Имав периоди низ животот, сакав да бидам нежна и пријатна, па сакав да бидам ладнокрвна и незаинтересирана и на крај завршив во тотална отупена рамнодушност.
Не, не е толку лошо.
Си ги имам јас емоциите, иако, понекогаш ми е тешко воопшто да ги најдам во која кутија сум ги ставила и дали сеуште се цели, недопрени.Знам површно да ги покажам, колку да ставам до знаење дека ги има, тук’ таму, и колку и да зборувам, никогаш до сега не сум се отворила доволно пред човек за да види што се имам во себе.
Сега работам на тоа, затоа што е единствениот начин вистински да живеам.Затоа што, подобро е да ме боли кога ќе ме повредат, отколку воопшто да не знам како изгледа ниту болката.