Дали директноста е непристојна?

Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
За мене не е непристојно да се биде директен, зашто и јас спаѓам во таквите луѓе. Подобро искрен непријател, отколку лажен пријател велат...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
без навреда крејзи ама има некои кои не сваќаат што сака да им каже другата страна индиректно која не ретко кажува :ама змц штрц па добро у право си
Има некогаш ситуации каде што треба да ги отераш у пм некои

И сеа дрвење одоколу некогаш е знак на немање храброст и улижавање
(но не секогаш)
Е па ако не сфаќа некој индиректно, тогаш преоѓаш директно. :) Ама сепак треба да се внимава на пристапот, не треба грубо да се настапува, особено ако е нешто сериозно.

А дрвење од околу не би рекла дека е улизување. Немање храброст за директност, да - се согласувам, но не е улизување.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Зависи до личноста на која се кажува вистината, како таа тоа го прифаќа.

Јас прифаќам искреност. И сметам дека нема да си непристоен ако ми кажеш твое искрено мислење директно. Би се навредила повеќе ако ме лажеш.

Ако некој се навредува и ме смета за непристојна што јас искрено му кажувам критика ете нека е, мене ми е баш гајле. Тој губи што не ја увидува реалноста веднаш, не сум јас виновна. Кога тогаш ќе свати дека сум била во право. Па и да не свати нека си живее во свој свет. Јас моето сум си го кажала и сум била искрена.
Зашо би се навредил ако ме лажеш? Ако ме лажеш онда не те ценам, а воопшто не ме интересира шо ќе кажат луѓето шо не ги ценам.
Од друга страна, ако си искрена и ми кажеш дека сум грд, нема да се замарам, со оглед дека знам, ако ми кажеш дека сум глуп, нема да се замарам со оглед дека ме лажеш, ако ми кажеш директно дека иам некоја флека на кошуља, ќе се навредам МНОГУ, освен, ако си стварно креативна, тек тогаш ќе се заљубам..

Али тоа сум ја :) Сите сме различни [абе ај?] не реагираат сите исто на иста ствар :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Премногу сум директна,а некогаш можеби и непристојна.
Се што мислам сакам да си го кажам,па кој како сака така нека ме разбере.Мразам да вртам од околу.....како мачка околу глушец.
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Тенка е многу таа линија.... зависи од многу околности дали да се каже таа "бела лага" и да се заштитат чувствата на некој што ни е мил или пак без разлика на тоа да се одржува некој наш принцип вистинита и ништо освен вистината.

Лично би оправдал таква лага.... сум бил доста директен и искрен за неколку деликатни теми со пријатели... и на крајот само сум ги оддалечил од мене а све друго останало исто.... затоа едноставно ако личностите мили до мене мислат дека фризурата им е супер кој сум јас да ги убедам во спротивното.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Ја не ја сметам директноста за непристојна него напротив ептен ја почитувам. Али затоа па мислам дека повеќето и не ја сакаат толку и баш така за непристојна ја сметаат. Мислам.. Ја сум секад директна и по себе гледам дека многу луѓе ме мразат ради тоа. Си кажувам како што мислам, како што е и редовно ако не коментар добивам промена на понашање и луѓето м исе чудат. Мислам незнам зашто али иам добиено впечаток дека кај нас луѓето воопшто не ја ни ценат директноста.. Ги боли и им смета и баш непристојно им звучи. Мислам тоа е тоа ја појше ја ценам и таква сум каква што сум али баш ко што кажав многу луѓе и ме мразат ради тоа и јадат гомна после као дрска, безобразна, ваква таква али шо да им праам. Колку и да ми е мене тоа некад минус за остварување контакти со луѓето и за комуникација ја си ја сакам директноста и си ја практикувам.. Неможам ако не го кажам мене ќе ми тежи нештото. И мислам колку и луѓето да праат да не е така таа теорија нивна дека е непристојна или незнам каква директноста им е нив минус. И ми се некако тапа фаци тие луѓе па не ми ни требаат. Незнам мај опинион гејски ми е скроз да преќутуем.. Мислам ако ти кажам што мислам ваљда ти давам дознаење дека чим се замарам со тоа и се замарам да стигне до тебе колку толку ми играш улога у животот а сеа ако некој тоа не го разбира престанува да игра било каква улога у мојата претстава. ајд
 
R

RAYTHEON23

Гостин
директноста се цени....но важен е начинот на кој ке го искажеме нашето мислење,
значи без интенции да навредиме некој или пак ако веке треба да се каже нека биде фејс2фејс.
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Непристојна е. Треба секогаш да се пази што се зборува и како се зборува спрема секој човек, со цел да не ја повредиш неговата личност. Макар што некогаш недиректните постапки многу повеќе можат да повредат некој од колку директните, но како и да е не е пожелна многу директноста. Барем од лично искуство.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Во директноста поаѓаме од себе ,значи треба да бидеме внимателни во искажувањето .Зависи и од сериозноста на тоа за кое сакаме да се искажеме . На пример, нема што да се заобиколува ако не ни се допаѓа фризурата ,ама ќе додадеме , сепак најважно е тебе да ти се допаѓа . Но кога се работи за некоја особина ,тука треба да сме многу внимателни и да дадеме резерва дека тоа наше мислење и не мора да е апсолутна вистина .Јас лично ја претпочитам директноста но во релативна форма .
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ич не е непристојна. Секогаш сум директен, без разлика на нештата. Можеби тоа ми е негативна страна, знам да ја стресам вистината директно во непогоден момент, ама таков сум. Некој ако се лути од мојата директност, неможам да му помогнам. А исто очекувам да сите околу мене да бидат директни кон мене. Мразам кога некој тупи, врти околу додека да дојде до она што сака да го каже.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Не. Коректната директност е пожелна во комуникација. Ние луѓето кажаните нешта си ги разбираме како ни одговара, затоа директно и голо кажување на нештата е превенција од недоразбирања кои понатака доведуваат до непријатни ситуации. Шо подиректно, тоа поубаво.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.229
Поени од реакции
6.710
Mn. e blisku...Zavisi na nacinot na koj ke kazeme. Jas sum iskren i se kazuvam direktno,bez zalazuvanje i mnogu pati taa direktnost mi se ima udreno direktno od glavata
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не во никој случај. Ако особата со било кого не е сериозна и не е дирекнта тогаш таа не се води според своите гледишта и ставови и е препуштена на останатите. Во никој случај и пред никого не треба човек да биде затворен. Секако постои некој пример со авторитет над сите нас но сепак сите сме луѓе според мене лошо е да се зависи и да се биде потчинет кон некого.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Прво, многу се ретки оние кои се толку директни. За тоа треба посебна способност која како што веќе кажав ја поседуваат многу малку.
Е сега, за да не биде дека јас си се фалам себе, ќе напоменам дека за некои работи сум навистина директен, меѓутоа во глобала секогаш размислувам како да ги склопам работите кои сакам да ги кажам. И да, на тој начин малку заобиколувам од она кое е вистинското што сакам да го искажам.
А тоа не значи дека заобиколувањето е лижење гз. Тоа е само еден поблаг вид на директноста.
Тоа е како да имаме избор помеѓу директен пат преку планината или подолга обиколница околу целото подножје. Директниот пат е пострмен и носи повеќе опасности, а обиколницата иако е поблага и не толку сурова, одзема многу од времето. Како и да е, по кој пат и да тргнеме стасуваме до целта.
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
Сите знаеме луѓе што го кажуваат директно тоа што го мислат и исто така знаеме дека многумина тоа го сметаат за непристојност.

Дали овие два поими можат да се изедначат?
Дали вие некогаш сте биле окарактеризирани како непристојни само затоа што сте го кажале директно тоа што го мислите?
Дали секогаш треба убаво да го “спакуваме“ зборот пред да го кажеме?

Пристојноста би требало да ја има во директноста ама кога треба да бидеш директен за нешто што нема да му се допаѓа на соговорникот во негови очи и колку да сте се труделе да бидете пристојни сте непристојни и дрски.

Секогаш се трудам да му укажам на секого со добар муабет што ми се свиѓа што не,искрена и директна сум максимално и секогаш,ама срце не ми дава да бидам и лоша кога сум директна затоа секогаш го ублажувам кажаното што би требало да изгледа лошо.Сеедно како е кажано сум дирекна и сакам да бидат директни со мене па макар и тоа да е непристојно,подобро еднаш непристојно одколку цело време да живеам во заблуда ...:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom