Дали би одбрале вечен живот?

Dali bi odbrale vecen zivot?

  • Da

    Гласови: 169 43,3%
  • Ne

    Гласови: 221 56,7%

  • Вкупно гласачи
    390

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
И да и не ама сепак некогаш мора да умреш.
:salut:
 
Член од
24 јануари 2009
Мислења
229
Поени од реакции
15
Каков вечен живот. Па то е мачење бе, да гледаш сите сакани како заминуваат на онај свет и да знаеш дека никогаш повеќе нема да ги видиш. Не фала, не е за мене таа работа!
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Не би одбрала вечен живот на моето тело , затоа што го сакам т.н. природен тек на настаните, иако честопати мислам дека немам време да завршам се што сакам во овој живот .
Она што го посакувам е вечноста на мојата душа , да ме паметат и да се сеќаваат на мене со љубов оние кои ми значат и кои најмногу ќе ми значат ...
Овој живот сите го живееме со некоја голема цел ( некои ја откриле некои допрва ќе ја откриваат) , а доколку би биле вечни - дали би имале толку многу цели колку што би дозволило сето време ?
Едноставно некои работи мора да имаат почеток, тек и крај , за да бидат комплетни...
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333

А што ако у меѓувреме научницте го продолжат животниот век за 20 години после тоа како ќе напредува технологијата за 50,100,1000... бесконечно.
Што правиме тогаш кога ќе имаш можност да живееш вечно?
Замисли си дека си легнала да спиеш и добиваш инфаркт и никогаш не се будиш ете ти и почеток и тек и крај enjoy it.
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
А што ако у меѓувреме научницте го продолжат животниот век за 20 години после тоа како ќе напредува технологијата за 50,100,1000... бесконечно.
Што правиме тогаш кога ќе имаш можност да живееш вечно?
Замисли си дека си легнала да спиеш и добиваш инфаркт и никогаш не се будиш ете ти и почеток и тек и крај enjoy it.
Ако имам можност да живеам вечно, би живеела само под услов да бидат покрај мене и тие што ги сакам, не би сакала да живеам со помислата дека умираат околу мене оние за кои што живеам ...
Реално не е возможен вечен живот без разлика на откритијата, едноставно -нема да има место за сите.
А ако ме снема пред да ја остварам мојата цел , барем знам дека живеев и имав прекрасен живот ...
Се што постои физички има крај , смртта е природна појава , се живо се раѓа , се развива и умира , она што останува е духовното (ако воопшто го имало).
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Пишав да иако е физички невозможно со нашите тела да се стори тоа. Незнам темава ми некако желба и остварување. Јас лично верувам дека животот општо е вечен.
 
ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Сакам едноставно да живеам и би одбрал вечен живот
 
Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Чекај, вечен живот или бесмртност? Има разлика. Би одбрал бесмртност ама вечен живот не, никад. Полошо од тој пекол здравје. Интересен дијалог од Death Becomes Her

"Sempre viva! Live Forever!"
"And then what?"
"What"
"And then what? What am I going to do? Spend the rest of eternity with Mad and Hel? Watch everyone around me die? That's not a dream, that's a nightmare!"
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Не би избрал затоа што неможам да ги гледам маките и страдањата на моето поколение. Не не би избрал вечен "пекол" , а и знаете ништо не е вечно.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Не би избрал вечен живот поради тоа што би ми се здосадило и не би имал што повеќе да правам.Животот би бил безцелен ако е вечен и не би постоиле следниве општествении норми и вредности.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Ако сите изберат да живеат вечно ќе се изгуби смислата на животот,на животните процеси,како на пример смртта која е дел од циклусот на животот.
 
Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
...Вечен живот?...Срање...
Би сакала да видам што ќе се деси со светот во далечната иднина, али вечен живот не значи вечно здравје, вечно не-распаѓање на трупот, ако сите живееме вечно, би дошло до хаос помеѓу овој свет и другиот, што не е на добро...:toe:
 
Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Znaci prashanjeto e jasno, sepak moram da gi zamolam pocituvanite forumski instanci da ne trujat so ligavite pateticni retoriki od tipot na:

Jas da ziveam vecno ,a lugeto sto gi sakam da gledam kako stareaat i kako umiraat :nenene:
Тоа воопшто не е патетично..всушност тоа е вистината. Кој би сакал да живее додека луѓето што ги сака умираат околу него..

Тој човек би бил душевно празен.. Не би можел да се врзе за ниедна личност затоа што знае дека за некое време ќе ја види да умре..

Сепак смртта го прави животот попримамлив за живеење(според мене).. и ни дава мотив да се стремиме да го живееме што е можно подобро.. :toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom