Постов сигурна сум дека ќе излезе надвор од темата, ама ќе пробам да му одговорам на sweden, можеби ќе разбере, можеби не, оставам на него. Се' ми се чини џабе ќе да е, ама ајде уште еднаш да се обидам...
Како не ти е јасно дека животот се живее со човек до нас, а не со сперматозоид или вагина (во твојот случај). Битно е тој што го имаш до тебе да се погоди, а децата после сами ќе си дојдат. Јас мажите не ги намалувам на ниво на сперматозоид, гледам луѓе и гледам личности во нив.
Знам во кој правец водиш (стара мома), ако сакаш отвори нова тема, па таму нека се префрли дискусијата.
Велиш дека си ме погодил со муабетот за стари моми? Не биди толку сигурен, не пали тоа кај мене. Деца кога дошле, добредошле, дали на 22, дали на 32 или 42, небитно, секој со среќата. Важно да се родени и направени од љубов.
Знам накај ти води муабетот, сум гледала такви фраери и порано, ич не му се мисли, ги читам од километар. Бидејќи не можат да си најдат девојче на место, и бидејќи никоја не ги сака и посакува, а уште помалку да најдат некоја што ќе сака да им роди дете....
.... тактиката им е да вршат психолошки притисок врз девојките од типот времето ти мине, само мене ме имаш, кога ќе раѓаш, кога ќе гледаш, ајде побрзо.....и сето тоа го прават од пусти страв дека ќе останат сами и без жена во животов и од пуста несигурност во себе и своите способности, па гледаат брзо/брзо да фатат некоја душичка за врат, која кутрата не може на време да ги намириса дека се пијаници, курваришта, прости итн., ..... овие ќе и' направат едно дете, ќе ја прелажат и ќе и' го зацрнат животот.
Затоа ти велам, џабе ти се муабетите за стара мома кај мене такви не палат. Сум видела свет, многу сум прошетала, излезена сум од МК долго време, сама се борам, сама се снаоѓам со години. Не сум ти јас тип нма девојка што потпаѓа под тие балкански стереотипи на стари моми, стари ергени и сл. глупости, затоа не си ја лажи главата многу/многу.
Деца се прават со асолен човек, некој што е човек на место. Ако налетам на таков порано арно, ако налетам подоцна арно, ако ич не налетам пак арно, ќе си родам сама, женско сум, во предност сум, ако сакам дете, никој не ме спречува да го имам. Ако можам да го родам супер, ако не можам ќе посвојам. Зарем нешто помалку ќе го сакам во таков случај? Ова е само колку да ти кажам дека биологии не ме интересираат.
Брееј, да му се смачи на човек од луѓе со размислувања како да сме во 18 век. Ебате ограничениот, ми рече, фати го првиот и направи му дете. Знаеш ли кои мажи размислуваат така како тебе??...."собери го првиот од улица и направи му дете"??.... Тоа се оние мажи кои ниту имале, ниту пак можат да остварат долга врска, тоа се мажи кои никој не ги сака, а ниту се самите способни за сакање и љубов. Поради тоа и така ги гледаат работите, направи му дете, прелажи го.....или кажано низ огледало, дај да ти направам дете, да те прелажам, да те врзам цел живот, за да после нема каде да ми бегаш.
Само неспособни и несигурни мажи можат да го кажат ова што ти го кажуваш...."грабни го првиот и напрај му дете". И после се прашуваме од каде доаѓале несреќни бракови и разводи. Епа баш од такви избрзани и непромислени одлуки, кои биле донесени во паника и страв.
Што ќе ми е бе некоја пијаница или курвариште до мене, само заради тоа да не останам стара мома и колку да се рече дека има деца кој да ми направи?? Го нејќум бе таков, пре сама ќе ги родам и гледам, отколку да ги направам со погрешен човек.
Сега јасно ти е дека ме боли увце за твоите стара мома муабети?? Кога ќе посакам дете, ќе го добијам. Годините не се воопшто важни. Биологијата што ја спомнуваш е пред се' невкусна за темава, а второ не можеш да ја земеш како правило. Нема правило! Бременоста е различна кај сите, некој не може ниту на 20, а има некои кои раѓаат и на 33 (и тоа моја пријателка роди две, кои се размак едно од друго помалку од една година). Исто како што познавам примери овде на луѓе кои станувале родители на 39-40. Нема правило!! Секој со среќата и кому кога ќе му дојде време и ќе посака.
Само колку да не ме разбере некој погрешно. Не прокламирам родителство во доцни години, исто како што не прокламирам родителство на млади години. Она зад коешто стојам и кое го потпишувам, е родителство со човек на место. Кога ќе го најдеш правиот човек, тогаш е и право време за деца. Не постои рано е/касно е. Сите ние тежнееме кон родителство, кон дечиња, тие се целта на нашето постоење. Ама тоа не значи дека пошто/пото мораш да ги направиш со првиот на кој ќе налеташ, а него за к*р не го бива. Деца не се раѓаат со било кој. И многу смешни и незрели се муабетите од типот како овој на sweden, ајде побрзо, ти минува времето, стара мома, што чекаш?? Вакво нешто можеш да слушнеш само во балканска умствено ограничена средина како нашата.
И што толку си се загрижил за тоа колку години имам? Грешка си, немам 35, туку 38. Менува тоа нешто во муабетов?? Умот не доаѓа со годините, ти си барем типичен претставник на оваа изрека. Колку имаш 30-35-40-45 и на тие години што си ги начукал во газот, сеуште курви плаќаш како замена за љубов?? Која е причината, несигурен си, неспособен си да си најдеш девојче на место? Или едноставно за тебе жената е само вагина, треба да роди и после кој ја врти. Убаво си кажа погоре....што ќе ми е таква бабетина након 30 години, ќе си ја имам Софче секретарката да ми го дига. Ебате ограничениот и неспособниот. Искрено, ја жалам таа што ќе се реши да ти роди деца, дали имала 22 или 42, ич не менува работа. Кутрата ќе биде несреќна до крајот на животот со човек како тебе до неа.