ВМРО ќе започне да го остварува ветеното доколку се реализираат ваквите кривични пријави како оваа во Прилеп:
Мамела за да се стекне со имот
Поранешниот управител во ГП "Техника-Прилеп" АД и ГАД "Техника"-Прилеп М.И. (52) од Прилеп, заработила кривични дела "злоупотреба на службената положба и овластување" и "перење пари и други приноси од казниво дело". Прилепската полиција открила дека во периодот од 1999-2000 година, М.И. со намера да се стекне со недвижен имот, при поделба на друштвото ГП "Техника-Прилеп" во две посебни правни лица, во делбените биланси одбегнала да прикаже деловни и станбени простории во вредност од 6.777.126 денари, сопственост на ГП "Техника". По ова, во периодот од 2002-2006 година, изготвила фиктивни договори со кои ГП "Техника" наводно во 1993 година и го продаваат имотот на нејзината мајка, по што договорите ги заверила на нотар, ги пријавила во Катастарот на име на нејзината мајка и се стекнала со право на сопственост.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=DDD7CE1891BBBA46A0F23DB9BDA1C8E9
Инаку порано,токму во тој период управител на споменатото претпријатие беше М.И. која можеби по “случајност“ е еден од родителите на Председателот (актуелен) на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп.А ваквата вест ќе ја врати довербата кај многу настрадани фамилии од споменатата фирма кој останаа на улица,но само доколку кривичната пријава навистина добие праведна судска завршница.
