Уф... не знам. Сигурно ќе знам само кога навистина би се нашла во ваква ситуација. Дотогаш, можам само да нагаѓам.
Не верувам дека би можела да останам со физички непокретен човек. За жал, јас сум само човек, а со тоа себична и недоволно силна за да успеам да се грижам за таков човек. Мислам дека љубовта не е доволна за вакво нешто.
Многу е веројатно дека би си ја свила опашката и би си ја барала среќата на друго место, на најсебичен можен начин. Не знам кој навистина би си ја жртвувал својата среќа и својот живот за партнерот, стварно не знам. Би сакала да можев да кажам дека ќе останам со него и покрај се зошто го сакам, ама во реалноста нема да биде баш така.
Само да не ми се случи ваква ситуација...