Друга ми е поентата, незнам дали ќе ја сфатиш ама ќе пробам пак.
Шо поназад во историјата се враќаш за потеклото на еден народ се повеќе се генерализира и на крајот ќе дојдиш до заклучок дека сите уствари доаѓаме од една иста „нација“ или племе условно кажано.
Србите се СРБИ, си имат специфичен изглед (далеку различен од турците), специфичен табиет, различни се во секој поглед од другите. Како шо се различни и Македонците и Бугарите. Денес така еволуирале нациите и така се нарекуваат, без разлика од каде потекнуваат и кој го носи најстариот „trademark“ за ултимативното потекло.
На Балканот имало стотици различни племиња кои живееле, пред фиктивното доаѓање и преовладување на словените. Според мене тие племиња кои живееле тука пред 1000-2000 години еволуирале во денешниве нации. Имињата кои ги добиле во денешно време се горе долу изнудени. Пример бугарите, иако мнозинството од нив потекнуваат од траките, шо е условно кажано „македонско“ племе, го примаат името Болгари од азиско муслиманско племе чисто поради политичките интереси на Русија. Бугарите и денес не се на чисто со своето потекло т.е. накратко кажано сакат да бидат Македонци, а да го носат името Бугари шо е најголем апсурд.
Муабето ми е, безвеза е да се докажва кој од каде потекнува. Најважно е во кои нации сега сме еволуирале, сите потекнуваме од истото племе. И крај краева на секаде на светот постои една поделба кај луѓето, на луѓе и нелуѓе. Толку.