Да да пожелно е да се остане во контакт пред се треба да се биде човечен ,доколку нешто не иде најдобро е пријателски да се реши ,подобро пријател плус одколку непријател
Јас не сакам да седнам со бивш на кафе или пијачка пошто сум расчистила пред тоа дека нема понатаму ништо да имаме во смисла на таканаречено "пријателство" ради реда ..Значи боље ми е секој на своја страна и крај нема што да се замарам со него више! Завршена прикаска Прошло све тоа и какви кафиња сега муабети безвезни..И би било исфорсирано ако би се десило и лигаво вештачки крајно на ништо не би личело.......
Се разбира. Веќе го правам тоа. Имам и бивша која ми е многу добра другарка. За многу работи бара совети од мене. Вели дека јас многу добро ја познавам и дека најмногу ми верува мене. Ептен ја почитувам.
зашто да не би седнал. не гледам ништо лошо во тоа, сме биле во врска убаво ни било сме раскинале и тоа е тоа. не значи дека несмеам да напраам еден кафе муабет со неа. многу ми е глупаво некој кога ке ми рече е да бе сеа сме биле во врска па на кафе да седнувам - шо ке барам воопшто.. мене ова ми е апсурдно
Јас сум личност што не сакам да губам контакт со луѓето со кои сум имала нешто. Така со бившиот сеуште си комуницирам и си пиеме кафе, али само на тоа останува. Не можам до вчера сум била со него, а денес да не се познаваме на улица.
па зависи до ситуацијата, со неколку да, а има една шо неможам да ја погледнам, ја гледам до омраза , она самата нема лице да ме погледне а не па на кафе со мене....
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.