Според мене, ако не постои душа, или како сакате наречете ја, луѓето би биле само еден вид на роботи. Без неа, не би имале чувства и емоции.
А сега, после смртта на телото, дали 'таа' продолжува да постои или не, дали преминва во друго тело или не знам каде, зависи од тоа во што верувате. За жал никогаш нема да дознаеме, само кога ќе умриме, а никој не се вратил да ни кажи.
И не знам шо сте запнале да докажвате дека душата не постои. Како прво, најлогично е да се барат докази дека нешто постои, а не дека не постои. А и како и да е, тоа е нешто шо никогаш нема да можи да се докажи. И зато секогаш ќе постојат оние шо веруваат дека има такво нешто како душата, и оние што не веруваат.
Лично за мене да си кажам, не верувам во тоа дека после смртта душата си бара нов сопственик, или дека оди во рајот, пеколот или не знам шо. Ама вервам дека постои нешто поќе од телото, нешто шо ете го нарекват душа. Всушност, не знам баш во шо точно верувам. Ама важно сите тие работи се измислени од религијата, и луѓето го прифаќаат за полесно да се справат со смртта ( како шо рече некој пред мене)