Грешки кои родителите ги прават со малите деца

Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
E тоа е најголемата грешка.
На детето родителот му е заштитник, некој што ќе го одбрани од лошото, а не некој со насилство што ги решава работите.
И меѓу другото, што човек си, ако покажуваш сила на некој што е немоќен да се одбрани?

Никогаш, никогаш не би дигнала рака никому, а посебно не на детето што јас сум го родила.
Епа зато си сега вака распрдена :D :P
Од време на време, е убаво детето да добие по рака, по газе или шлаканица (нормално не многу силно), за да свати дека следниот пат кога ќе покуша да го прави истото, што ќе добие. Сигурно родителот нема да го плесни за ништо, туку за негово добро. Подобро еднаш по рака, па да не му текни уште еднаш да чепка в штекер, одколку да му објаснам дека ако чепка во штекерот можи да го отепа струјата, па ако не ме свати и да продолжи, да се чудам после што ме снашло.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.393
Мислам дека родителите прават грешка (не од мое искуство мислам да се разбереме :icon_lol: ) што наместо да го играат детето кога му е досадно, му даваат мобилен да игра игри или лап-топ и со тоа го прават зависно од технологија уште кога има 2-3 години. Наместо да бидат креативни, да испробуваат различни техники да го занимаваат, тие даваат мобилен и викаат: ај нема да досаѓа.:facepalm: Некако како да не се трудат “модерниве“ родители...
Ова е само продукт на денешново таканаречено турбо општество. Донекаде ќе се сложам, но не ги обвинувам родителите, кои АКО немаат слободно време наоѓаат некаков си поприфатлив начин да го забавуваат своето дете. А најчесто немаат. Исто важи и за оние преамбициозните родители, за ова сум 100% сигурен.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

Не се согласувам. Ги мрзи родителите да се замараат. Седат на гости и им даваат мобилен или лап топ на децата, за да можат да седат на мира... Тоа не го оправдувам. И мајка ми била презафатена, па наоѓала секогаш време да ми чита книги, сликовници или да шета со мене во парк... Се има време, не е муабетов одење на кафе, туку воспитување на дете.
 
Тоа е веќе друга ситуација. Но во странство најчесто родителите уште од мали нозе ај да речам ги „запоставуваат“ децата поради тоа што се преокупирани со обврски и црнчат од јутра до сутра. Економски најисплатлива ствар е да им купат некое дрндалче кое на децата им нуди алтернативен поинаков свет на можности. За оние побогатите си најмуваат дадилки.
Кај нас таквиот начин на живот е донесен И ПОКРАЈ ТОА што ние сепак сеуште можеме да си приуштиме време за да самостојно ги воспитаме децата. Тоа е повеќе терање на мода што подоцна резултира со твоево горенаведено. Затоа кај нас се појавува некаква си дегенерација - размазеност. arakenx чинам стави некаде акцент за тоа како би било добро да се воспита дете во одредени ситуации.
 
Ние не живееме во странство. Живееме тука. Пак, има начин. Постои градинка, баба, дедо... може да се постигне. Туку новите генерации родители се премногу размазени. Порано децата биле воспитувани и одгледувани во многу потешки околности, па успеале да израснат во деца. Сега се оди по линија на помал отпор. Дај му телефонот да игра, кој ќе му чита сликовница или книга...
А и во странство е истиот муабет. Ако сакаш да си го воспиташ детето ко шо треба ќе си го воспиташ, нема да одиш по линија на помал отпор.
 
ПА тоа ти кажав, терање на „Америчкиот сон“. Демек мора да биде совршенство. И затоа после се тера таа мода.

Иначе болдов... ми го направи денот :pos:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
ПА тоа ти кажав, терање на „Америчкиот сон“. Демек мора да биде совршенство. И затоа после се тера таа мода.

Иначе болдов... ми го направи денот :pos:
Кикс, сакав да кажав воспитани деца. :)

Америчкиот сон нема врска со телефони и лап топи...
Пак ќе кажам - линија на помал отпор. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.393
Кикс, сакав да кажав воспитани деца. :)

Америчкиот сон нема врска со телефони и лап топи...
Пак ќе кажам - линија на помал отпор. :)
Тоа е продукт.
Во америка е сосема друкчие. Животот се сведува на 14 часа вон куќата. Не зборам за метрополите мада и тука многу се губи поради тоа што најчесто тука се преамбициозни родители, туку поради тоа што за да стигне еден родител до работното место треба да пратува по релации еквивалентни на Скопје - Охрид.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тоа е продукт.
Во америка е сосема друкчие. Животот се сведува на 14 часа вон куќата. Не зборам за метрополите мада и тука многу се губи поради тоа што најчесто тука се преамбициозни родители, туку поради тоа што за да стигне еден родител до работното место треба да пратува по релации еквивалентни на Скопје - Охрид.
Ти живееш во Македонија, не живееш во Америка, не можеш да си знаеш. И во Америка до пред 20 години не им давале телефони на децата, не ме зезај...
На крај краева, збориме за во Македонија.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.393
Ти живееш во Македонија, не живееш во Америка, не можеш да си експерт. И во Америка до пред 20 години не им давале телефони на децата, не ме зезај...
На крај краева, збориме за во Македонија.
Па тоа и зборам. Продукт е кој се сервира. Ти како консумент може да го прифатиш може не. Но најчесто поради помодарство, фурање на некаква си мода на таквиот живот, желба од толку гледани амерички филмови и емисии да се копира, да се биде цело време „демек“ off stressed. А нема врска иначе.
 
imp

МyMoon
Член од
11 јуни 2012
Мислења
39
Поени од реакции
31
Иако мислам дека темата се измрда уште на првото мислење, ќе се потрудам да го надополнам Acid. Мислам дека најголема грешка е претераното заштитничко однесување на родителот. Првите 2 години се оди како подмачкано, родителот кажува , детето слуша. Арно ама од третата па нагоре веќе не е исто. Детето покажува шо би рекле ''криви дрини''. Објаснувањето е многу едноставно. Човековата личност или човековото ЈАС почнува да се формира од третата година. Тогаш децата почнуваат да бидат малку поизискателни, немирни, непослушни, пољубопитни. Повеќето родители тоа не го знаат и веднаш во глава им се насадува мислата дека тие го разгалиле детето и почнуваат да мислат други стратегии за воспитување. Тотално грешни се разбира
[
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Не треба се да биде перфектно чисто околу детето додека е мало, нека си игра и со земја и со трева, дури и контакт со прашина за да биде изложено на бактерии. Се смета дека тоа помага за формирање на имунитетот и спречување на појавување на алергии подоцна во животот.
 
CUCULIGA

Баксуз
Член од
12 август 2012
Мислења
84
Поени од реакции
53
Најголема грешка во воспитување што ја прават е што ќе го лупнат пред тв и завршиле работа. На детето му треба разговор, му треба социјализација, да излезат да го прошетаат негде театар ,кино, викенд не битно каде- барем 3 пати неделно покрај сите обврски до парк ќе најдат време. Друго, мислам дека многу родители не си го поттикнуваат детето да размислува со сопствена глава, ти не се секирај мама е тука за тоа, тато за она, зошто луѓето имаат срце? зашто така треба сине, ај не досаѓај сега па и ти, не само запрашувај !
Што од мрза, што зошто и самите се неписмени. Значи грешка е и опсесивното седење над глава на детето, ама грешка е и тоталната незаинтересираност, некоја умереност треба да се има. Детето не треба да го заќуткуваат, туку колку што можат повеќе да ја поттикнуваат неговата љубопитност и креативност, да се радуваат ако презема иницијатива и да бидат трпеливи и конструктивни во градење на родителско-пријателски-детски однос.
 
B

Black Guard

Гостин
Не им купувајте 1000 зошто 1000 затоа.

Уште мали ќе им го сјебете животот, да не зборам за фактот дека ќе разберат кој е вистинскиот дедо мраз...со рејман цвикери

Kajgana Shop

На врв Bottom