Во животот многу работи ни изгледаат привлечни, ама не ги правиме затоа што потоа (може да) се каеме.
По ова прашање имам цврст став, кој не го менувам. За мене сексот е резултат на љубов, така го гледам, и тоа е тоа...
Секој има право да го живее животот како што сака... ама кон тие што имале, немам некое добро мислење. Всушност, имам многу лошо мислење, оти по однесувањето, се гледа каква личност е некој. А за некој што имал секс само заради секс, уште повеќе, не само со една личност истовремено, мислам дека не е ни изградена вистинска личност, не знае што сака, уште помалку знае што е вистинска љубов.