ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Mислам дека е време ОКТА да се обвини за смртта на десетици илјади Македонци поради неисполнување на обврски од договор за кој мора да се платат најмалку 100 милиони евра од Македонскиот буџет.Значи да заиграме малку и на нивната карта па владата да покрене обвинение против ОКТА за загадување на околината со директни и смртни последици кон граѓаните а секако и енормниот број заболувања за кој треба да се платат чинам поголеми репарации од 100 милиони евра.
Бојкот на Окта
"Хеленик петролеум", грчкиот газда на Окта, за еден месец да го повлече барањето за отштета од македонската Влада во спротивно ќе ги повикаме граѓаните да ги бојкотираат нафтените деривати произведени во скопската рафинерија, се закани вчера здружението на граѓани за заштита на монополските услуги "Демос". Членовите на оваа организација ќе побараат од Владата одобрение со кое би се овозможило на сите сопственици на бензиски пумпи во земјава слободно да увезуваат нафтени деривати. Владиниот портпарол Ивица Боцевски, вчера, уште еднаш потсети дека до крајот на месецов ќе почнат преговорите со грчките газди околу отштетата што Македонија треба да ја плати на Окта, откако и го укина ексклузивитетот во бизнисот со нафтени деривати.
- Граѓаните не се должни да ги плаќаат последиците на спорниот договор меѓу Хеленик Петролеум и македонската Влада. Отштетата е предвидено да се плати од буџетот, што ќе значи помалку пари за образованието, здравството, стечајните работници, инвалидизираните лица, за културата и слично - реагираат од "Демос".
Според Здружението, македонските граѓани трпат штета од монополската позиција на Рафинеријата "Окта" и поради загадувањето на средината, но и поради неквалитетно произведената нафта и оштетување на илјадници бош пумпи.