МОЖЕ се што треба е да замислите дека сте марсовец кој гледа од вселената кон човештвото и нема никаква допирна точка со него т.е прв пат гледа како светот функционира.
За момент заборавете се што знаете и што сте искусиле затоа што само со чиста празна страница може толку длабоко да навлезете во од фантазијата на вашиот ум. Замислете само што би било кога на секој човек во светот се му е бесплатно, но ограничено, во смисла да не може некој што е алчен да зема повеќе од она што му треба, и под услов да работи било што што тој ке посака, да придонесува во било која област. Пример нека произведува пенкала за да некој што ке има потреба од пенкало да може да си го земе, бесплатно.
Значи бесплатно го даваш својот производ но и бесплатно можеш да земеш било кој друг производ што се произведува на светот но во количина која ти е доволна за задоволување на личните потреби и за потребите на твојата работа, бизнис.
Значи треба да се исполнат неколку услови:
1.
Мораш да работиш и да придонесуваш ,дали со производ или услуга не е битно а бидејки ке избереш да работиш нешто што ке сакаш да го работиш тогаш сигурно ке го дадеш максимумот од својата интелигенција.
2.
Мораш тоа што го работиш/произведуваш да го даваш бесплатно, за да некој друг (кој произведува нешто друго што исто така го дава бесплатно) кој има потреба од твојот производ да може да го добие за да оствари некои свои потреби.
3.
Смееш да земеш било што производ/услуга што некој друг ја произведува било каде во светот.
4. Немаш право за од еден производ или услуга да земааш колку ти ке посакаш туку онолку колку ти е доволно
Четвртово претставува и главниот проблем во системов, ако некој може да го реши ова тогаш се друго е полесно да се направи.
Целта е да се направи затворен круг. Кога секој она што го работи го дава бесплатно тогаш никој нема да има потреба да плаќа за нешто што му треба. Така ке се сруши денешниот реален систем на борба за егзистенција, зборот конкуренција нема да има никакво значење, секој ке може звоите идеи, за некоја нова технологија, нов производ/услуга да си ги оствари и секој ке има изобилие на ресурси, што во суштина се и главниот проблем.
Во суштина на човекот не му требаат пари, на човекот му требаат ресурси, а бидејки денес тие ни се многу ограничени, таков ни е системот во кој живееме, човекот има тенденција да приграбува што повеќе и да чува големи резерви само за него бидејки се плаши од помислата дека ако нема пари нема да живее удобно и нема да има среќен и здрав живот.
Мислам дека решението е во тоа, СЕ ШТО СЕ ИМА ДА СЕ ДАВА БЕСПЛАТНО,дури и знаењето, но тоа мора да го прави секој жив човек што постои на планетата, ако еден почне да забушава целиот систем пропаѓа.
Замислете дека целото човештво функционира како еден организам, како органите на човековото тело, секој си ја знае својата функција, секој го работи она за што е остручен или наменет, и секој зема од другите органи онолку колку што му е потребно за нормална работа. Ако во некој период се создадат клетки кои не функционираат како целината некое си болно ткиво а организмот има добар одбрамбен систем тогаш тој ке ја уништи болеста додека е слаба и ке живее долго,но а ако нема имунитет тогаш болеста се шири и организмот умира.
Скоро невозможно е, но јас попрво би одлучил да размислувам за оној мал дел што е возможен отколку да прифатам дека е невозможно.
И да речеме дека ова профункционирало, што ке се добие од ваквиот систем?
Еве ке го земам за пример Ламборџини, производ кој секој го сака а неколку можат да го имаат.
Ламборџинито во ваквиот систем нема да биде реткост и нема да се смета за нешто недостижно, т.е никој нема да фантазира за него туку штом ке го посака, ке го добие.
. Ова значи дека штом јас ке можам да го имам кога сакам тогаш нема да имам потреба да го поседувам, и постојано да ми биде во гаража, туку ке можам да си го резервирам и ке го возам колку што сакам бидејки се ми е бесплатно значи и бензинот ми е бесплатен, па кога ке ми скурчи ке го вратам од местото кај што сум го земал за некој друг што име желба да си го земе и да го повози одреден период. Значи го зимам, го возам 10 дена на нирбургринг го горам,ми поминува кејфот и го враќам назад, па зимам некоја друга бесна кола и така постојано, додека не испробам се што сакам.
После сакам да имам куќа со одреден стил. Нема проблем тука е архитектот кој работи бесплатно, еве ти куќа со најмодерен дизајн.
Сакам да имам убав мебел, нема проблем столарот бесплатно ке би изработи. Сакам да јадам убава храна одам во ресторан и јадам, сакам убава облека одам во продавница и си зимам облека, сакам 3д телевизор идам зимам, сакам ова сакам она и така се што ке посакам го добивам.
Е сега исто како што јас земам се што ми треба бесплатно а некој друг работи за да ги задоволи моите потреби, така и јас работам за да задоволам потреби на некој друг. Пример јас печам кафе.
Јас морам на секој кој се бави со варење кафе (угостителство)и кој ке дојде кај мене да ми побара одредена количина кафе, да му ја доставам во договорен период, и пак нормално, бесплатно. Ако има потреба од количина поголема од мојот капацитет, нема проблем,бесплатно ке набавам уште една машина од некој што произведува машини за кафе и се ке иде како подмачкано. И така се создава тој затворен круг каде јас мојот придонес за светот го правам преку печењето кафе и секој кој имал потреба од мојот производ а притоа дошол да го побара сум му го доставил за договореното време со најдобар квалитет и светот ми придонесува на мене за се она пак мене што ми е потребно, со најдобар можен квалитет. Во овој систем никој нема страв од банкрот,всушност поимот банкрот не постои, никој нема страв од глад, од немање покрив на глава, од немање било што што ке посака или што му треба.
И што е најбитно, нема да има потреба од економисти и политичари, според мене главните фактори кои го уназадуваат развојот на човештвото.
Не викам дека е совршен концептот но интересен е како една идеја, за размислување и за дискусија. Многу е лесно да кажете дека нешто е невозможно, отколку дека нешто е возможно, сте се запрашале зошто?