- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Еве неколку члена од Законот за извршување санкции:
ДЕЛ ВТОРИ - ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ИЗРЕЧЕНИ ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА
Извршување на казната затвор
Глава III - ОСНОВНИ НАЧЕЛА
Член 37
(1)Целта на извршувањето на казната затвор е оспособување на осудените лица да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот во согласност со закон.
(2)Заради постигнување на целта на извршувањето на казната затвор кај осудените лица се развива чувството на одговорност и се поттикнуваат да го прифатат и активно да учествуваат во третманот за време на извршувањето на казната, мотивиран и насочен кон превоспитување и развивање на позитивните карактерни особини и способности што го забрзува успешното враќање во општеството.
Член 38
(1)При извршувањето на казната затвор мора да се заштити психофизичкиот и моралниот интегритет на осуденото лице и да се почитува човековата личност и достоинство.
(2)Се забранува секој облик на мачење, нечовечно или понижувачко однесување и казнување.
(3)Мора да се обезбедува правото на лична сигурност на осуденото лице и самопочитувањето на неговата личност.
Член 39
Системот на извршувањето на казната затвор се организира така што може во одвоени установи или во одвоени одделенија на одделни установи и групи во нив да се спроведе распоредување, класификација и разместување на одделни категории на осудени лица, за полесно спроведување на различни видови на третман, спречување на меѓусебното штетно влијание на осудените лица и одржување на дисциплината.
Член 40
(1)Осудените лица се распоредуваат во различни установи за извршување на казната затвор и нивната положба и системот на постапувањето се определува врз одредбите на овој закон и во согласност со судската одлука.
(2)Осудените лица од различен пол казната затвор ја издржуваат одвоено.
(3)Осудените лица кои за прв пат издржуваат казна затвор се одвојуваат од осудените лица во поврат.
(4)Казната малолетнички затвор спрема малолетните лица до наполнување на 23-годишна возраст се извршува одвоено од полнолетните лица осудени на казна затвор.
(5)Лицата кои се наоѓаат во притвор се одвојуваат од лицата кои ја издржуваат казната затвор.
Член 41
Во установа за извршување на казната затвор осудените лица се класификуваат според неопходноста за примена на мерки на третман и видот на потребниот третман, нивната возраст, личните карактеристики и други околности од значење за оцена на личноста на осуденото лице.
Член 42
(1)При распоредувањето, класификацијата и разместувањето на осудените лица, мора да се има предвид видот и природата на кривичното дело и степенот на кривичната одговорност.
(2)Министерот за правда со општ акт поблиску ги определува распоредувањето, класификацијата и разместувањето на осудените лица.
(3)Министерот за правда со општ акт ги определува видовите и начините на третман на осудените лица.
Член 43
На младите осудени лица треба да им се обезбедат услови кои, колку што е тоа можно, ќе ги заштитат од штетното влијание на другите осудени лица, како и да им се создадат услови за живот и работа и за културни, спортски и други активности соодветни на нивната возраст.
Член 44
(1)Осудените лица според можностите на установата и со нивна согласност се сместуваат во засебни соби за ноќевање.
(2)Осудените лица ја издржуваат казната затвор по правило групно и се распоредуваат во групи во кои можат да се применуваат мерки на воспитување и превоспитување од ист вид.
Член 45
(1)Осудените лица се должни да се придржуваат кон одредбите на куќниот ред на установата.
(2)Спроведувањето на дисциплината во установата за извршување на казната затвор се остварува строго, но справедливо и со почитување на човековата личност.
(3)Забрането е колективно казнување на осудените лица.
(4)Забранета е употреба на средства на присилба како казна.
Член 46
(1)На осудените лица им се обезбедува здравствена заштита.
(2)Осудените лица не можат да бидат подложени на медицински или други експерименти со кои се нарушува физичкиот, психичкиот и моралниот интегритет на осудените лица.
(3)Согласноста на осудените лица за нивно учество во експериментот од ставот (2) на овој член не ја исклучува одговорноста на лицето кое тоа го дозволило.
Член 47
(1)На осудените лица треба да им се овозможи работа која ќе биде корисна и соодветна на начинот на нејзиното вршење на слобода. Постигнувањето на економска корист не смее да биде единствена цел на работата.
(2)Со работата осудените лица се здобиваат и ги развиваат работните навики, ги одржуваат работните способности и се стекнуваат со стручно знаење за работа на слобода.
(3)Од осудените лица не смее да се бара да вршат работи што се опасни и штетни за нивното здравје.
(4)Работното време мора да биде соодветно со работното време на слобода.
Член 48
За поднесоците, службените дејствија и одлуките донесени во врска со примената на одредбите на овој закон осудените лица не плаќаат такса.