Момче, може да трча, склекови да прави, гуштеров лет, стомачни, но тоа што го мисли на државата треба да го напише.
И вели.
Програма на ВМРО-ДПМНЕ.
Линк:
http://www.vmro-dpmne.org.mk/Dokumenti/Programa 2008-2012.pdf
Страна 147, Надворешна политика:
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик.
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија, нема да дозволи какво било решение и каков било компромис за спорот кој го наметна Грција, да бидат прифатени од страна на поединци политичари, влада или парламентот, без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните преку референдум, и мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на тој референдум да се согласи за тоа решение.
Јас како цивилизиран човек и академски граѓанин не познавам друг начин на комуникација со политичка партија.
Напишал, сум прифатил, сум гласал, нема мрдање.
Де да видам сега од СДСМ, израдувај ме.