48-мата сите (100%) се изјасниле како Црногорци...
Што сакаш повеќе од тоа? Сакаш да кажеш дека сите тие 100 % не знаеле што се? А зошто не кажале дека се Срби? (барем еден процент). А баш би сакал да знам какви тоа Срби има? Срби-Црнци, Срби-Кинези, Срби-Индијанци? - Или се Срби или се нешто друго. Таа искривоколчена логика (која не води кон ништо друго освен кон лечење на национални комплекси и обид за асимилација на туѓи народи) е извор на сите поделби, кавги и војни помеѓу Балканските народи. Така значи имаме и Македонци-Грци, Македонци-Бугари, Македонци-Словени, Македонци-Срби - но така не нарекувале сите други, а ние сме си се викале просто и едноставно - МАКЕДОНЦИ (без придавки и додавки).
А Црногорците од Србите биле одделени со непристапен терен и тампон зона од непријателски народи (Турци и Албанци-Геги), за генетиката да не говорам, така што малку веројатно е дека Црногорците биле и се Срби. Повеќе би рекол дека Црногорците се сродни со Македонците - Мијаци од територијата на денешна Албанија, со Далматинците и со Херцеговците отколку со Србите... (Се разликуваат обичаите, културата, музиката, носијата и ред други работи).