Кога човек некому ќе направи зло и еден ден ќе сфати дека тоа нему лично повеќе му наштетило отколку на тој другиот. Страшна работа е тоа, и тој човек мора добро да размисли за тоа и да извлече поука. И бескрупулозноста на некои што уво ги боли е страшна, но ова знае да биде и пострашно, самото по себе е грев човек да се измачува себеси, и религиски гледано е еден облик на преголема гордост, кога Бог простува се, тогаш и човек мора да си прости а не свесно или несвесно да се става над Бога со тоа што нема да си прости.
Можеби и Јуда Искариотски можел да се покае да сакал, бидејќи со делата и не испаднал многу полош од Петар кој од страв се откажал од Христа, и грижата на совеста го натерала да се убие.