Дали Марија имала деца после Исус?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Католиците и православните веруваат дека блажената мајка на Исус - Марија останала девица и по раѓањето на Исус. Затоа и ја нарекуваат ДЕВА Марија, Вечна девица итн.

Христијаните пак од друга страна, кои се водат исклучиво по Божјиот Збор - Библијата, веруваат дека Блажена Марија имала и други синови и ќерки после девственото раѓање на Исус.

"И штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во нивните синагоги, така што се зачудуваа и зборуваа: „Откаде Му се на Овој оваа мудрост и силни дела? Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас?"
(Свето Евангелие по Матеј, 13-то поглавје, стихови 54-56)

Овде евангелистот набројува 4 браќа на Исус и истакнува најмалку 2 сестри (бидејќи зборот е во множина), тоа се најмалку 6 деца на Марија.. wooow, доколку е тоа така, тоа е далеку од "вечна девица".

Што мислите вие?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Мислам дека скоро си го гледал или читал "Koдот на Да Винчи"

п.с Можно е
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не е точно, а и не знам од каде ти дошла таквата помисла, затоа што ја не цитирав некој цитат од филмот или од книгата, туку од Библијата.

Еве уште неколку библиски стихови кои недвосмислено потврдуваат дека Блажената Марија имала и други синови и ќерки по девственото раѓање на Исус:

"Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”
(Матеј 12:46-50)


"А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов."
(Галатјаните 1:19)


"Зашто ни Неговите браќа не веруваа во Него."
(Јован 7:5)


"Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена. "
(Јован 2:12)


"Тогаш Неговите браќа Му рекоа: „Замини оттука и оди во Јудеја, та и Твоите ученици да ги видат делата, што ги вршиш;"
(Јован 7:3)


"И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус."
(Матеј 1:25)


"И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа."
(Дела 1:13,14)
 

E_L_E_N_A

Битола,мој роден крај
Член од
27 декември 2007
Мислења
479
Поени од реакции
16
Имала Марија деца и после Исус,тие Католиците појма немаат,не ја прочитале Библијата.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Добро де. Помислата ми е точно од таа книга. А тоа што си пронашол контрадикторности во библијата ти е добро само ќе почекаш на коментар на некој што доста се посветил на светото писмо.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А тоа што си пронашол контрадикторности во библијата ти е добро...
Каде јас тоа сум пронашол контрадикторности во Библијата?
Ајде цитирај две мои изјави кои противречат една на друга?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Утре МИКИ1 се фино ќе ни објасни:vozbud:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Дали постои можност да биле деца на татко му од друга жена?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Цитат:
„Утре МИКИ1 се фино ќе ни објасни:vozbud:
Коментар:
Ја го и Мики1.
Мајката Божја, Марија, немала други деца освен Синот Божји, Христос Бог. Другите деца кои се споменувани во Евангелијата, тоа се децата од праведниот Јовиф, формалниот сопруг на Мајката Божја, од неговот претходен брак.
И толки! Никакви шпекулации не се потребни за тоа дали Марија имала и други деца. Немала, оти нејзината улога во овој свет се исполнила со тоа што го родила Христа, со безгрешно зачнување, со осенувањето/силата на Светиот Дух.
А тоа што на некои места се споменува изразот „брат Христов“, притоа не се мисли на роднинска релација „брат-брат„,, туку на тоа каков е Христовиот однос/блискост кон сите кои му се приклонуваат. Затоа, во православието се вели дека сите кои веруваат во Христа, се „браќа и сестри во/по Христа„.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Матеј 13
Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда
И Неговите сестри не се ли сите со нас? Откаде Му е тогаш на Овој сето тоа...
Ова недвосмислено покажува дека Исус има браќа и сестри... оти предходниот стих се однесува директно на него не на неговото учење....тие не се атрибути на они е кои го следеле по вера...
Нема ништо спорно во тоа дури уште повеќе ја потврдува природата на Исус -Богочовекот...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Затоа Светите Оци и го толкуваат Писмото, а не некои самоповикани толкувачи. Никаде и никој од нив (Оците) не вели дека Мајката Божја имала други деца освен првородениот и единствениот Хростос. Веќе напишав дека другите се деца од претходниот брак од парведниот Јосиф, значи, не се биолошки браќа и сестри Христови, како што Јосиф не е биолошки татко Христов.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
А дали ти Мики мислиш дека јас како самоповикан толкувач сум дошол до овој заклучок...и кои се светите Оци..Ако не први меѓу еднаквите...
Инаку никој ама баш никој неможе да го оспори божанското потекло на Исус..ама тоа не значи дека Јосиф и Марија не се обични луѓе искористени да се оствари Божјата волја..А како такви зошто да не би имале и други деца..
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали постои можност да биле деца на татко му од друга жена?
Таа можност е сосема негирана од неколку причини:

1. Нема никакви историски докази дека Јосиф имал друга жена пред Марија.

2. Во изворниот старогрчки јазик на кој е напишан Новиот Завет, во наведените стихови за зборот "браќа" се користи зборот "αδελφός" (adelphos), кој пак води корени од грчкиот збор "δελφυς" (delphus) што значи "утроба", а во контекстов "од иста утроба". Од тука недвосмислено следи дека Јаков, Јосиф, Симон и Јуда биле браќа на Исус од истата утроба на Марија.

3. Интересен е библискиот стих:
"И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус." (Матеј 1:25)

Две работи се интересни тука.
Прво, стихот јасно вели "додека". Доколку Јосиф и Марија никогаш немале односи, тогаш или немаше да го има ова "додека", или пак на негово место ќе стоеше зборот "никогаш". Но не е така, стихот јасно вели дека Јосиф и Марија немале односи ДОДЕКА таа не Го родила Исус, а потоа се разбира си имале (доказ за тоа се браќата и сестрите на Исус
)


Друга работа, што веќе беше дискутирана, е тоа дека Исус тука е наречен Првороден. Доколку Јосиф и Марија немале други деца Тој ќе беше наречен ЕДИНСТВЕН, но бидејќи имале, затоа е наречен Првороден.

4. Многу православни (како и MIKI1) сакаат да си ја бранат својата црковна догма велејќи дека терминот "браќа" се однесува на учениците на Христос. Но Светото Писмо тоа не го дозволува бидејќи во многу стихови браќата на Исус и Неговите ученици се јасно раздвоени, како на пример следниов стих:

"Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена. "
(Јован 2:12)


5. Нема никаква теолошка причина да ја правиме Марија вечна девица. Таа својата божествена мисија си ја завршила со тоа што таа девствено го родила Христос. Нема никакви причини да се барало од Марија таа и понатаму да остане девица. Таа е Божја слугинка, а Божјиот фокус бил во Христос, кој пак бил надвор од утробата на Марија.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Цитат:
„А дали ти Мики мислиш дека јас како самоповикан толкувач сум дошол до овој заклучок...и кои се светите Оци..Ако не први меѓу еднаквите...
Инаку никој ама баш никој неможе да го оспори божанското потекло на Исус..ама тоа не значи дека Јосиф и Марија не се обични луѓе искористени да се оствари Божјата волја..А како такви зошто да не би имале и други деца..„
Коментар:
1. „Самоповикан толкувач„ не се однесува до Маркус. Се однесува општо, на „толкувачи „ кои го толкуваат она кое е веќе истолкувано.
2. На памет не ми паѓа да кажам дека Христос не е Богочовек. Православниот догмат (види, на пр, Св. Јован Дамаскин, „Точно изложување на прaвославната вера„) јасно и гласно обајснува дека Христос има двојна природа: божествена (од Синот Божји) и човечка (од Исус Христос)
3. Јосив и Марија се обични луѓе и ништо повеќе од тоа. Марија е одбрана ( и подготвувана, од Божјата прмисла) да го роди Христа, оти до неа, ниедна друга жена не била достојна да го роди Синот Божји. Јосиф е одбран (според Светото Предание, не според мене) од Светиот Дух, за да биде „про-форма„ Мариин сопруг, и тоа на негови поодминати години (ај да не шпекулираме што би било кога Јосив би имал 30 а не преку 65 години). Неслучајно Јосив е наречен „праведен„ а не „багабонт„. Бог не би ја доделил мајката Божја на никаков отпадник.

Цитат:
1. Нема никакви историски докази дека Јосиф имал друга жена пред Марија.„
Коментар:
Нормално дека нема. Историјата не се занимава со Мајката Божја, туку со Цезар и Наполеон. Но затоа тука се толкувањата од Светите Оци.
Цитат:
2. Во изворниот старогрчки јазик на кој е напишан Новиот Завет, во наведените стихови за зборот "браќа" се користи зборот "αδελφός" (adelphos), кој пак води корени од грчкиот збор "δελφυς" (delphus) што значи "утроба", а во контекстов "од иста утроба". Од тука недвосмислено следи дека Јаков, Јосиф, Симон и Јуда биле браќа на Исус од истата утроба на Марија.„
Коментар:
Тоа е рационален заклучок а не Светоотечко толкување на Евангелијата.
Цитат:
5. Нема никаква теолошка причина да ја правиме Марија вечна девица. Таа својата божествена мисија си ја завршила со тоа што таа девствено го родила Христос. Нема никакви причини да се барало од Марија таа и понатаму да остане девица. Таа е Божја слугинка, а Божјиот фокус бил во Христос, кој пак бил надвор од утробата на Марија.„
Коментар:
Мајката Божја била девојка пред да зачне безгрешно и останала девојка по раѓањето Христово. Нема тука ништо контрадикторно, имајќи на ум дека и Христовото зачнување е надпрородно, со осенувањето/силата на Светиот Дух, а не по природниот тек од работите. Христос е роден, по природен пат, без никакви чуда, токму од мајката Божја а не „надвор„ (???) од неа.

Веќе споменав на што се однесува зборот „браќа Христови„ а тоа се децата кои Јосив ги имал од својот претходен брак.
Христос е едниственото Мариино чедо, после кое нема други деца.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom