Дали живееме во сегашноста?

Член од
20 октомври 2007
Мислења
29
Поени од реакции
0
живеам во сегашноста со мислите во иднината
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
за жал живеам во минатото...ама не треба..
постојано се навраќам на спомени од детството на пример....на убави работи.... знам дека треба само да се потсеќаш на нив..ама не и да живеам...вака ми рече еден бато...(си знае кој е)
и тагувам што никогаш нема да се вратат...и постојано се обидувам да ги "доживеам" повторно.. по некои предмети, слики, местата каде што сум ги доживувала, ама баш секоја ситница кои ќе ми придонесе што повеќе да се сетам на тој момент....
не живеам во сегашноста...сакам...ама изгледа не знам како...
не можам да се одделам од минатото....
живеам во минатото... и ја пропуштам сегашноста.... :(
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Ziveeme vo segashnosta, se sekavame na minatoto, a mislime na idninata
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Potrebno ni e minatoto zaradi idninata za da ziveeme dobro vo segasnosta.
 

Black LiLy

Her Majesty, My Queen, HIP-HOP
Член од
5 ноември 2007
Мислења
109
Поени од реакции
3
Живеам во минатото заради прекрасните спомени.
Живеам во сегашноста за да сонувам за иднината.
Живеам во иднината за да го сфатам животот.
Прекрасно е да се знае да се поминува некое време во сите три.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Дали живееме во сегашноста?
Дали можеби со постојаните мисли за нешто што ни се случило и сме направиле или што треба да ни се случи и да направиме, на некој начин постојано живееме во и со минатото или иднината?

М?:pusi:
Да научиш да живееш во сегашноста значи да се стекнеш со еден мудар квалитет од особина. Ама, според начинот на кој е поставено прашањето следува заклучок дека сегашноста е всушност само пресекот од нашите мисли за иднината и минатото. И тоа е она што ние го правиме во сегашноста или мислиме на иднината или на минатото. Горното поставено на една поширока основа без дефинирање на временските дистанци. Без да дефинираме грубо иднина или минато да останиме со мислите во сегашноста значи да сме грубо сконцентрирани на определена задача ама пак тоа може да трае според некои научни убедувања не повеќе од 45 минути. Потоа нашите мисли ке избегаат... Подолготрајно живеење во мислите само во минатото или само во иднината (за ова треба поголема креативност) треба да се должи на некакво психолошко пореметување или патологија (тука не навлегувам).
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Порано живеев многу во минатото,а сега не барем толку многу.Се сеќавам на минатото и копнеам по некои работи,но откако сфатив и увидов некои работи продолжив да живеам во сегашноста во која си ја создавам иднината.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Minato treba da ni sluzi za primer za podobro ziveeni utre, vo idninata.
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
минатото не прави тоа што сме денес,а сегашноста не прави тоа што ќе бидеме во иднина.може да живееме со минатото а да живеме во него???
каде е реалноста?:smir:
 
С

Сатори

Гостин
Живеам во минатото заради прекрасните спомени.
Живеам во сегашноста за да сонувам за иднината.
Живеам во иднината за да го сфатам животот.
Прекрасно е да се знае да се поминува некое време во сите три.
Токму така!
Никој не може да се ограничи од прелевање од едниот до другиот временски период, пред се затоа што сите имаме минато на кое се сеќаваме повремено, имаме сегашност која мораме да ја живееме и имаме иднина на која мислиме.

Животот сам по себе е лего-коцка составена од тие погоре, нема бегање од ниту едно од нив.
А како што кажа Самовилата, прекрасно е да се живее со сите три.
:smiz:

минатото не прави тоа што сме денес,а сегашноста не прави тоа што ќе бидеме во иднина.може да живееме со минатото а да живеме во него???
каде е реалноста?:smir:
Некаде помеѓу горе споменатите! :plet:
 

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Живеам денес, сега, овде.....минатото е минато, иако порано многу често беше составен дел скоро секоја моја одлука, со тек на време сватив дека треба да се користи само како емпириско нешто, а не тоа да биде двигател на одлуките. На иднината несомнено треба да се мисли, оние кои живеат од денес за утре во буквална смисла на зборот, често се губат кога ќе дојде момент да се донесе одлука која не се однесува на непосредното ,,утре,,.

Минатото служи за спомени, иднината за определување на животот и своето ,,јас,, како комплетна личност, а сегашноста е онаа која е најреална и нелицемерна. Секоја сегашност е единствена и посебна, можеби и поради фактот што, на крајот на краиштата, можеби и ќе нема иднина??......Помислувајќи што ако овие мигови ми се последни, решавам да ги изживеам до максимум, овде, сега.......
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Минатото е минато
нека се заборави
би сакал да ти кажам дека сега...

Не е воопшто лесно да го заборавиш минатото. Тоа е дел од тебе со ќе се гордееш, од кој ќе се почувствуваш можеби и засрамен. Тоа е дел од изградувањето на твојата личност и твојот карактер, од она што си сега.
Сега е важен момент. Ја живеме сегашноста, донесуваме одлуки кои ќе влијаат на утре.
Утре е нашата иднина. Живеме за подобро утре, се надеваме на среќа и здравје за да уживаме во благодетите од нашиот труд во минатото. Секој изминат миг е минато, секој нареден е иднина во која треба да вложуваме.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.598
Поени од реакции
13.285
Сегашноста трае колку еден милионитти (?) дел од секундата, така да релативна е сегашноста во теоријата.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Дали живееме во сегашноста?
Дали можеби со постојаните мисли за нешто што ни се случило и сме направиле или што треба да ни се случи и да направиме, на некој начин постојано живееме во и со минатото или иднината?
М?:pusi:
Би сакал да речам дека сегашноста е она кое ме води низ животот. Меѓутоа, минатото е секогаш тука да ме прогонува, терајќи ме од време на време да се навраќам на стари дилеми и проблеми, додека пак иднитата е секогаш тука да ме потегне нанапред, притоа терајќи ме да планирам што понатаму.
Не постои човек кој живее во сегашноста. Постојат само луѓе кои сметаат дека минатото и иднината не се со нив, а не знаат дека секоја постапка во денешницата е последица од минатото. А пак оваа постапка ќе биде причинител на нешто друго во иднината, која еден ден ќе стане минато.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Ако речам дека целосно живеам во сегашноста ќе излажам. Иако оптимално нешто е да се живее во сегашноста, да се користат искуствата од минатото, за да се креира иднината. Пробувам да живеам во сегашноста.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom