Група Ц: Франција - Италија 17.јуни 20:45

Статус
Затворена за нови мислења.

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
Вила заедно со Торес можат вода да му носат на Лука ТОНИ ова да ти биди јасно бидејќи Тони за Баерн постигна појке голови од овие двајцата заедно.
Немој да бидеш мн сигурен:)дефинитивно си заборавил кој е Ел нињо:):helou:
 

F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.006
Поени од реакции
393
Ихх не му одеше, јес да не даде гол ама сети се на кој ми го направија пеналот кој воедно вредеше и црвен картон.
А уствари додека го чекаме да “збесне“ Тони, Виља и Торес со задоволство би ја искористиле секоја дадена шанса за гол, па сеа ти види.

Ииии се залетавте да куткате на колена а, браво бе, кој е како вас.
И не реков дека не е добар голман Буфон, човекот е фантастичен, ама некои удари едноставно не се бранат, прашај ги Руд, Снајдер, Џио, Муту...
Хаха баш ме насмеа... А Шпанија со кој беше во групата??? Со Тунис, Монако и Грција?? Па оваа мислам дека беше група на смртта а не Италија, Холандија, Франција и Романија... Секоја чест што ја поминавте групата... Сепак беше група на смртта..:pos2::pos2::pos2:
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Еј INVINCIBLE слишам Англија ке играла дирекс финале?? Вистина бе?? Ако е вистина секоја чест... Ама јас колку што знам Коцкестите ги попарија... А за Италија немаш право да зборуваш... Таа по секако ке биди Европски шампион... Позрдав до лојалните фанови на Италија...Forza Italija....
А кој рече нешто за Англија? И од каде ме поврза мене со Англија? И шо лошо ви кажав?
Дека сум за Манчестер и мора да сум за Англија?:tapp::tapp:
Летнавте во облаци со победата против Франција! Каде бевте да се силите после натпреварот со Холандија? Каде бевте против Романија, кога не можеа да дадат втор гол Италијанците? Не сум анти Италија, да не бидам сфатен грешка само сакам да сте реални, да не се занесувате ептен.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Абе не скокајте премногу високо, и Франција како и Италија играат мизерно на ова првенство. Таква е реалноста.

Головите на Италија беа...:) ај нема врска, гол си е гол што би рекле. Сепак играта им е под ниво на Светски првак, далеку подоле.
Се провлекоа во наредна фаза.
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Хаха баш ме насмеа... А Шпанија со кој беше во групата??? Со Тунис, Монако и Грција?? Па оваа мислам дека беше група на смртта а не Италија, Холандија, Франција и Романија... Секоја чест што ја поминавте групата... Сепак беше група на смртта..:pos2::pos2::pos2:
А што покажа Италија во “групата на смртта“? Уби некој? Ај ќе ти кажам, НЕ!
Туку шо направи, го прими на големо од Холандија, се искуба како кучка од к*р против од пораз против Романија и на крај победи против Фрнација на видовме каков начин, па и уште се гордеат :tapp:
Па и ја будала шо се замарам со вакви тешки аналитичари, кај може човек со вас да дебатира.

Ко ке нема човек шо да кажи ке почни и самиот на себе да си наога грешки.
Имам многу што да ти кажам по тоа прашање, ама така ти одговорив оти нема поента да се расправа со лице кое тврди дека 30-годишниот камионџија е далеку подобар напаѓач од дуото на шпанската репрезентација.
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.400
Поени од реакции
1.825
Ок, има луѓе што не виделе колку само шанси имаше Италија против Фанција па сеа викаат било нефер. Поништен чист гол против Романија (па после и тој бод бил незаслужен, па да му еба‘ мајката, не сум им ја крив што Муту е мутав и не знам да погоди пенал). Ќе стигне Италија до Финале.... се надевам.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Не ми е тоа зборот...

Знам дека сите ја сакате Македонија. Ама не знам како можете да навивате за Италија или за било која друга држава, а да не е твојата.

Не е битно колку навивате за друга репрезентација и колку повеќе навивате за Македонија, сакам да кажам дека не ми е јасно како можете да навивате за друга држава.


Мал едит: Росонерка?! Клуб и репрезентација исто е? Македонија ја носам во срцево и никоја друга држава!
А клуб е друга работа!
Во Манчестер сите се Англичани?! Сите се од иста држава?
Ако не правиш разлика меѓу репрезентација и клуб не сум ти ја крив срце.
Не се прави паметно и да ми кажуваш што е репрезентација а што е клуб! Јас дадов само пример. Кога би имале јак фудбал никој не би навивал за Италија него сите за Македонија, не би навивале повеќето за Милан, Манчестер ... туку би навивале за Вардар, Работнички и други. И не сваќај се буквално.
Ако не сакаш да навиваш за ниедна репрезентација која настапува на ЕУРО 2008 твое право. Али тоа не не прави останатите помалку или повеќе патриоти.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.977
Поени од реакции
5.594
Абе не скокајте премногу високо, и Франција како и Италија играат мизерно на ова првенство. Таква е реалноста.

Головите на Италија беа...:) ај нема врска, гол си е гол што би рекле. Сепак играта им е под ниво на Светски првак, далеку подоле.
Се провлекоа во наредна фаза.
Се сложувам..Само што Италија ги положи испитот со Франција, и помина во наредна рунда..И што Италија има шанса за поправен,а Франција не..
 

CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
:eek:lee::eek:lee::eek:lee::eek:lee:

FORZA RAGAZZI!!!! FORZA AZZURRI!!!!! Браво момци!!!!!!:aplauz::aplauz::aplauz:

Се покажа дека кога има реално и праведно судење работите си доаѓаат на свое место!!

Абидал црвен картон, италија пенал, гол.
EEEEE Bratot, ова се вика прљава игра
Што е тука прљавото?

Поглупо неможеше да биде...анти-фудбалот победи вечер.

Бар да ја даваа Холандија, да не заспијам.
Анти-фудбалот?! или можеби анти-италијанскиот фан е незадоволен затоа што имаше праведно судење?

а бе те гледам прилично си возбуден.гледам страсен навивач на италија си бил ок не е то проблем,ама ако мислиш со ваква игра каква што покажаа во првите 3 кола и играта на Шпанија во првите 2 кола ќе видиш огромна разлика,плус се и без Пирло и Гатузо така да ќе биде екстремно тешко за нив.само ако ги следи среќата како на СП2006 е тогаш можат да направат нешто.
Помирисе , Италија е во 1/4 финале!!!!!

И што сега ако идат даље?
Нека идат, шо да им правам, кога беше даден црвениот на Абидал беша јасно кој ќе тепа. А и Французите за ништо не ги бива.

Да пукнам сега?
Епа нема.

Нема да бидат шампиони Италијаните, да си знаете ФАНОВИ НА ИТАЛИЈА.
И ти помирисе!!! Шансата да станат шампиони си ја обезбедија, а дали ќе станат или не ќе видиме!! Како што кажав, помирисе дека се во 1/4 финале!!

Па јасно дека не се знае, ама со Италијаните не заслужуваат да се шампиони.
Ако бидат шампиони... Не знам што ќе направам.

И од оваа ,,група на смртта’’ излезе дека само Холандија ја бива, каква група на смрт, нема врска ова...
По кој повод тоа не заслужуваат да станат шампиони!? Затоа што со Романија судијата го одреди конечниот резултат? Или затоа што денеска поштено си ја победија Франција?

Или па можеби си нострадамус па виде дека ќе станат шампиони, ама "на среќа" и сега викаш дека било тоа незаслужено. Баш сакам подетално да ми објасниш.

Тоооооооо!!!!!!!!! Иначе мен оф д меч Даниеле Де Роси #10!!! Идемо даље!!!
Вакви квазинавивачи највеќе сум ги мрзел од се во животот, во моментите кога на тимот не му оди добри се ситат и мило им е зашто изгубиле затоа што биле дегени и незнаеле да играат, а веднаш по првиот успех се јавуваат и се прават најверни фанови!!

...И би ти препорачал да го смениш аватарот, не ти доликува да го имаш!

... а за што зборувам поточно, еве ви линк...http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=24567&page=16
(мислење #231)
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
е па ај честитки за Италија,не прикажаа игра што се очекуваше од нив али сигурно заслужија они да идат а не Романија,која на сите три утакмици играше анти-фудбал и место на дуелот со Холандија да нападнат они пак истата игра затварање у 16-ец ,е па така не се поминува група иначе голем навивач сум за Холандија навивам за нив доооолго време не дека сеа поминаа група па одма за нив уште пред еуро кажав дека сум за нив и ќе бидам пошто играат најдобар фудбал е сеа што немаат среќа у нокаут-утакмици тоа е друго
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Шо му се секираш море чупе, видиш ..Господ ме чул сепак :helou:
Да,да,даааа...

:vozbud:

Инаку за коментарот дека не е во ред да се радува човек за друга репрезентација:

Јас Македонија ја сакам повеќе од се, и да беше вечерва на местото од Италија ќе идев на плоштад да славам со македонско знаме.
Вака, за да ми биде поинтересно првенството си имам тим за кој навивам,чија игра ја сакам и почитувам.
Мило ми е што победија и одат понатаму, ама не правам пируети низ дома.
Зашто да не си правам да ми биде интересно?
А, зашто кога ќе победи твојот тим (Манчестер мислам беше) тогаш ееее се вика се урла? Се вика НАШИТЕ победија (и тоа го имам прочитано некаде)?

Се разбира дека нема будала (ок, се наоѓа по некој таков тежок случај) кој би ставил друга репрезентација пред својата. Ама ако не е влезена Македонија, не гледам зашто да не се почитува и да се навива за друга држава. Се разбира не до тој степен и жештина како што би се навивало за Македонија, но сепак, да се следат натпреварите на таа земја.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
CurvaSud_Milan напиша:
Вакви квазинавивачи највеќе сум ги мрзел од се во животот, во моментите кога на тимот не му оди добри се ситат и мило им е зашто изгубиле затоа што биле дегени и незнаеле да играат, а веднаш по првиот успех се јавуваат и се прават најверни фанови!!

...И би ти препорачал да го смениш аватарот, не ти доликува да го имаш!

... а за што зборувам поточно, еве ви линк...http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=24567&page=16
(мислење #231)
Уау брат ... немој да се правиш ни ти многу голем навивач молим те... и тоа дали ги мразиш таквите навивачи или не ич нас не не интересира овде... Човекот сакал да ги критикува и искрено да ти кажам беа за критикување. Иначе ке видиме што сега ќе направат против фуријата... само јас не би се надевал многу.
 

CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
иначе голем навивач сум за Холандија навивам за нив доооолго време не дека сеа поминаа група па одма за нив уште пред еуро кажав дека сум за нив
А што е со аватаров тогаш? Немој да ме сфатиш погрешно, не ми смета, само јас одма би помислил дека си фан на Италија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom