RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Ова е прашање кое генерално може да се отвори и за спортисти и за музичари, но бидејќи подфорумот си е Филм и Тв да се фокусираме на актерските имиња.
Некогаш одамна било смешно да се помисли актери да земаат милиони. Всушност работите функционирале на сосем поинаков принцип. Во периодот кога филмската индустрија била во зародиш (40-ти, 50-ти години од минатиот век) актерите имале фиксни договори со филмските студија. Значи без разлика со кого ќе снимале и каков вид на жанр платата им била таа. Мерилин Монро била една од ретките кои толку успеале да се наметнат, па добила право да преговара за плата. Колку за споредба, според првиот договор кој го потпишала Мерилин Монро заработувала 1.200 долари од улога, а за последната заработила 250.000 долари.
Како минуваше времето, така и платата на актерите се зголемуваше до степен да дојде до толку голема сума што веќе не е реално. Еве за што станува збор. Досега најелитниот „клуб 20“ го сочинуваат оние актери кои заработуваат по 20 милиони долари од улога. Нема многу такви во Холивуд, но ги има доволно за да послужат како пример дека ете тоа е врвот на слава, пари и кариера која може да се достигне во филмската индустрија.
Но, сега има нов клуб уште поелитен. Сега има актери кои освен таа плата што ќе ја договорат, договараат и процент од заработката на филмот. Леонардо ДиКаприо од Inception заработи 50 милиони долари благодарение на таква договорна клаузула.
Па, ајде да чуеме мислење. Дали актерите заслужуваат толкави плати, односно дали има основ за нешто такво. Освен тоа, можеме да се фокусираме и на останатите филмски работници како што се режисери, продуценти (инаку колку за информација во Холивуд најголеми пари заработуваат агентите т.е оние кои ги поврзуваат актерите со студијата и ги договараат деталите од соработката, тоа се најбогатите луѓе, а никој не знае да наброи еден од нив). Дали ако се водиме според правила на пазарот, односно понуда, побарувачка, ова е реалната цена? Како е можно толку многу да се вреднува нечиј труд кој трае нецели два месеци? Дали се согласувате со тоа или сметате дека е сосем разумно?
Плус прашања, можеме да ја опфатиме состојбата кај нас. Платите на нашите актери (ако знаете податоци), дали заслужуваат повеќе, дали е доволно тоа што го заработуваат за наши услови?
Бујрум.