„Признавателно“ не е збор.
Не е работата колкава ти е црпката, туку што имаш во неа. Ако тебе умот не ти сече дека негирање на постоење, само по себе, не е верување, ја не знам што да ти кажам. Пример, Ако ти сметаш дека туфнести еднорози со вграден i7 процесор во копитата не постојат, тоа тебе не те прави верник во непостоење на туфнести еднорози со вграден чип. Едноставно, те прави разумен и рационален.
Понатаму, мрчењето кон двете страни во некој аргумент не те прави фраер, туку те прави хипстер или дебил. Сеа ти види што би одбрал. Јас би одбрал страна - попаметно изгледа.
И, конечно, шутрак еден, ако сакаш да имаш каква-таква позиција во разговорите би било добро да ја презентираш својата позиција. Во конкретниов случај, би било добро да се идентификуваш - веруваш или не веруваш дека на небото седи стар бел дедо со тефтер и камшик.