- Член од
- 24 ноември 2005
- Мислења
- 185
- Поени од реакции
- 1
Атина во тесно поради скандалозна видео снимка
Грозоморни песни на грчките војници
На снимката се прикажани грчки војници кои за време на воена вежба пеат: "Ќе направиме ортоми од албанските црева", а во друга: "Ќе направат чевли од кожата на Турците" и ќе го симнеле турскиот симбол од Аја Софија во Истанбул
Грчкото Министерство за одбрана вчера ја осуди видео снимката на која се прикажани грчки војници како пејат антиалбански и антитурски песни, пренесува МИА. На видео снимката, прикажана на Интернет и објавена како вест од весникот "Та Неа", се прикажани грчки војници кои за време на воена вежба пеат: "Ќе направиме ортоми од албанските црева". Во друга песна тие пејат дека: "Ќе направат чевли од кожата на Турците" и ќе го симнеле турскиот симбол од Аја Софија во Истанбул.
Како одговор на провокациите, во јужниот албански град Фиери биле запалени грчки знамиња по прикажувањето на видео снимката на албанската национална телевизија. Албанската Влада побара вчера од Грција да преземе мерки поради антиалбанските провокации во редовите на грчката армија. Заменик-министерот за одбрана на Албанија Петрит Карабина ја оквалификува видео снимката како "недопуштена и скандалозна" за една земја членка на НАТО.
"Недвосмислено осудуваме такви инциденти чија автентичност е под истрага. Таквите акти не ги изразуваат чувствата на Грците кон земја која е сосед и пријател", изјави портпаролот на Министерството Стефанос Гикас.