Грешки кои родителите ги прават со малите деца

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Децата не доаѓаат со упатство за употреба. Децата кои се во фаза на проодување се полни со енергија и желни да ја тестираат вашата сила и своите нозе. Токму затоа малку е потешко со нив. Еве девет грешки што секој родител кој има дете во фаза на проодување треба да ги избегнува.

Грешка бр.1: Недоследност

Малите деца се најдобри кога знаат што да очекуваат, како на пример кога е време за капење, кога е време за во кревет или кои се последиците што следуваат ако не се однесуваат убаво. Колку попредвидливи се работите околу нив, толку децата ќе бидат пофлексибилни во однесувањето.

Решение: Колку што можете повеќе создавајте му редовни рутини на детето. Но, доследноста може да биде предизвик ако родителите не размислуваат исто.

Не знаете како да реагирате ако детето истури храна на подот или пак не си легне на време? Договорете се со партнерот пред време за да решите како треба да изреагирате – и држете се до таа одлука. Според експертите, важно е да не му давате различни пораки на детето.

Грешка бр.2: Премногу време поминато со семејството

Задоволство е да се биде со целото семејство. Но, некои родители претеруваат со времето поминато на овој начин. Експертите велат дека децата понекогаш сакаат да бидат и сами со едниот родител. Да се биде „еден-на-еден” со детето е забавно и за родителите, бидејќи нема натпревар помеѓу детето и братче или сестриче.

Решение: Што да правите кога сте „еден-на-еден” со детето? Едноставно седнете на подот и играјте си со него.

Грешка бр.3: Нудење премногу помош

Некои родители веднаш скокаат да му помогнат на детето ако има некоја потешкотија да направи нешто. Пред да му помогнете на детето, размислете дека можеби со тоа што му помагате да ја доврши сложувалката или да ја облече блузата му кажувате дека не може самостојно да го направи тоа – со други зборови, му велите дека е неспособно.

Експертите велат дека родителите што премногу им помагаат на своите деца, всушност им ја попречуваат способноста да станат самостојни.

Решение: Научете ги децата да се борат. Се разбира, не е лошо да дадете охрабрување или да го пофалите детето. Можете едноставно да му речете: „Ајде, ти можеш сам/а”.

Грешка бр.4: Претерано зборување

Да разговарате со вашето дете е добра идеа. Но, не и кога е време да „зауздате” некое лошо однесување.

Замислете дека мајката му рекла на двегодишното синче дека не може веднаш да јаде колачиња. Детето се буни. Мајката му објаснува дека е време за ручек. Но, детето сепак зема едно колаче. Мајката му го зема колачето и пробува да му објасни на веќе расплаканото синче зошто го направила тоа. И така се натегнуваат, а фрустрацијата расте и на двете страни.

Но, децата на таа возраст (на возраста кога проодуваат) не размислуваат логично и не можат да го усвојат тоа што го зборувате. Тие не се возрасни луѓе во мало тело.

Решение: Како на паметен начин да ги поставите правилата? Кога ќе му кажете на детето да направи нешто, не објаснувајте и не го погледнувајте во очи. Ако не ве послуша, предупредете го со зборови или пак бројте до три.

Грешка бр.5: Исклучиво што децата сакаат да јадат

Дали вашето дете јаде само пилешки прсти и помфрит? Не сака да јаде риба? Некои родители сфаќаат предоцна, но со тоа што му давате на детето „нездрава” и за него вкусна храна, правите тоа да одбива да јаде било каква друга храна.

Решение: Охрабрувајте ги децата да јадат храна за „големи”. Детето ќе сака да проба нешто ново ако види дека возрасните го јадат тоа. Ако не му се допаѓа, бидете поупорни, бидејќи на некои деца им треба барем неколку пати да пробаат нешто додека не почнат да јадат од тоа.

Нека не ве загрижува тоа што детето ја пребира храната, сите деца на таа возраст го прават тоа.

Децата сакаат да се караат околу храната. Ако кренете премногу врева околу тоа, ќе прерасне во многу поголем проблем, а навистина нема потреба. Се додека има храна во нивната чинија, не грижете се.

Грешка бр.6: Нема повеќе детско креветче

Креветчето не е само за малото да биде безбедно. Тоа му дава и добри навики во спиењето. Ако на таа возраст го ставите детето прерано во „вистински” кревет, може да му биде тешко да остане во креветот или да заспие, па така да се премести во креветот на мама и тато. Некои мајки се исцрпуваат бидејќи мораат да лежат секоја вечер со детето. А не знаат дека тие всушност ја создале таа навика.

Решение: Кога е вистинското време да се „излезе” од креветчето? Кога детето само ќе побара да спие во кревет или ќе почне да излегува од креветчето. Тоа обично се случува на возраст од 2 до 3 години.

Грешка бр.7: Прерано со тоалетот

Некои родители ги мамат децата да почнат да го употребуваат тоалетот кога тие мислат дека е време – а потоа ги прекоруваат ако нешто тргне наопаку.

Решение: Децата почнуваат да го користат тоалетот кога се подготвени за тоа. Не треба да ги брзате.

Но, можете да ги воведете во тоа. Покажете му го тоалетот на детето. Објаснете му за што служи. Ако не ви е непријатено, нека ве види детето кога вие го употребувате тоалетот – и пофалете го ако и тоа се обиде.

Но, што ако детето на 4 години е се уште во пелени? Експертите велат: „Не грижете се, ниедно дете нема да оди на факултет со пелени”.

Грешка бр.8: Премногу телевизија

Децата на оваа возраст што премногу гледаат телевизија, подоцна имаат потешкотии во учењето. А истражувањата покажуват дека децата под две години не можат да го разберат тоа што го гледаат на телевизорот или на компјутерскиот монитор.

Решение: Занимавајте го детето со читање или со други покреативни задачи. Разговарајте со него и охрабрувајте го да зборува и да слуша. Колку повеќе го одложувате гледањето телевизија толку подобро.

Грешка бр.9: Обид да се спречи лутината

Некои родители се плашат дека ако детето е гневно, тие изгледаат како неспособни родители. Но, сите деца во оваа фаза се понекогаш лути. Кога се лути, бадијала е да се трудите да ги премислите, па дури и ако се се одвива пред други луѓе или некаде надвор. Кога се расправаат со децата во јавност, родителите се чувствуваат како да имаат знак над главата на кој пишува дека се неспособни.

Решение: Запомнете дека детето вреди повеќе отколку мислењето на другите – посебно ако се непознати.

Ако некој „зјапа” или непокането ви даде совет, едноставно насмевнете се и кажете: „А вие се сеќавате како ви било кога сте биле вака лути?” Потоа тргнете се со детето на некое место каде што нема љубопитни очи додека не помине лутината. Кога ќе помине, прегрнeте го детето и продолжете со денот.

Извор: За Здравје

Дали имате нешто да додадете од сопствено искуство?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
...дете се клати на столица и се обидува да избалансира само на две нозе од столицата....неговиот татко наместо како секој "нормален" родител да почне да го кара и да му вели да не се клати на столицата...го направи следното...."слушај...кога ќе паѓаш главата свиткај ја кон градите и нозете зафрли ги наназад према главата....за да ударот не дојде на р'бетниот столб" по ова следеше објаснување од анатомија....детето едноставно изгуби било каква желба за клатење на столицата...ефектот беше постигнат....наспроти многу родители кои ќе почнат да викаaт по детето "немој....прекини ќе паднеш" и како резултат најчесто добиваат спротивен ефект....инает....на децата секогаш им е поинтересно да го прават она што им е забрането
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Само ќотек му е мајката
E тоа е најголемата грешка.
На детето родителот му е заштитник, некој што ќе го одбрани од лошото, а не некој со насилство што ги решава работите.
И меѓу другото, што човек си, ако покажуваш сила на некој што е немоќен да се одбрани?

Никогаш, никогаш не би дигнала рака никому, а посебно не на детето што јас сум го родила.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506
...дете се клати на столица и се обидува да избалансира само на две нозе од столицата....неговиот татко наместо како секој "нормален" родител да почне да го кара и да му вели да не се клати на столицата...го направи следното...."слушај...кога ќе паѓаш главата свиткај ја кон градите и нозете зафрли ги наназад према главата....за да ударот не дојде на р'бетниот столб" по ова следеше објаснување од анатомија....детето едноставно изгуби било каква желба за клатење на столицата...ефектот беше постигнат....наспроти многу родители кои ќе почнат да викаaт по детето "немој....прекини ќе паднеш" и како резултат најчесто добиваат спротивен ефект....инает....на децата секогаш им е поинтересно да го прават она што им е забрането
За деца од колку години се работи чим разбира анатомија ?:ROFLMAO:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Па они глупи и децата ги учат да бидат глупи конзументи да бидат ин да се мерат според стандардите кои ги наметнува владеачката класа преку своите медиуми. Родителите во старт се криви за се, а станеш родител утре детето ќе ти најде безброј грешки кој кур си ме стварал коа не можеш да ме изведеш на прав пат. Родителите пијат алкохол пред децата и децава ги имитираат или идат чекор понатаму или тотално ги отфрлаат. Секој бил заебан од своите родители и после децата негови му служат за да лечи комплекси и да ги казнува за тоа што му правеле пак неговите родители. Има една многу добра мисла која гласи во суштина вака ,,Едната половина од животот ни ја заебуваат родителите а втората половина децата,,
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 12:30 ---

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислам дека родителите прават грешка (не од мое искуство мислам да се разбереме :icon_lol: ) што наместо да го играат детето кога му е досадно, му даваат мобилен да игра игри или лап-топ и со тоа го прават зависно од технологија уште кога има 2-3 години. Наместо да бидат креативни, да испробуваат различни техники да го занимаваат, тие даваат мобилен и викаат: ај нема да досаѓа.:facepalm: Некако како да не се трудат “модерниве“ родители...
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Понекогаш е убо 2-3 форхенди в г`зе..чисто спортски. Не е проблем то за нив, тие се :нинџ:
.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
За деца од колку години се работи чим разбира анатомија ?:ROFLMAO:
Се работи за дете од 8 години....но не е тоа поентата...поентата е пристапот....позитивен и негативен пристап....кога на дете нешто му забрануваш, а единственото објаснување е "така"....тогаш тоа дете по автоматизам го прави тоа што несмее да го прави.

....или ...дете плаче за нешто што несмее (предмет со кој може да се повреди, храна од која има алергија и слично)...многу родители за да го смират одма му даваат нешто друго....тоа дете учи дека кога ќе сака нешто...единствено што треба да направи е да бара нешто што е забрането повеќе од она што сака да го добие....

исто така кога еднаш на дете нешто ќе му дозволите или забраните тоа треба да биде постојано....неможе одредени работи да бидат дозволени или забранети во зависност од вашето расположение

а најголема грешка што ја прават возразните кон децата е кога ги лажат....бидејќи децата имаат огромна меморија и кога нешто ќе им кажете или ветите треба да го исполните
 
S

Shaman

Гостин
Мислам дека родителите прават грешка (не од мое искуство мислам да се разбереме :icon_lol: ) што наместо да го играат детето кога му е досадно, му даваат мобилен да игра игри или лап-топ и со тоа го прават зависно од технологија уште кога има 2-3 години. Наместо да бидат креативни, да испробуваат различни техники да го занимаваат, тие даваат мобилен и викаат: ај нема да досаѓа.:facepalm: Некако како да не се трудат “модерниве“ родители...
Имам две внучиња, абе двете со ајпади :facepalm:. едното има 5 другото 3 години.
Ја мои деца неам, ама си туѓи сум приметил дека во 99% пали ако го зазбориш.
Ко што рече некој погоре, почни да го бомбардираш со информации и само немој
да му идеш контра.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Само ќотек му е мајката
I zatoa potoa decata stanuvaat nasilnici a nekoi od niv se povlekuvaat samite vo sebe , mozebi odma nema da go vidimr toa ama posle desetata godina od zivotot toa se manifestira .Ima mnogu roditeli koi ne se mozebi educirani dovolno ili pak gi preokupira sekojdnevieto i nevodat vnimanie kon nivnite deca .
Jas imam dve decinja i kako roditel sekogas sum nastojuval da gi sogledaat rabotite onaka kako sto se iako bile malecki nikogas ne sum im zborel na onoj bebeski jazik kako sto pravat mnogu roditeli , vtora rabota decata sekogas im se idoli svoite roditeli i vo sekoj mig te pratat kako reagiras i kako se ponasas tepanjeto ne doaga u obzir mozes da go resis toa samo ako si smirena licnost nas nie krivo ako ni iskrta zidot ili ako butne na tepih nekoj sok pa ajde zemi tepaj , demek utre istoto nema da se povtori kako ne deteto samo od stravt i tremata ke ja povtori greskata i taka red pored ke se stega i ke pravi greski ......
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Мислам дека толку не се проблем децата тие се само наше огледало и ако ние неможеме да се справиме со проблемите во оваа лигава Денешница нема да можеме да се справиме со нив.

Се знае за деца треба финансии,внимание и дисциплина само немојте од децата да очекувате дека треба сами да се снаоѓаат во животот тоа апсолутно не ги прави нив подобри и похрабри од вас треба да работите заедно за да постигнете финансиски резулат .

Сами можат да играат лото на 7 или да висат по кладилница.

Денеска нема успешен човек има успешна фамилија не го заборавајте тоа.

Богатството е во торентите тоа и Трендо го кажа во една емисија.

Егоизмот е непријател на семејството а разводот е капитулација.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506
Те
Се работи за дете од 8 години....но не е тоа поентата...поентата е пристапот....позитивен и негативен пристап....кога на дете нешто му забрануваш, а единственото објаснување е "така"....тогаш тоа дете по автоматизам го прави тоа што несмее да го прави.

....или ...дете плаче за нешто што несмее (предмет со кој може да се повреди, храна од која има алергија и слично)...многу родители за да го смират одма му даваат нешто друго....тоа дете учи дека кога ќе сака нешто...единствено што треба да направи е да бара нешто што е забрането повеќе од она што сака да го добие....

исто така кога еднаш на дете нешто ќе му дозволите или забраните тоа треба да биде постојано....неможе одредени работи да бидат дозволени или забранети во зависност од вашето расположение

а најголема грешка што ја прават возразните кон децата е кога ги лажат....бидејќи децата имаат огромна меморија и кога нешто ќе им кажете или ветите треба да го исполните
Те сватив друже не успеав да допишам се брзав :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom