Не знам за вас, меѓутоа мене навистина ми е преку глава од националистички испади на „одредени“ земји, кои како програмирани, во континуитет одржуваат некаква си болна опсесија кон другите и кои константно со своите „испади“, предизвикуваат провокации. Во дадени моменти тоа звучи загрижувачки, но веќе станува и помалку смешно, земајќи во предвид дека има многу повеќе работи на кои треба и може да се посвети внимание,отколку да се создаваат се повеќе непријатели и да се создава негативна слика за самиот себе. Веќе се наближува време кога тоа ќе стане премногу провидно, за и понатаму да се убедува некој дека „конструктивноста и подготвеноста за соработка“ е нивна главна карактеристика. Меѓутоа, и покрај тоа, сепак е жалосно кога се гледа дека оној кој е компетентен да реагира на таквите провокации, честопати е премногу пасивен во таа насока, наместо од таквата ситуација да извлече што е можно повеќе,во сопствена полза. :nenene: