Грешки кои родителите ги прават со малите деца

O

onlya

Гостин
Уште од многу мали премногу им дозволуваат посебно ако им е прво дете ќе го остават и на глава да им се качи само за да не го истепаат малку по газето или искараат, а кога ќе порасне крајот нема да му го најдат. За разлика од порано на денешниве млади родители некако сеедно им е дали имаат дете или не кога мајка им или некоја друга трета личност е со нив и ја врши скоро цела нивна работа или со други зборови денешниве млади родители немаат појма како се гледа дете (а уште помалку да го воспитуваат) за разлика од постарите генерации. А сето тоа мислам дека е последица на новава ера и "катастрофите" со неа. :) Побитно им е да напишат на фејсбук дека ќе го хранат бебето отколку да земам и стварно да го нахранат.
Децата за ништо не се криви но ги трпат последиците, а после 20 години тие ќе треба да ги воспитуваат нивните деца и се така се додека животните не станат попаметни од нас. :)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Заеби шамари, ќотек и останати воспитно-дисциплински активности, заеби мобилки, лаптопови, плејстешени и слични електронски дрангулии... тоа и не е толку страшно...

... најголема грешка на некои родители е обидот за лечење на: искомплексираноста и исфрустрираноста поради личната нереализираност ...преку обидите да тоа го остварат преку своите деца
.... тие обиди често пати завршуваат катастрофално по нивното дете.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ист став треба да имаат и двата родитела за било која работа.
На дедовци и баби да не им се дозволува да одат контра родителите,посебно ако се во заедница
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Да не ги прави пекмези одлепени од реалноста, кои ќе пораснат со мислење дека некој друг ќе се грижи за нив, ко мали родителите, а после државата. Треба да се јакне индивидуалниот дух и желба за личен успех.
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Некои другари што ги познавам се толку галени,мазени и нежни,што несмееш да му направиш фаул во некој спорт одма ќе делува како да си го лупнал со кола.Друго што не ми се допаѓа е тоа што на веќе 15-16 години им даваат ИЗЛЕЗ *треба стварно да си мрднат за ова )до 12,1 преку сила.Трето ми е тоа што уште од мали нозе им се угодува и се им е купено што ќе посакаат и навикнати се они да си тераат по свое,а ако не праиш ти по нивно одма се праат некои курнази,ко дечиња се понашаат.Тоа понатака и те како ќе им штети во животот.Али тоа е ,какви родители такви деца :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ист став треба да имаат и двата родитела за било која работа.
На дедовци и баби да не им се дозволува да одат контра родителите,посебно ако се во заедница
Ова не ти е на место.

Да не беа моите дедо и баба, ќе израснев 10 пати полошо од личноста која сум денес. Татко ми и мајка ми не се баш родители за пример (а дефинитивно баба ми и дедо ми заслужуваат медал по тоа прашање).
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
ctrkantia напиша:
Ист став треба да имаат и двата родитела за било која работа.​
На дедовци и баби да не им се дозволува да одат контра родителите,посебно ако се во заедница​

Ова не ти е на место.

Да не беа моите дедо и баба, ќе израснев 10 пати полошо од личноста која сум денес. Татко ми и мајка ми не се баш родители за пример (а дефинитивно баба ми и дедо ми заслужуваат медал по тоа прашање).
Од мое искуство а и секаде каде што на било кој начин се мешаат дедото и бабата децата односно внуците се МНОУГУ разгалени.Друга е прикаската кога од од х причини детето мора да живее со дедото и бабата.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Од мое искуство а и секаде каде што на било кој начин се мешаат дедото и бабата децата односно внуците се МНОУГУ разгалени.Друга е прикаската кога од од х причини детето мора да живее со дедото и бабата.
Јас не сум разгален (од цело семејство јас најмалку сум удоволуван). Моите ме учеа (или се обидоа да ме научат, оправилно), на глупави и празни вредности (кои самите не знам од каде ги стекнале, баба ми и дедо ми не беа такви), и ќе израснев во индивидуите кои сега најмногу ми се одбивни. Чиста среќа што дедовците и бабите поминуваа доволно време со мене да добијам некоја попозитивна насока на ментален развој и карактер. Не дека морале, туку дека сакале го направиле тоа. Нејќеле да станам како моите родители.
 
Член од
14 септември 2012
Мислења
15
Поени од реакции
6
Zosto pravat deca koga nemozat posle da gi vospitat ili pokazat pravilen pravec vo zivot.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom