Благосостојбата на една држава се мери во БДП/глава на жител. Значи од осмолетка математика. Благосостојбата на државата е обратнопропорционална од бројот на жителите. Затоа во Кина има политика на едно дете. Ако сака да се збогати државата треба да ја контролира популација. Ако имаме многу деца ќе живееме помизерно. Се е хедонизам.
БДП ти е мерка за благосостојба, ама кога гледаш од страна на коорпорациите, бидејќи физички тоа претставува мерка за број на производени производи во државата а со тоа и број на продадени производи, што гледано од страна на CEO на одредена коорпорација е одлично т.е има голем профит.
Е сега, бидејќи многу економисти немаат благе везе од дискретна математика а тука се и тие што ги поставиле основите на оваа теорија, БДП не може вечно да расте на ограничен пазар т.е на планетата сме 7 милијарди, тоа е голема бројка ама е конечна, што значи коорпорациите мора да ги прават производите да се оштетуваат на одреден период и нивното сервисирање да е скапо, за да мораш да купиш нов производ, а со тоа да го зголемиш БДП-то. А што се случува со стариот производ, бидејќи пред се и просторот што го поседуваме, како стан или куќа е ограничен? Се знае оди на буниште.
Од тука може да резимираме дека што поголемо БДП, тоа поголемо буниште ќе имаме. И со ова паѓа целата таа теорија за благосостојба на една држава се мери во БДП/глава на жител, бидејќи физички мерката значи ѓубре по глава на жител, штета што економските теории немаат докази бидејќи ретко која би била успешно докажана.
Инаку на темата, мислам дека најдоброто нешто е растење на деца, нема подобра работа од тоа, меѓутоа кај нас во Македонија, бидејќи нели живееме во брзо време, т.е време во кое само работиме како робови, многу не се одлучуваат на деца и брак баш заради тоа што немаат време да му посветат, тука е проблемот дали Македонците ќе станат малцинство, па подобро да станат бидејќи ќе добијат подобри привилегии од тие што моментално ги имаат, што е и позитивна работа.