- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 75
Грција влегува во дипломатска офанзива. Во следните шест месеци со сите алатки ќе се ослабува Македонија. Високи извори од САД за Канал 5 откриваат за грчкиот план. Метод во пет чекори – ќе се атакува на сите страни – да се слабее позицијата во спорот, со крајна цел, Македонија да се откаже од преговорите.
Изворите велат оти во планот се потенцира силната заложба, Македонија да го изгуби спорот во Хаг - Атина ќе открива нови аргументи. Се очекува на почетокот на пролетта, Грција кога усно ќе ја брани својата страна да направи пресврт во судискиот процес.
Очекувањата се до крајот на следната година веќе да Меѓународниот суд на правда да донесе одлука. Главниот проблем со кој Грција не може да излезе на крај е потпишаната спогодба во 1995 година во Обединетите нации - документ кој ја става во неповолна позиција, а ја притиска и меѓународната заедница.
Високи дипломати од САД кои инсистираат да останат анонимни велат дека Америка очекува договор на Скопје и Атина до јуни. Постоеле силни аргументи кои давале гаранција дека проблемот треба да влезе во крајна фаза. Она што и пречело на Грција е Македонија што не ги прифаќа сите нејзини барања за кои има поддршка од оделни структури.
Преговарачкиот процес е во мирувачка фаза. Откако Македонија доби извинување од кабинетот на Генералниот секретар на Обединетите нации за бришењето на придавката „македонски“ од Регистарот на организацијата, по неколку дена и Бан Ки Мун лично се извини.
Во телефонски разговор со министерот Милошоски убедувал дека Обединетите нации имаат принципиелен став за неменување на националните обележја на било кој народ. Во разговорот Милошоски побарал медијаторот Нимиц повторно да дојде во Скопје и да даде нова енергија во разговорите за името.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=67312
Еве и докази дека имаат нешто на ум, доколку се земат во предвид претходните модификации во личната карта на Р. Македонија во ОН. Понижувањето не застанува овде!
Грција побара промена на името на Македонската риболовната федерација
Светската риболовна федерација за слатки води (ЦИПС) побара од Македонската федерација, да го смени името од Македонска во Риболовна федерација на ФИРОМ, а сето тоа по налог на грчките риболовци....
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=67315 -прочитајте ја целата вест.