Дали би стапиле во брак со партнер кој има вонбрачно дете?

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Јас не би прифатил никогаш од причина што мислам дека некогаш ќе ескалира прашањето "Што ако беше детето и твое" или пак "Што ако ми беше вистински татко" и тоа би значело крај на таа врска или брак. Затоа чисто да не си отворам големи емотивни рани ниту мене, ниту пак на останати ги заобиколувам оддалеку ваквите врски. Немам никаков проблем да влезам ви нешто во случај ако детето го одгледува таткото или некој друг и не е дел од таа врска.
А хипотетички ... што ако рецимо си се затрескал во некоја,а и она во тебе,врската ви тече безпрекорно и се, но таа на пр. од страв да не те изгуби одложувала да те обавести.И еден ден собира храброст и ти кажува дека има вонбрачно дете,а ти веќе си затрескан во неа ја сакаш со сите нејзини маани и доблести и едина разделба која ја прифаќаш е само доколку смртта ве раздели. :) Звучи ко на шпанска серија но нејсе.Што би направил ?
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 19:33 ---
како мислиш вонбрачно??
не била во брак па има дете или била мажена па сега нее ,а детето и остана во делбата???
мислам дека тука побитно прашање би било зошто таа или тој не се во брак повеќе.
вдовица е, се развеле, зошто се развеле и кој бил причината за разводот????
тоа види си ти, тоа е битно.
детето е само нуспојава тука( да не се сватиме погрешно).
Епа вонбрачно.Останала трудна и родила дете.Тој таткото се оженил со друга или сл.
Или обратно,тој склепал детенце,таа родила но не го сака ни детето ни него и овој решил да си го чува,таа нека крши глава кај сака.Тоа ми е муабетот.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
А хипотетички ... што ако рецимо си се затрескал во некоја,а и она во тебе,врската ви тече безпрекорно и се, но таа на пр. од страв да не те изгуби одложувала да те обавести.И еден ден собира храброст и ти кажува дека има вонбрачно дете,а ти веќе си затрескан во неа ја сакаш со сите нејзини маани и доблести и едина разделба која ја прифаќаш е само доколку смртта ве раздели. :) Звучи ко на шпанска серија но нејсе.Што би направил ?
Тоа е индивидуално, сега ми кажа само уште една причина повеќе да ја оставам. Што е следно да ми каже, дека се врти и хом мејд порнич нејзин по телефони само од желба да не ме изгуби не ми кажува?
Јас кажав за конкретната ситуација, слично како и Вишна не би можел да го пребродам ситуацијата ако детето или пак мајката некогаш се посомнева во мојата љубов, некој луѓе немаат воопшто проблем со тоа и можат да си живеат заедно.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Немат шанси никакви. Па малку имат без деца убави девојки? Како прво не можам да се заљубам затоа што нема самиот да си дозволам да се зближам со неа и да се отворам или пак таа да ми се отвори да бидеме некојси блиски пријатели.
Зафатени девојки, или пак со деца вонбрачни или не, не ме привлекуваат никако, единствена комуникација претставува- здраво., како си?, се најдобро!
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.823
Поени од реакции
2.914
да зошто да не, и немам ништо против само ако детето е да речеме има 2-3 годинче,а ако пак има повеќе од 12 години, тешко тука нешто ми е сомнително ;)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.124
Поени од реакции
21.759
Епа вонбрачно.Останала трудна и родила дете.Тој таткото се оженил со друга или сл.
Или обратно,тој склепал детенце,таа родила но не го сака ни детето ни него и овој решил да си го чува,таа нека крши глава кај сака.Тоа ми е муабетот.
no comment
незнам ја, види ти то сам сине:cautious:
 
S

Shellshock nam67

Гостин
А х

prijatele izglea si se omrsil so nekoja devojka so detence a ;)
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 20:17 ---
Немат шанси никакви. Па малку имат без деца убави девојки? Како прво не можам да се заљубам затоа што нема самиот да си дозволам да се зближам со неа и да се отворам или пак таа да ми се отвори да бидеме некојси блиски пријатели.
Зафатени девојки, или пак со деца вонбрачни или не, не ме привлекуваат никако, единствена комуникација претставува- здраво., како си?, се најдобро!
ne reci dva pati ne se znae nisto vo zivot ako ti se pgodi nekoja vakva obdarena (y)
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.111
Поени од реакции
3.966
како мислиш вонбрачно??
не била во брак па има дете или била мажена па сега нее ,а детето и остана во делбата???
Оф леле, да не се знаело што е вонбрачно дете...

Тоа е дете воспоставено меѓу двајца кои не биле/се во брак... Срамота е вакви општи работи да не се знаат...
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Знаејќи каков е нашиов менталитет воопшто не ме чудат некои коментари..

Мене лично не би ми сметало доколку запознаам маж кој веќе има едно или повеќе деца. Би ми било мило да се грижам и за нив исто како што ќе се грижам и за своите и да им дадам љубов подеднакво, затоа што без разлика што се случило со бракот на тој човек, децата не се криви и треба да си премногу себичен човек да го отфрлиш тоа дете или да му поставуваш услов на тој човек да бира меѓу тебе и детето.
Децата се благослов.. без разлика дали мои или не .. секое дете во домот носи радост и така и треба да се гледа на тоа а не како на на трн во око.

Пречка не може да биде детето.... пречките се во нашите глави..
колку повеќе сме ограничени, толку поголема е листата на работи кои ни пречат.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.124
Поени од реакции
21.759
Оф леле, да не се знаело што е вонбрачно дете...

Тоа е дете воспоставено меѓу двајца кои не биле/се во брак... Срамота е вакви општи работи да не се знаат...
случајно и јас знам што е вонбрачно дете.
прашањето беше повеќе да расчистиме да не мисли на друго.
кога ке речеш вонбрачно некој може и да помисли нешто друго , затоа и препрашав да сме на сигурно, инаку да речеше копиле на пример точно сите ке знаеја на што мисли.
така да не скокај.
и ајде сега кога си толку запознаена со тематиката како ке го наречиш она другото дете кое не е вонбрачно ама со еден збор.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Најдиси девојка али гледај прв газда да бидеш ,вакви шетани мачиња не.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Да бе некој ја напумпал и јас ќе му го растам детето . Нема шанси па најубава на свет нека е
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не би сакал да се најдам во ваква ситуација, најискрено кажано... тешка е одлуката во двата случаи, и многу влијае пред се големината на детето (години).

Најдиси девојка али гледај прв газда да бидеш ,вакви шетани мачиња не.
Оти бе плитко размислувате? Шо ако си ти то шетаното маче? Си најде девојка, прв газда и си, се по пропис... го склепа, го роди, туп фати усфет. Ти го остај детето шо сакаш прај му. Ако размислуваат вака сите како тебе, далеку ќе стигниме.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Не би сакал да се најдам во ваква ситуација, најискрено кажано... тешка е одлуката во двата случаи, и многу влијае пред се големината на детето (години).


Оти бе плитко размислувате? Шо ако си ти то шетаното маче? Си најде девојка, прв газда и си, се по пропис... го склепа, го роди, туп фати усфет. Ти го остај детето шо сакаш прај му. Ако размислуваат вака сите како тебе, далеку ќе стигниме.
Ако девојката е доволно глупа да не го процени дечкото што иде или што била со него и уште да му роди дете од курташак ,епа извини никој не е будала да плаќа за нејзините грешки ..
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 22:00 ---
Сакаш да каќеш најди си 10 годишна и прв газда ќе бидеш?
Немора 10 али ќе си најдеш некоја и ќе си ја растеш :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom