кажано дали треба да се почитуваат нивните мислења, нивните ставови...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Секако треба да имаат право на збор, зошто и тие се луѓе како и сите оние кои се надвор од затворот. А за тоа што згрешиле затворот и измачувањето во него им е казна ( секако има исклучоци.... оние кои се во затвор, а живеат како да се на одмор во Дубаи) :)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Губиш деловна способност коа си у затвор.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Значи вака.Се мисли дали имаат збор во општеството. На пример ако се бира премиер во државата дали треба да имаат право глас. Ако се донесува некоја одлука со која се тие поврзани дали треба да се слушаат гласовите на слободните граѓани или пак гласовите на затворениците. Или попросто кажано дали треба да се почитуваат нивните мислења, нивните ставови...
Секако дека имаат право на глас. Дури и кога се во затвор, тие се граѓани на Република Македонија и имаат право како секој од нас да го дадат својот глас за изборот за кој тие мислат дека е најсоодветен. Зошто да немаат? Луѓето се луѓе. Човечките права (а правото на глас и слобода на мисла се човечки права) се еднакви, недделиви и неотуѓиви, без разлика на тоа дали тие луѓе се во затвор или не.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не губиш деловна способност кога си во затвор.

Дали си сигурен? Елаборирај.
Ако не губиш, тогаш сум поприлично сигурен дека имаш ограничена деловна способност.
Not sure tho, you tell me.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Значи вака.Се мисли дали имаат збор во општеството. На пример ако се бира премиер во државата дали треба да имаат право глас. Ако се донесува некоја одлука со која се тие поврзани дали треба да се слушаат гласовите на слободните граѓани или пак гласовите на затворениците. Или попросто кажано дали треба да се почитуваат нивните мислења, нивните ставови...
Ако ти треба во врска со факс или како истражување, најди книги од проф. Љупчо Арнаудовски и проф. Слободанка Тодороска - Ѓурчевска, двајцата имаат добра литература за Пенологија. Во склоп на таа наука се опишани казнено поправните установи, историски развој на пенетенцијарните системи, како и положбата на затворениците и со кои закони и конвенции се штитат. Симни си го и Законот за извршување на санкциите, таму имаш за правата и обврските на затворениците. Прегледај ја и Европската конвенција за заштита на човековите права.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom