Гробот на Александар Македонски?

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Паско ја прекопа Македонија, ја реновираше до некаде Охридската тврдина, пронајде златни маски, ракавици и т.н. - со тоа покажа дека она што се наоѓа по странските музеи е исто со она што го пронајде и тој во Македонија што значи дека сето тоа е крадено од овде. Колку-толку со тоа допринесе во јакнење на македонската свест за својата посебност и историски континуитет.
Е па видиш, тоа сигурно на некого му попречи колку и да ти изгледа тоа смешно. Да си се занимаваше со откривање на Словени и словенски живеалишта никому ништо, ама тој ваму ми чепка во антиката ти се молам, а тоа е исто како во очи да му копа на некого...
Па сега си го ставија ЛилчИЌ исто како порано БабИЌ...
Си слушнал нешто дека се работи во археологијата сега? Се копа нешто ама само некои базилики се наоѓаат од доцна антика најрано...
Не е Цане наш во прашање туку севкупниот момент околу Паско, а Цане е само јаготката врз шлагот...
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
На моменталниов "естаблишмент" не му одговарало да се најде/открие гробот на Ацо во Македонија па затоа Паско го тргнале на страна. Боже Петра.:icon_lol:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.387
Немешајте баби и жаби,секој поупатен знае дека Паско покрај тоа што го извади и покажа на јавноста,има засебе земено неколкукратно повеќе.Луѓе кажуваат за `златниот крст со камења` кои го продавале со ЉуБчо во Хонг Конг,се зборува и за уште неколку маски,а не само за 2,....

Претерал со работите и затоа го стигна казната.Све има граници па и попуштањето ради допринос кон државата
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Луѓето кажуваат... Се зборува....Дали го осудија за тоа? Каде се доказите?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.387
Па бараше нацистичко злато со приватна фирма а за тоа си ги повика МВР да го обезбедуваат.Кој гарантира дека ако најдеше нешто ќе ја викнеше власта да им го покаже и поклони пронајденото?

јас мислам дека магла ќе фатеше
 
R.1

Член од
23 јануари 2014
Мислења
149
Поени од реакции
59
Само глуп човек што ќе го најде гробот го пријавува... А тоа сака да го направи Влада на Р. Македонија да каже да ние сме македонци да не знае светот, па кој го боли к*р кој сме и што сме?
Ако има таков што ќе го најде гробот и ќе го отвори, зошто би му бил Алексо кога и самиот не би бил свесен што има в раце... Мок, сила... Зевс...
Не знаеме какви работи се ова со Ацета, ние смртниците.
 
TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
371
Поени од реакции
473
Само глуп човек што ќе го најде гробот го пријавува... А тоа сака да го направи Влада на Р. Македонија да каже да ние сме македонци да не знае светот, па кој го боли к*р кој сме и што сме?
Ако има таков што ќе го најде гробот и ќе го отвори, зошто би му бил Алексо кога и самиот не би бил свесен што има в раце... Мок, сила... Зевс...
Не знаеме какви работи се ова со Ацета, ние смртниците.
И те како ќе се освести кога ќе види злато...:)
 
R.1

Член од
23 јануари 2014
Мислења
149
Поени од реакции
59
И те како ќе се освести кога ќе види злато...:)
Не! Злато треба да има, но тоа е за задгробниот живот на Кралот, и дарови за Зевс, не ти требаат кога ќе ја имаш Силата. Ќе дојдеш до ново богатство.Ќе имаш се со Силата.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Паско ја прекопа Македонија, ја реновираше до некаде Охридската тврдина, пронајде златни маски, ракавици и т.н. - со тоа покажа дека она што се наоѓа по странските музеи е исто со она што го пронајде и тој во Македонија што значи дека сето тоа е крадено од овде. Колку-толку со тоа допринесе во јакнење на македонската свест за својата посебност и историски континуитет.
Е па видиш, тоа сигурно на некого му попречи колку и да ти изгледа тоа смешно. Да си се занимаваше со откривање на Словени и словенски живеалишта никому ништо, ама тој ваму ми чепка во антиката ти се молам, а тоа е исто како во очи да му копа на некого...
Па сега си го ставија ЛилчИЌ исто како порано БабИЌ...
Си слушнал нешто дека се работи во археологијата сега? Се копа нешто ама само некои базилики се наоѓаат од доцна антика најрано...
Не е Цане наш во прашање туку севкупниот момент околу Паско, а Цане е само јаготката врз шлагот...
Македонија додека да се прекопа... упм.
Златните маски, ракавици, кнемиди итн се од 5век пне (кнежевски погребувања) и се импорт.
Овде да зборуваме за јакнење на некоја си свест, посебност и историски континуитет е апсурдно.
Бабиќ и Лилчиќ. Ако те интересира ова поле тие ти се a must read. (не за џабе)

Моментално се работи на Скупи, Билазора, Маркови Кули (Водно), средновековен лок. во близина на Американската амбасада, Висока (Пелагонија)... толку ми текнува (има посебна тема постиравме вести нон стоп). Летсока имаше уште но мислам дека тие кампањи се завршени за оваа година.

Архео фамили ради добро годинава, срамота е да се каже само некои базилики (ако бараш некој индентитет поблиску ти се базиликите одколку Шандор...)

А чичко Паско и приватниот бизнис .... no comment.

(да се разбереме; гробот е во Егејска Македонија, ако е на Балкан а не е )[DOUBLEPOST=1414927159][/DOUBLEPOST]
Ако има таков што ќе го најде гробот и ќе го отвори, зошто би му бил Алексо кога и самиот не би бил свесен што има в раце... Мок, сила... Зевс...
Па веројатно има моќ, сила, два Ѕевса, космичко разбирање, слога југомаднат...
 
R.1

Член од
23 јануари 2014
Мислења
149
Поени од реакции
59
јас во вражачи не верувам, само вопишан документ,
две работи не се најдени,
-Рајската градина ( само се претпоставува каде била ) и
-Гробот на Александар III
можеби се поврзани, едно со друго, затоа не се најдени век и векова.
Колку мина пред Паско и Лилчиќ го барале гробот... и колку уште ќе го бараат...
Многу е лесно да се најде.. општо се...ама ако се знае ... :)
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075

Дефинитивно се поврзани. Јас секогаш кога одам на гробишта ми мириса на рајот... просто губам желба да си одам од таму. Понекогаш дури и си мислам ако тука ми мириса на рај, да легнам у гроб некој сигурно ќе биде како рајска градина. Што има поубаво од тоа да бидеш закопан под земја.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
720
Поени од реакции
606
ЕУ и НАТО вршат притисок за Амфиполис?

Информативниот грчки интернет-портал „Грик рипортер“ објави текст под наслов „Политиката погребена во Амфиполис и во Македонија“, посветен за проблемот со името и за поврзаноста на гробницата со спорот меѓу Скопје и Атина. Во објавеното се вели дека грчките археолози се сигурни оти во Амфиполис е погребен или Александар Велики или некој угледен член од неговото семејство, но дека ЕУ и НАТО вршат силен притисок врз Грција и не ѝ дозволуваат да продолжи со ископувањата, бидејќи би се докажало дека Македонија 100 отсто им припаѓа на Грците и дека тоа што би се откопало во Амфиполис би било еден силен аргумент за Атина во преговорите за името. Порталот пренесува и дека ЕУ и НАТО отворено го поддржуваат членството на Македонија во евроатлантските институции и дека наводно поради тоа грчкиот амбасадор во Германија, Панајотис Зографос, се повлекол од функцијата во септември годинава.
извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=117142145372&id=9&prilog=0&setIzdanie=23317
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Знаат дека во Амфиполис нема да пронајдат НИШТО ГРЧКО! Затоа и ќе престанат со ископување - за да не ја пронајдат вистината, а таа е МАКЕДОНСКА!
Па после ЕУ и НАТО им забранувале?!? САМИТЕ ТИЕ се оние кои не сакаат да копаат, затоа што копањето веќе не е тајно, очите на јавноста се свртени кон нивните ископувања и многу им е тешко да скријат или уништат нешто “непријатно“ за нив што евентуално би пронашле...
Оправдувањето е како она на лисицата за киселото грозје кое не можела да го достигне, па си нашла оправдување дека не вреди да се труди да го достигне бидејќи сигурно грозјето е кисело... Само што, лисицата после тоа си заминала од под лозницата, а овие творови немаат таква намера.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Je li riješena jedna od najvećih zagonetki svjetske arheologije?
U tajanstvenoj grobnici iz vremena Aleksandra Makedonskog, čije je otkriće prije nekoliko mjeseci izazvalo spekulacije da se radi o počivalištu slavnog vladara, nalaze se ostaci crvenokosog muškarca koji je, prema arheolozima, sigurno bio slavni zapovjednik, piše u ponedjeljak Daily Mail.

http://dnevnik.hr/vijesti/svijet/amfipol-tajanstvena-grobnica-u-grckoj-skriva-ostatke-slavnog-zapovjednika---361209.html
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Мене ми е страв пак да не подметнат (како со гробницата во Кутлеш) натписи, артефакти и сл. со што ќе “докажат“ дека тоа е навистина гробницата на “грчкиот“ Александар III...
Фалсификатите и подметнувањето не се нешто непознато за нашиве соседи (од сите страни, а посебно јужните и источните).
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Мене ми е страв пак да не подметнат (како со гробницата во Кутлеш) натписи, артефакти и сл. со што ќе “докажат“ дека тоа е навистина гробницата на “грчкиот“ Александар III...
Фалсификатите и подметнувањето не се нешто непознато за нашиве соседи (од сите страни, а посебно јужните и источните).
Мене друго ми е прашањето,ако гробот се најде овдека во Македонија што би сторила власта?Дали ќе прикрие или тоа јавно ќе го обзнани на светот?Бидејќи ние немаме само непријатели однадвор,значителен број ги има и во државава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom