Мода е за луѓе што се несигурни во себе и бараат мислење од околината (најчесто женски и за тоа комлиментите многу добро им годат
), но тука се и ликовите од геј популацијата.
Горен дел - мајци на кратки (зиме/лете) бои темни / светли, без никаков додаток од друга боја.
Долен дел - фармерки/кратки панталони бои темни / светли, без никакви посебни шари, чиста боја.
на нога, патки, чевли, бои темни / светли без посебни шари т.е што поедноставен дизајн тоа подобро.
Што добивате со ваков начин на класификација на гардеробата ?
Едноставност и брзина при облекување, отвараш делот каде се мајците и ја земаш првата, после одиш во делот каде ти се фармерките и земаш било што и за нозе облекуваш сезонско.
Секогаш си добро облечен без притоа да уклучуваш мозок, дали ова одговара, па не можам овие фармерки да ги носам, пошто некои мајци ми се перат и слични глупи ситници што навидум животот ти го прават комлициран.
Е сега проблемот е што модните трендови не функционираат вака, туку ти продаваат веќе склопени комбинации што значи мора да купуваш повеќе и многу често парче облека не е едноставно туку со еден куп глупи шари и дезени што ги прави неспоиви со друго парче облека, освен ако не е од некоја предефинирана комбинација.