Историски највисока стапка на пораст н 99 а економијата од 5,1% во 2007;
99 Најнизок рамен данок во Европа од 10%, со целосно ослободување од оданочување на ре-
инвестираната добивка;
99 Двојно повисоки странски директни инвестиции во износ од 240 милиони евра во 2007 и
100 милиони евра во првите 2 месеци од 2008;
99 Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Сосиете Женерал, Шведска млекарница, Мобилко Австрија,
Хипо Алпе Адриа лизинг, Сава Ре осигурување, Триглав осигурување, Лакталис од Франција
преку Данјуб Груп, Мајлстоун, ИБ Ц Израел, Газит Глоуб Израел, Поршебанк, Кејблтел, Цен-
трална Кооперативна банка – се веќе македонски фирми!;
99 Јавните инвестиции зголемени од 3% од БДП во 2006 на 4% во 2007 и 5,9% во 2008;
99 Стапката на инвестиции (домашни и странски) порасна од 21,9% на 24,2% од БДП;
99 Инвестициите во машини и опрема во 2007 остварија пораст од 25%;
99 Историски највисока стапка на пораст на извозот од 40% во 2007;
99 Јавниот долг е намален за 303,6 милиони евра односно 470 милиони американски долари,
со предвремена отплата на обврски во износ од 245 милиони евра, односно 380 милиони
американски долари;
99 Историски најниско ниво на јавен долг од 24,8% од БДП во февруари 2008, наспроти 38%
во 2006;
99 Надворешниот јавен долг е намален за 200 милиони евра во 2007 година, односно од 25%
од БДП во 2006 година на 19% во 2007 година;
99 И покрај намалувањето на даночните стапки, приходите во Буџетот во 2007 година се пови-
соки за 20% во однос на претходната година, а истото е случај и во изминатиот период од
2008 во однос на 2007 година;
99 Зголемен кредитен рејтинг на Република Македонија од ББ +/стабилен во 2006 година на
ББ +/позитивен во 2007 година;
99 Бројот на платежни картички во оптек, од септември 2006 до март 2008 година, е зголемен
за 256%, а бројот на трговци кај кои може да се плати со картичка е зголемен од 5.903 на
18.210;
9
ПРЕРОДБА ВО 100 ЧЕКОРИ - над граде на и про ширена
Интензивирана борба против даночната евазија преку целосна компјутеризација 99 на базата
на податоци на УЈП, зајакнати контроли и целосна фискализација на пазарните субјекти;
99 Зајакната координација во борбата против организираниот криминал на УЈП, Царинската
управа, МВР, Финансиската полиција и Управата за спречување на перење пари;
99 Зголемен поврат на ДДВ во 2007 година за 36% во споредба со 2006 година. Повратот на
ДДВ се остварува во законскиот рок од 30 дена, при што кај големите даночни обврзници
90% од повратот се врши во рок од 15 дена;
99 Изедначени акцизни стапки кај цигарите од домашно и странско производство со цел суз-
бивање на шверцот со цигари;
99 Иако се намалени царинските стапки, зголемена е наплатата на увозните давачки за 40% во
2007 година, споредено со 2006 година;
99 Регулирање на закупничките односи на изградено градежно земјиште, со цел да се интен-
зивира процесот на приватизација;
99 Донесени се неколку нови закони: Закон за банки, Закон за заштита на потрошувачи при
користење на потрошувачки кредити, Закон за платен промет, Закон за инвестициски фон-
дови, Закон за јавни набавки и Закон за јавна финансиска контрола;
99 Царинската управа во соработка со британската Crown Agents работи на подобрување на
нејзината ефикасност, поефикасен и побрз проток на стоки и зголемена наплата на царин-
ските приходи;
99 Набавени се 4 рентгенски системи во Царинската управа за инспекција на возила со големи
димензии и контејнери. Овие мобилни скенери ќе придонесат за забрзување на протокот
на стоки и за поефикасно сузбивање на прекуграничниот криминал, шверцот на стоки и
корупцијата;
99 Македонија е рангирана на 4. место на листата на најдобри реформатори за бизнис-клима
во светот, во согласност со Извештајот Doing Business 2008 на Светска банка;
99 Воспоставен е редовен дијалог со бизнис-заедницата, со средби со стопанските комори нај-
малку еднаш месечно;
99 Намалени трошоци за 50% за добивање дозволи, уверенија, лични документи, такси за ре-
гистрација и сл. со проектот Регулаторна гилотина;
99 Укинати се над 500 непотребни закони и подзаконски акти преку проектот Регулаторна ги-
лотина;
99 Започнато воведување на правилото Молчењето е одобрување во десетина закони. Законот
за општа и управна постапка во кој е предвидено ова правило е во собраниска процедура;