- Член од
- 18 ноември 2005
- Мислења
- 271
- Поени од реакции
- 4
ДУИ се закани, нема да го почитува законот за полиција, бил партиски. Бараат градоначалниците да ги именуваат командирите на полициските станици, а не МВР, како што е сега предвидено во законот.
„Нема да го спроведуваме во сите општини каде советниците имаат право да изберат командант на полициска станица. Овој закон го гази самиот регионалниот секторите во Тетово, тоа и го кажав и на министерката. Министерката и оваа министерство имаат назначено човек кој не ги исполнува условите на законот, што е во сила. Албанец е, но не ги исполнува условите“, изјави Невзат Бејта, градоначалник на Гостивар ДУИ.
„Ова е единствената реалност, тие сакаат свои луѓе да наметнуваат, за да ги предводат тие полициски санкции. Сите знаеме дека од 2002 година до 2006-та како функционираше полицијата во западна Македонија. За началникот на Тетово јас јавно тврдам дека ги исполнува сите услови“, вели Беким Фазлиу, градоначалник на Сарај.
За министерката Јанкуловска законот кој се спроведува, е добар. Според него веќе биле именувани 22 командири на полициски станици.
„Ние сме надлежни почнувајќи од 11-ти месец, доследно да го спроведеме законот за полицијата онаков каков што е“, рече Гордана Јанкуловска.
Дел од градоначалниците апелираат до своите колеги законот да го прифатат, бидејќи со него граѓаните за првпат имаат влијание врз полицијата.
„Пред 2006-та, минатата Влада, владата на СДСМ и ДУИ го донесе, го подготви овој текст на закон кој нема никакви измени. Владата на господинот Груевски само го донесе во парламентот овој закон“, изјави Коце Трајановски, градоначалник на Гази Баба - ВМРО-ДПМНЕ.
Советот на Европа во последниот извештај побара конечно да се спроведат и во пракса полициските реформи, кои се еден од условите за членство во НАТО и ЕУ.
Pa do koga be majka mu stara. Do koga vise so ovie gluposti. Koj se oni da ne pocituvaat zakon, Ke se najde li nekoj da im objasni na ovie deka nemoze taka da se organizira drzava. I posle sakaat sozivot, si pravat sto sakaat.