Градови држави... Па затоа биле градови држави. Затоа што тоа биле колонии. Не биле градови оформени од локалното население кое се сконцетрирало во една поголема населба туку тоа биле колонии, наново оформени (или возобновени веќе испустени) градови а потоа “држави“. Доселениците кои ги населиле тие градови биле гусари и разбојници и затоа ги споредив со Карибите.
Па помоќно нешто од град држава во тој период нема, арно ама не си разбрал, треба малку и социологија (пишува за тоа во едни историски извори, да не ти сервирам на тацна но еве хинт; реформите на Дракон, Солон, Клистен итн тука маааалку позаостанати арно ама јбг), за создавање на колонии си има посебен протокол арно ама не го знаеш ќе ти објаснам (ако има потреба, битно е да знаеш дека колконија оформува населба со карактеристики на град, причините се интересни).
Токму така, не се градови оформени од локалното население туку од народите после ИЕ миграции (во кои спаѓаат Хелените, Македонците, Траките, Илирите итн), уствари пред нив не постоеле ни "градови" али нема везе, а локалното население е ставено во позиција на делумно слободни граѓани или се робови (пр. Хелоти). Новите градови држави, се нови а не се возобновени (некои има врз стари населби а не градови) а структурата на населението (од ИЕ корени, но од друг сталеж, т.е. gens) се менува со еволуцијата на самите градови; трговија, занаетчиството и општествениот систем и законите.
Доселениците се бааајаги попрогресивни, ја имаат развиено металургијата т.е. тие се во Бронзено доба а домородците се во Неолит. Направи разлика кој е гусар кој е просветител.[DOUBLEPOST=1417376499][/DOUBLEPOST]
И ние не сме биле заостаати како што мислиш (или како што ти го испрале мозокот). Балканот бил ИЗВОР на писменоста (Херодот кажува дека Хелените го примиле писмото од Феничаните (Венетите) ), славјанските народи (Венетски - Хетитите) биле пионери и во металургијата на железото (кое е многу пософистицирана технологија од леењето на златото, кое може да го лее секоја будала), а и многу други придобивки... Ништо од тоа не е од Грците измислено. Дури ниту Олимпијадата...
За некои работи сме заостанати за некои не.
Писменоста потекнува од блискиот исток, благодарение на Неолитската револуција. Тука знаеш кој период бил?
Писмото се создава на итересен начин, си треба посебна тема за тоа но да не ја должиме многу, писмото не потекнува од Балканот (да не се глупираме дека одредени
симболи од Винчанската култура се букви, зошто фонетскиот систем потекнува од Феникија).
Херодот како извор... не сум сретнал да зборува за тоа. ПЛС.
Венети - Хетити ? Ова ќе биде според Анадолската хипотеза.
Кубран хипотезата (темата која ја отвори ред барон) е далеку по веродостојна, башка славјанските народи, според тебе Венетските потекнуваат од Yamna ама
културата, а Хетитите се според Анадолиската хипотеза.
Не велам дека од Грците е измислено, ниту пак од Македонците штосот е кој го адаптира, модифицира и шири така ширејќи го своето влијание; културно и политичко.[DOUBLEPOST=1417376787][/DOUBLEPOST]
Дека генетски анализи се правени од Македонците :
http://www.blic.rs/Vesti/Drustvo/302707/DNK-analize-Srbi-Hrvati-i-Bosanci-su-najslicniji (ова прво го најдов и знам дека ќе го карактеризираш како нерелевантен извор, ама ако сакаш барај порелевантни извори, јас ниту имам време ниту воља на некоја тврда глава да и се објаснувам и да барам податоци).
Овој текст не е веродостоен, како и многуте текстови поврзани со "генетиката".
Ако имате некој линк од научно списание за генетика, магистерски труд, десертација, книга... ОК.
Генетски лајнализи се правени врз Македонците ама денешните и врз кој основ, која систематизација и анализа на фактите се правени кога никаде немам сретнато да се извади DNK примерок од гроб кој датира од 4век пне (да кажеме...).
Како прво антрополошки се слабо обработени а камо ли генетски, немаме ниту кадри ниту услови и технологија. Да не зборувам за финансиски средства... ако почнам да зборувам - чичко Ѕевс фрли ми гром![DOUBLEPOST=1417377131][/DOUBLEPOST]
А и за тоа миграциите... Многу интересна работа се...
Никакви релевантни фактори нема за тоа ( а сите ги паламудат во “научниот“ свет) но сите ги копираат и препишуваат теориите еден од друг секогаш повикувајќи са на претходникот (нели, “релевантен“ извор мора да се има) па така добиваат тие теории “на тежина“.... А ваму бараш да ти најдам релевантни извори за моето тврдење за бојата на кожата и косата на староседелците во Европа ?!?
Чичко Ѕевс (кој е ИЕ) it's very dissapoint...
Не ми се верува
