Дали господ го создал човекот, или човекот го создал господ?

Дали господ го создал човекот, или човекот го создал господ?


  • Вкупно гласачи
    236

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не е контрадикторно. Бог не настанува. Бог постои. Затоа и е дефиниран како Бог - затоа што вечно постои.
Токму така.

Да дообјасниме:

„Господ„=„Господ(ар) над се‘ што е од Него створено, односно Бог е над своите творби, по вертикална хиерархија.

„Бог„=„неограничена способност„ односно „Бог„=„Се‘ опфаќам, се‘ осознавам, низ се‘ продирам„.

Сам Бог себе си се опишува на следниот начин па вели: „Јас Сум„. Така, за Бога Творецот не постои времето „пред„ или „после„ туку постои вечно „сега„.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Дефиниција си е дефиниција. Може да биде логички издржана или неиздржана. Доколку има грешка во логиката ќе прифатам дека е фалична. Инаку, тоа и не е моја туку општоприфатена дефиниција за Бог односно за еден од неговите атрибути. Јас само изведов заклучок дека ако од ништо не може да настане нешто следува дека мора да постои нешто што е вечно постоечко. Доколку гледаш грешка во тој заклучок би сакал да ја чујам.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти како подобро начитан, шо вика Црквата, колку години постои планетава, а колку години постои универзумот?
Вселената и Земјава немаат разлика во „возраста„, затоа што се створени едновремено, „од прва„. Нивната старост се „датира„ на околу 7500г., според црковниот начин на сметање на времето.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Вселената и Земјава немаат разлика во „возраста„, затоа што се створени едновремено, „од прва„. Нивната старост се „датира„ на околу 7500г., според црковниот начин на сметање на времето.
Тие 7500 години преведени во начинот на сметање на времето на нас обичните смртници се еднакви на 7500 години или на нешто друго?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тие 7500 години преведени во начинот на сметање на времето на нас обичните смртници се еднакви на 7500 години или на нешто друго?
Да, тие 7500г. се 7500 човекови години, односно „свртувања„ од Сонцето.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Јака ти е логикава...

Ако продужиш со истава, тогаш ќе речеш и: „А кој го создал создателот на Бог?„.

После тоа ќе следува уште „помудро„ прашање од твоја страна: „А кој го создал оној кој го создал оној кој го создал Бог?„.

И тако даље, и томе слично, а и шире...

Може еден ден ќе ти текне дека не можеш да ги гледаш рабојќето бесконечно нананад, оти во еден момент од тоа минато, напросто мора да пости почеток, а мора да постои и „нешто„ пред самиот почеток. Искуствата и разумот ни велат дека створените нешта немаат свое бесконечно постоње од и во минатото, туку дека имаат свој почеток, битисување и крај.

Но, за да не си ја кршиш гла‘та непотребно, Црквата ја има вистината, но не онаа попут твојата, туку вистината која ни е од Бога објавена, а која (вистина) ни вели дека Бог Е вечен и беспочетен и Он е причината за постоњето на се‘ видливо и невидливо, кои се створени од ништо, ex nihilo.

Без прифаќањето на токму таа вистина, (ти) бесконечно ќе преповторуваш едно и исто прашање: „А кој го створил оној кој го створил...оној кој го створил (периодично)?„.

Па и атеистичките Богоборци ја прифатија измамата дека Светов не постои отсекогаш, туку дека настанал од сингуларитетот, без притоа да кажат од кај се „нашол„ тој сингуларитет “токму таму„, која е причината за неговото „пукање„ и што било пред неговото „постоење„.[DOUBLEPOST=1554510775][/DOUBLEPOST]

А што велат модерните овчари?...
Тие се пастири на стадото...никој незнае кај го водат само се знае дека од тоа добро живеат.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Да, тие 7500г. се 7500 човекови години, односно „свртувања„ од Сонцето.
По која методологија е донесен заклучоков, видел некој дека од тогаш е се настанато или госпо им шепна на избраните?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Ова е еврејскиот концепт на божественост, за кој ти зборуваш наоколу, божественост која „Лидија мома убава од Солун“ прва го прифати како „права вистинска Македонка - православна“ (бидејќи според твоето трапорење се друго е зло), за да сега ти глумиш просветленост и зборуваш глупости насекаде, бидејќи вековите на мракот избришаа многу на овие простори (затоа се симнаа Македонците од магариња 1949та).

Од Македонци станавте секташки расположени, да верувате во нешто туѓо и непознато, поттикнати од еврејските секташки толкувања на Еврејскиот закон.
И сакаш тоа да го сметаме за апсолутна вистина? Да веруваме? :)
Диши...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
По која методологија е донесен заклучоков, видел некој дека од тогаш е се настанато или госпо им шепна на избраните?
Да; Мојсеј видел како е настанат Светов, а Бог им ја објави на одбраните Својата вистина. Така, староста од Светов е проценета според евангелските записи, односно според родословот Исусов, ретроспективно до Адама, плус 2000г. од Новиов Завет.

Туку, што рече, кој вели дека Земјава е стара 4,6 милј. години? Имаш за тоа очевидец или некој се сетил дека му требет што поголема временска цифра?...[DOUBLEPOST=1554629456][/DOUBLEPOST]
Тие се пастири на стадото...никој незнае кај го водат само се знае дека од тоа добро живеат.
Кои се „тие„? Дај прецизирај троа, не вака, „од околу„.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Да; Мојсеј видел како е настанат Светов, а Бог им ја објави на одбраните Својата вистина. Така, староста од Светов е проценета според евангелските записи, односно според родословот Исусов, ретроспективно до Адама, плус 2000г. од Новиов Завет.

Туку, што рече, кој вели дека Земјава е стара 4,6 милј. години? Имаш за тоа очевидец или некој се сетил дека му требет што поголема временска цифра?...[DOUBLEPOST=1554629456][/DOUBLEPOST]

Кои се „тие„? Дај прецизирај троа, не вака, „од околу„.
Луѓето како вид се стари 100-200.000 години и нормално не биле присутни за време на формирањето на земјата т.е. во тоа време немало живот на земјата. Мислам првите живи суштества се окулу 3.000.000.000 години стари.
А пастири се тие што викаат дека се пастири.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Луѓето како вид се стари 100-200.000 години и нормално не биле присутни за време на формирањето на земјата т.е. во тоа време немало живот на земјата. Мислам првите живи суштества се окулу 3.000.000.000 години стари.
А пастири се тие што викаат дека се пастири.
StefusRefus,

можеш да кажеш дека родот човеков е стар токлу колку што ти „пасуе„ во моментов-и да згрешиш, а за пастирите, се‘ уште не си ми одговорил...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Убаво е кога православните христијани веруваат дека тие се оние избраните, а другите, оние кои веруваат на Мојсеј се криви што некој си грчки „Христос“ бил распнат од Рим, во тие времиња. Ок, барем традициијата дека има нешто еврејско ја задржале некако со името...
Хм... чудаци се православните, сакаат и во новото време да постојат, а сакаат и догмата да им остане. Па и истите сказни за тоа кој е грешен ги продаваат... како и се друго што продаваат!

Многу си „избран“, „по вера“ ... диши...

Туку да ставеме пепел на овие ствари...

Во врска со темата:

Ако сакате да зборувате за боговите и кој кого создал, излезете од матрицата на православните христијани или општо од христијанството. Тоа се насилници чии наследници се муслиманите и нивниот ислам.
Распадот е неминовен. Погледнете ги тие „стадото“ не знаат саглам да си го пасат, та за боговите ли ќе ви расправаат?
Битен е стомакот и златото во црквите, не божестцвеното!
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Да; Мојсеј видел како е настанат Светов, а Бог им ја објави на одбраните Својата вистина. Така, староста од Светов е проценета според евангелските записи, односно според родословот Исусов, ретроспективно до Адама, плус 2000г. од Новиов Завет.

Туку, што рече, кој вели дека Земјава е стара 4,6 милј. години? Имаш за тоа очевидец или некој се сетил дека му требет што поголема временска цифра?...[DOUBLEPOST=1554629456][/DOUBLEPOST]

Кои се „тие„? Дај прецизирај троа, не вака, „од околу„.
Мики, остај го Мојсеја, еве ти читај како се одредува.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, остај го Мојсеја, еве ти читај како се одредува.
Кеплер,

еве де, јас ќе ти кажам како и зашто токму така се одредува:
- за да има што појќе време, во кое (време) и по најневеројатната статистичка веројатност, би можел да се случи (најневеројатниот) настан, онака де, сам од себе, без позната причина и,
- за да има што појќе време (пак!), во кое (време) би се одвивале најневеројатните еволутивни процеси на преоѓање на живите битија од поедноставни во посложени.

Како што можеш да видиш (во што се сумЉам...), целата таа модерна (псевдо) научна методологија на датирање нечија старост, е во функција на модерниот дарвиновско-марксистички и Богоборечки светоглед; не ни треба Бог, туку рабојќето сами од себе се дешаваат...:icon_lol:

Но ти, за секој случај, и за да бидеш и понатаму убеден во својата заблуда, почни да броиш од „1„ до „ 4 600 000 000„ па јави ми како ти „иде„...

И јави ми кој е очевидецот на настанокот на Светов, кој настанал сам од себе, а за секој случај, провери го и историјатот на датирањето на староста од Земјава, за да видиш со која шпекулативна старост е почнато и како ед дојдено до денешната цифра, која, кај да е‘, ќе стане уште поголема, аналогно на падот на довербата во истата...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
StefusRefus,

можеш да кажеш дека родот човеков е стар токлу колку што ти „пасуе„ во моментов-и да згрешиш, а за пастирите, се‘ уште не си ми одговорил...
Колку што викаат фактите и доказите толку е стар колку што изнесов. Мене не ми пасуе ништо само викам колку што викаат доказите.
А за пастирите може да се правиме мутави кој се и што се до бескрај а и не се битни во муабетов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom