Дали во Прилеп, градот на револуцијата, се спрема нова револуција?

Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Што се однесува на остатокот од текстот, тоа ми е чиста СДСМовска пропаганда. Со криминалната приватизација и неработењето ништо, СДСМовската политика ги испозатвори сите индустриски објекти од каде можеше да се извлечат финансиски средства, а оние поперспективните сe подарија на сопартијци, со што во приватизацијата не само што имаше привилегија по социјален и корпоративен статус од комунизмот, туку имаше и привилегија по партиска линија. И како ќе има работа за инжињерите, кога се испозатворија 1993-1998 г. Алумина, Стаклара, Порцеланка, Кожарите, Кланица, Микрон, итн.
грешка - на СДС им одговара ова со европските џелатски казни (ако ти ја пишат си ја ставаш сам јамката! власта штеди на дел од администрацијата - Џелат!) ,нема ниеден здрав мозок кој би гласал за власта откако истата му го банкротирала бизнисот и довела до просјачки стап

не знам дали се исправни овие кои протестираат,да бараш да се укини УЈП е несмислено,но да има измени во законот,да се воведи еден систем прво на предупредувања,па потоа на казни соодветни за Македонија,а не европски казни(?!) во илјадници евра кои значат само едно - банкрот !

во ова време казна од 9-10000 МКД боли за секој помал или среден бизнисмен,а не пак казни од 1500,3000,5000 или 10000 евра - баснословни суми на пари кои не ги даваат ниту како главна награда на Лотарија на Македонија !!

како и да е - Поддршка за вакви или слични акции со РЕАЛНИ барања,друга земја немаме или нека не биде или не мора да постоиме !
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Комедија жива, народов ни е како паднат од Марс. :)..дваесет и кусур години поминаа, уште ландара ко пијан алкохоличар.....и пелтачи..: сакам кажам незнам речам.....
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Не знаат на друг начин да ја истераат правдата освен со шишиња пивски да фрлаат по инспекторите. Не дека мене не ми иди некогаш да ги усерам од тепање...
Очигледно немале друг начин.Кај смеат бе да ти дојдат во твое место и да ти велат дај извади пари од џеб шо имаш?Moжда ќе помислиш дека се крадци, па ќе ги акниш со некое дрво...Малку им е пивско шише на такви!



Како е погодена темата...А песнава во 1998 е напишана перд паѓањето на владата на СДСМ и забранета тогаш на МТВ, општо и сите песни на САФ.14 години покасно, ништо не е сменето освен друга гарнитура со исти навики...

Скопска ситуација бурлески
до вчера комунисти сега слават празник верски
ќе речеш не сери ама провери
се' се смени од времето на титовите пионери
екс социјалисти - капиталци на мисија
со ѓаволот во коалиција зборам вистина
луѓе газат преку живи луѓе до позиција
адекватноста не е важна важно си на функција
желбата за моќ да се биде на врвот
не знам како спијат мирно нели ги јаде црвот
има ли во авионот пилот очите му се на тилот
нема закон за потекло на имот
перат прљав кеш како прљав веш
пиљарот вози БМВ интелектот оди пеш
сите имаат суфикси "фили" или "мани"
единство нема идентитетот ни е падни стани
на еден комита 3-ца кодоши
рекетари дилери и секакви олоши
европска провинција по дефиниција
лажирани избори корумпирана полиција
што смислија квази демократија прифатија
одговорноста на ти ја - дај ми ја
Господ за 7 дена го создал светот
7 годишната транзиција даде само опозиција
опција сјај или беда
сите го барат мистер роба-роба да се средат
епидемија на наркоманска зараза
во градот во кој и мажите глумат оргазам
новата содома уште 2 години до армагедон
месијата место крст носи микрофон
над сето ова се издигам не сум лоботомиран
неправдата не ми дава да се смирам
затишје пред бура пред финалната акција
1998!!!! скопска ситуација

Затишје пред бура следи акција
гневот се таложи и бара сатисфакција
квази демократија или имитација
следи санација на скопска ситуација

Како Аце циганот на Сеад
праааау сега пука тензија смрди реа
знам сега има нова класа главата ветер
пари во ташна на вратот машна на граница шлепер
и тој ќе ми се смее ни перде ни арам
математика знае колку Амди Бајрам
ама нема гајле сепак сме си наши напред за
Македонија во кафана со кренати чаши
граѓани шабани на Порше свршуват игнорантни
алтери надувани - откачени бисери!!!!

Море логор треба за нас да не сотре логор
или брашно од нашите на Јаја паша за наш помор
(мојот) град главен град Република Морони
ако треба ново име измислувам - бонбони
а погледот најубав од озгора врз овој град
од авион што си оди од едносмерно од овој град
па како на крајот од светот да сум јас сум
со главата доле одам со бастун и
читам таму негде некој тажен дечко тажи
анонимус не ги трпи своите млади бламажи
и што било лошо демек тој ќе ни каже во разни
весници за кои уште плаќам - важи!!!!
па не сме биле млади не сме пееле балади
како тогаш млад скоевец кој сега нас не кради
па овој авторитет над интелект од
гордост дигнат како пенис ерект
ќе ме дигнел мене инертен
против техно и турбо фолк - е па фала ептен!
место ко овој писец солзи да леам
Брамс вели надвор на сонцето да му се смеам
ситуација скопска лица вакви еден куп
не можам слепо да ги следам па дали сум глуп???

Затишје пред бура следи акција
гневот се таложи и бара сатисфакција
квази демократија или имитација
следи санација на скопска ситуација
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.301
Поени од реакции
3.675
Балче е чист ВМРО
Ама јебеш га, му го нашле ливчето кај шо пишал чоеко колку сендвичи пратил по такси некаде па таксистот да му донеси пари од луѓето кога ќе им ги испорача...
 

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Како и сите Прилепчани овде шо ви одговорија така и јас че ви одговорам. Дали во Прилеп градот на револуцијата се спрема нова револуција ? - Не.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Како и сите Прилепчани овде шо ви одговорија така и јас че ви одговорам. Дали во Прилеп градот на револуцијата се спрема нова револуција ? - Не.
Ти на газот си виде дека не се спрема или се обидуваш да ги правиш сите кајганџии тука глуви и слепци?:facepalm:
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.301
Поени од реакции
3.675
Како и сите Прилепчани овде шо ви одговорија така и јас че ви одговорам. Дали во Прилеп градот на револуцијата се спрема нова револуција ? - Не.
Не бе овие прости се и глупи, појам немаат од живот... вие знаејте се.

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Во оваа наша Македонија повеќето од нас тука за парче леб работат, дури и инспекторите од УЈП па и полицајците кои што ги обезбедуваа. Не се тие виновни тоа им е служба и бркајќи ја таа служба работат за парче леб.
Проблемот е во тоа што е во тоа што е криза, е сега криза дваесет години ама е криза на кризата. Пари народот македонски нема тоа не да се чувствува дури премногу според мене. Осми месец со ред паѓа индустриско производство и трговија. Намали малку од тоа тендери огради бе нови коли министерски полициски нема пари, не 3000 нека бидат 300 000 евра казна не можат да се наплатат затоа што ги нема.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Многу прост народ има во Прилеп, да се чудиш колку е неписмена рајата. Многу добро знам оти и јас од таму потекнувам и знам каков слој на граѓани се гореспоменатите. Токму и затоа не знаат да излезат на крај со УЈП. Факт е дека од УЈП собираат арач безмилосно, казни фрчат на сите страни и тоа на каубојски начин, т.е. тие што си се „нивни“, никој не ги чепка („Вирус“ на пример), а тие што не се на никој начин поврзани со власта, самите си знаат како им е. А пазарџииве, како што спомнав, си се прикаска за себе. Уште па пред камера ко ќе излезат и ќе им се види простотилукот надалеку. Не знаат на друг начин да ја истераат правдата освен со шишиња пивски да фрлаат по инспекторите. Не дека мене не ми иди некогаш да ги усерам од тепање...
Овде имаш утка, вирус го слашкнаа 15 000 евра чинам или повеќе, газдарицата ја разрешија а беше во главните на УЈП..........верувајте дека слабо работи селекцијата, исто од теракота го потфатија газдата.......овие се апла нивни ито видни лица.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Овде имаш утка, вирус го слашкнаа 15 000 евра чинам или повеќе, газдарицата ја разрешија а беше во главните на УЈП..........верувајте дека слабо работи селекцијата, исто од теракота го потфатија газдата.......овие се апла нивни ито видни лица.
Која газдарица? Вирус нема газдарица туку има газда и се вика Гоце Илиески.Се гледа колку си информиран :tapp:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Која газдарица? Вирус нема газдарица туку има газда и се вика Гоце Илиески.Се гледа колку си информиран :tapp:
А ако се газди, Анастасија манга, веројатно Гоце има жена, сестра нешто, не ми кажувај ти мене :)
прашај си која е Анастасија, која била, па дојди пак и напрај се манга, речи ми колку си информиран со смајлите в ѕид
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Леле месијата се врати па и тој најде да кажува кој од која партија е:pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Во оваа наша Македонија повеќето од нас тука за парче леб работат, дури и инспекторите од УЈП па и полицајците кои што ги обезбедуваа. Не се тие виновни тоа им е служба и бркајќи ја таа служба работат за парче леб.
Проблемот е во тоа што е во тоа што е криза, е сега криза дваесет години ама е криза на кризата. Пари народот македонски нема тоа не да се чувствува дури премногу според мене. Осми месец со ред паѓа индустриско производство и трговија. Намали малку од тоа тендери огради бе нови коли министерски полициски нема пари, не 3000 нека бидат 300 000 евра казна не можат да се наплатат затоа што ги нема.
Да, ама еден добар дел од нив се влезени во филм поради таа службата.Арогантни до врв.
А друг добар дел, не можат да одат кај големите риби и да пишат казни (или ќе ги средат на фин, убав начин) па ќе се силат кај помали фирми.И понекогаш ќе сретнат некој со пукнат филм, па ќе јадат шише по тиква или слично...
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Првата е како лигушите на УЈП гледаат преку пенџериња а втората од Општинската зграда.

П.С. Градоначалникот на град Прилеп Марјан Ристески денес во 18 часот ги награди децата матуранти и полуматуранти со 200 палачинки или таканаречен хепенинг палачинкада :tapp:


 

Kajgana Shop

На врв Bottom