Дали е грев да не се верува во господ?

Cheross

COOL BOY
Член од
27 август 2011
Мислења
548
Поени од реакции
381
Ке патите,осудени сте.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Пред кого е грев? Зошто да веруваш во себе? Нели е подобро да се знаеш себе си?
My bad, во право си, не е верување во себе туку знаење на себе.Тоа и мислев да го пренесам ама лошо го пишав. Религиозни гревови не постојат, бидејки религијата е лага, постоиме ние, и живиот свет со планетите и можеби уште нешто што ние сеуште не сме го откриле дека постои.
Гревови постојат само од секојдневниот живот, од нашите одлуки, на пример, ако некој го истепаш без причина, тогаш си грешен, си направил грешка, си носиш грев и треба да бидеш казнет од земниот суд (пошто само тој постои нели, нема вонземен суд) за тоа дело, или ако отпосле се освестиш дека си направил грешка, да се извиниш.
--- надополнето: 28 мај 2012 во 02:36 ---
Ке патите,осудени сте.
Тебе ако те удрам ке те боли одма или откако ке остариш и умреш?
 
Јас друже ако те удрам,сместачки ке се изгубиш од овој свет, т.е. нема да постојш.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Дали е грев да не се верува во господ ? .......... а во кој тоа век живееме моментално ?
Религиите(сите) се една голема лага, религиите се опиум за широките народни маси(рајата) и служат за да го лажат народот и отргнуваат од реалниот живот и реалните проблеми ..... зборам за сите религии подеднакво !
Денеска живееме во демократски и секуларни општества, државата, државните институции и законите се потполно одделени од религијата/религиите, ОК е да бидеш верник(во било која религија), ОК е да бидеш и Атеист, но никој нема право да го наметнува својот концепт и став на другите луѓе, ниту верникот има право да го наметнува својот религиски концепт врз Атеистот, ниту пак Атеистот има право да го наметнува својот Атеистички концепт врз верникот !
Б.Т.В. лично право и право на личен избор на секоја индивидуа е да одлучи дали и во што ќе верува, пред се верата претставува внатрешна/духовна работа, верата не може да се покажува со надворешни/материјални работи у смисол кој ќе направи поголема идолопоклонштина и паганштина е поголем верник ......... нема везе ......... верата е духовна/внатрешна работа, не се покажува со материјални работи: пиење, јадење, носење храна и пијалоци по гробишта, правење на куќни слави секако со многу храна и алкохол, палење на џиновски коледарски огнови .......... тоа се чисти идолопоклонства, паганштини и материјални работи, а верата е исклучиво духовна/внатрешна работа, која неможе да се покаже материјално/надворешно !
Трагично е тоа што нашата вера тотално се унакази во последнава деценија-две, со тие стари пагански и идолопоклонски народски обичаи, идолопоклонства и паганштини ............ незнам овие луѓе што се декларираат како верници, во што всушност веруваат ....... во еден единствен господ(монотеизам), или пак веруваат во разно-разни богови, полу-богови, светци, ангели и.т.н. т.е. ова второво повеќе ми наликува на многубоштво/политеизам, секако украсено со многу паганштини и идолопоклонства !
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Како може да е грев ако не постои Господ :ROFLMAO:
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.410
Поени од реакции
4.310
Религиите се убава и корисна работа. Сите религии учат на убави нешта, нема религија која не го осудува злото. Во секоја религија има ѓавол како олицетворение на злото и бог како олицетворение на доброто и сите учат дека треба да се почитува бог (доброто) а да се бориме против ѓаволот (злото). Во религиите има многу корисни духовни работи а исто така има и корисни, практични работи за секојдневниот живот. Лошо е кога религиите се толкуваат погрешно и се злоупотребуваат. Дека религиите се опиум за народот е комунистичко учење и не ми е јасно како религиите го отргнуваат човека од секојдневните проблеми. Мислам дека ако човек е вистински верник на било која религија, живее според начелата на неговата религијата, тој неможе да биде лош а и самиот ке има помалку проблеми во животот и со истите ке се справува многу полесно. Секој има право да верува или да не верува и точно е дека вербата пред се е духовна работа и внатрешно доживување на индивидуата но тоа внатрешно доживување секако дека самото ке доведе и до негова надворешна манифестација во смисла на добри дела и примерен живот.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644

Религиите се убава и корисна работа? Не се залажувај.
Зарем сакаш да кажеш дека ти е потребно некој да ти каже што е добро а што лошо. Употреби ја сопствената свест и логика и одма знаеш што е лошо а што добро.
Или сето то е вклопено во една поговорка на Конфучие: Нему го прави на другиот тоа што не сакаш да ти го прават тебе. Што повеке ти треба обичен смртник ги вклопил сите заповеди во една проширена реченица и тоа некои 400 години пред Исус.
Понатаму ДА религиите го отргнуваат човекот од барање на решенија на своите проблеми со самото тоа што дефинираат семокен ентитет. Со тоа кажуваат биди пасивен, давај ни ги на нас парите и можда ке добиеш помош која ако си го вклучел мозокот на почеток и не би ти била потребна. Место да ти кажат биди присутен овде и сега не живеј во минатото и не сонувај за иднината.
И ДА религиите се опиум за народот а тоа не е комунистичко размислување туку на Наполеон:
Religion is excellent stuff for keeping common people quiet.

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Религиите се убава и корисна работа. Сите религии учат на убави нешта, нема религија која не го осудува злото. Во секоја религија има ѓавол како олицетворение на злото и бог како олицетворение на доброто и сите учат дека треба да се почитува бог (доброто) а да се бориме против ѓаволот (злото). Во религиите има многу корисни духовни работи а исто така има и корисни, практични работи за секојдневниот живот. Лошо е кога религиите се толкуваат погрешно и се злоупотребуваат. Дека религиите се опиум за народот е комунистичко учење и не ми е јасно како религиите го отргнуваат човека од секојдневните проблеми. Мислам дека ако човек е вистински верник на било која религија, живее според начелата на неговата религијата, тој неможе да биде лош а и самиот ке има помалку проблеми во животот и со истите ке се справува многу полесно. Секој има право да верува или да не верува и точно е дека вербата пред се е духовна работа и внатрешно доживување на индивидуата но тоа внатрешно доживување секако дека самото ке доведе и до негова надворешна манифестација во смисла на добри дела и примерен живот.
Да да гледам секојдневно околу мене колку многу луѓето кои глумат верници претераа да прават добри дела и имаат ептен примерен живот ! :facepalm:
Абе пријателе каква врска има религијата со правењето на добри дела, на пр. мене зарем треба религијата да ми укаже на тоа, божем јас самиот не го знам тоа .......... иако сум Атеист повеќе им имам помагано на луѓето од било кој рандом верник ........... и можам да кажам дека имам дури и далеку попримерен и поскромен живот, отколку било кој рандом верник, тоа ти го гарантирам !
Пак ќе кажам ОК е да бидеш верник, но да бидеш вистински верник, а верата е внатрешна/духовна работа, неможе да се манифестира со материјални/надворешни работи, помагањето на луѓето во невоља е веќе чиста етика и тоа нема врска со религиските учења ......... моралот и етиката се основни постулати на човештвото, на луѓето не им требаат религиите за да им солат памет што и како да прават ............ сите ние без разлика дали сме верници или Атеисти знаеме што е добро, а што е лошо, немора тоа да ни го кажува религијата ........ многу добро знам што се негативитети, забранети и казниви работи(со закон) и многу добро знам што се добри, корисни и хумани работи, нема потреба да ја читам библијата за да научам што е добро, а што лошо !
Б.Т.В. Реално да збориме постојат негативци и Атеисти и верници, а исто така постојат и позитивни личности и Атеисти и верници, значи сепак се си зависи од самиот човек и неможе да се генерализираат работите во смисол сите верници се такви и такви, а сите Атеисти се вакви и вакви !
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Религиите се убава и корисна работа. Сите религии учат на убави нешта, нема религија која не го осудува злото.
Е нели бог ќе прости на секој што ќе се покае?
Тогаш убијците си викаат ај уште овој да го отепам па ќе се каам, ај уште овој, или ај уште месецов. Каде е тука убавата и корисната работа?

пс: Ти сам незнаеш што е добро, што е зло?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Во секоја религија има ѓавол како олицетворение на злото и бог како олицетворение на доброто и сите учат дека треба да се почитува бог (доброто) а да се бориме против ѓаволот (злото).
Чек сега нешто да те прашам: библија имаш отворено? ОК е што библијата те учи да го почитуваш бог, ама добро my ass, бог во библијата има направено толку геноциди што сите диктатори собрани заедно не му се ни блиску. Богот од библијата бара од луѓето да си ги убиваат децата за него, да ги дадат ќерките да им бидат силувани, да каменуваат вакви или онакви престапници...

Тој Бог е олицетворение на доброто?

Се прашувам што е тогаш лошо... o_O
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986

.

Без СЛОВОТО БОЖЈЕ (Христос) - за Кого прекрасно сведочи и Библијата - никогаш никој неможел, нити пак ќе може даГо разбере Единствениот Вистинскиот и Совршен БОГ!

.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Без СЛОВОТО БОЖЈЕ (Христос) - за Кого прекрасно сведочи и Библијата - никогаш никој неможел, нити пак ќе може да го разбере Единствениот Вистинскиот и Совршен БОГ!
Камо црвени фонтои бе? Почна и ти да забушаваш...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
.

Без СЛОВОТО БОЖЈЕ (Христос) - за Кого прекрасно сведочи и Библијата - никогаш никој неможел, нити пак ќе може да го разбере Единствениот Вистинскиот и Совршен БОГ!

.
Што да ти одговорам сега?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom