Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.206
- Поени од реакции
- 34.444
Децата не доаѓаат со упатство за употреба. Децата кои се во фаза на проодување се полни со енергија и желни да ја тестираат вашата сила и своите нозе. Токму затоа малку е потешко со нив. Еве девет грешки што секој родител кој има дете во фаза на проодување треба да ги избегнува.
Грешка бр.1: Недоследност
Малите деца се најдобри кога знаат што да очекуваат, како на пример кога е време за капење, кога е време за во кревет или кои се последиците што следуваат ако не се однесуваат убаво. Колку попредвидливи се работите околу нив, толку децата ќе бидат пофлексибилни во однесувањето.
Решение: Колку што можете повеќе создавајте му редовни рутини на детето. Но, доследноста може да биде предизвик ако родителите не размислуваат исто.
Не знаете како да реагирате ако детето истури храна на подот или пак не си легне на време? Договорете се со партнерот пред време за да решите како треба да изреагирате – и држете се до таа одлука. Според експертите, важно е да не му давате различни пораки на детето.
Грешка бр.2: Премногу време поминато со семејството
Задоволство е да се биде со целото семејство. Но, некои родители претеруваат со времето поминато на овој начин. Експертите велат дека децата понекогаш сакаат да бидат и сами со едниот родител. Да се биде „еден-на-еден” со детето е забавно и за родителите, бидејќи нема натпревар помеѓу детето и братче или сестриче.
Решение: Што да правите кога сте „еден-на-еден” со детето? Едноставно седнете на подот и играјте си со него.
Грешка бр.3: Нудење премногу помош
Некои родители веднаш скокаат да му помогнат на детето ако има некоја потешкотија да направи нешто. Пред да му помогнете на детето, размислете дека можеби со тоа што му помагате да ја доврши сложувалката или да ја облече блузата му кажувате дека не може самостојно да го направи тоа – со други зборови, му велите дека е неспособно.
Експертите велат дека родителите што премногу им помагаат на своите деца, всушност им ја попречуваат способноста да станат самостојни.
Решение: Научете ги децата да се борат. Се разбира, не е лошо да дадете охрабрување или да го пофалите детето. Можете едноставно да му речете: „Ајде, ти можеш сам/а”.
Грешка бр.4: Претерано зборување
Да разговарате со вашето дете е добра идеа. Но, не и кога е време да „зауздате” некое лошо однесување.
Замислете дека мајката му рекла на двегодишното синче дека не може веднаш да јаде колачиња. Детето се буни. Мајката му објаснува дека е време за ручек. Но, детето сепак зема едно колаче. Мајката му го зема колачето и пробува да му објасни на веќе расплаканото синче зошто го направила тоа. И така се натегнуваат, а фрустрацијата расте и на двете страни.
Но, децата на таа возраст (на возраста кога проодуваат) не размислуваат логично и не можат да го усвојат тоа што го зборувате. Тие не се возрасни луѓе во мало тело.
Решение: Како на паметен начин да ги поставите правилата? Кога ќе му кажете на детето да направи нешто, не објаснувајте и не го погледнувајте во очи. Ако не ве послуша, предупредете го со зборови или пак бројте до три.
Грешка бр.5: Исклучиво што децата сакаат да јадат
Дали вашето дете јаде само пилешки прсти и помфрит? Не сака да јаде риба? Некои родители сфаќаат предоцна, но со тоа што му давате на детето „нездрава” и за него вкусна храна, правите тоа да одбива да јаде било каква друга храна.
Решение: Охрабрувајте ги децата да јадат храна за „големи”. Детето ќе сака да проба нешто ново ако види дека возрасните го јадат тоа. Ако не му се допаѓа, бидете поупорни, бидејќи на некои деца им треба барем неколку пати да пробаат нешто додека не почнат да јадат од тоа.
Нека не ве загрижува тоа што детето ја пребира храната, сите деца на таа возраст го прават тоа.
Децата сакаат да се караат околу храната. Ако кренете премногу врева околу тоа, ќе прерасне во многу поголем проблем, а навистина нема потреба. Се додека има храна во нивната чинија, не грижете се.
Грешка бр.6: Нема повеќе детско креветче
Креветчето не е само за малото да биде безбедно. Тоа му дава и добри навики во спиењето. Ако на таа возраст го ставите детето прерано во „вистински” кревет, може да му биде тешко да остане во креветот или да заспие, па така да се премести во креветот на мама и тато. Некои мајки се исцрпуваат бидејќи мораат да лежат секоја вечер со детето. А не знаат дека тие всушност ја создале таа навика.
Решение: Кога е вистинското време да се „излезе” од креветчето? Кога детето само ќе побара да спие во кревет или ќе почне да излегува од креветчето. Тоа обично се случува на возраст од 2 до 3 години.
Грешка бр.7: Прерано со тоалетот
Некои родители ги мамат децата да почнат да го употребуваат тоалетот кога тие мислат дека е време – а потоа ги прекоруваат ако нешто тргне наопаку.
Решение: Децата почнуваат да го користат тоалетот кога се подготвени за тоа. Не треба да ги брзате.
Но, можете да ги воведете во тоа. Покажете му го тоалетот на детето. Објаснете му за што служи. Ако не ви е непријатено, нека ве види детето кога вие го употребувате тоалетот – и пофалете го ако и тоа се обиде.
Но, што ако детето на 4 години е се уште во пелени? Експертите велат: „Не грижете се, ниедно дете нема да оди на факултет со пелени”.
Грешка бр.8: Премногу телевизија
Децата на оваа возраст што премногу гледаат телевизија, подоцна имаат потешкотии во учењето. А истражувањата покажуват дека децата под две години не можат да го разберат тоа што го гледаат на телевизорот или на компјутерскиот монитор.
Решение: Занимавајте го детето со читање или со други покреативни задачи. Разговарајте со него и охрабрувајте го да зборува и да слуша. Колку повеќе го одложувате гледањето телевизија толку подобро.
Грешка бр.9: Обид да се спречи лутината
Некои родители се плашат дека ако детето е гневно, тие изгледаат како неспособни родители. Но, сите деца во оваа фаза се понекогаш лути. Кога се лути, бадијала е да се трудите да ги премислите, па дури и ако се се одвива пред други луѓе или некаде надвор. Кога се расправаат со децата во јавност, родителите се чувствуваат како да имаат знак над главата на кој пишува дека се неспособни.
Решение: Запомнете дека детето вреди повеќе отколку мислењето на другите – посебно ако се непознати.
Ако некој „зјапа” или непокането ви даде совет, едноставно насмевнете се и кажете: „А вие се сеќавате како ви било кога сте биле вака лути?” Потоа тргнете се со детето на некое место каде што нема љубопитни очи додека не помине лутината. Кога ќе помине, прегрнeте го детето и продолжете со денот.
Извор: За Здравје
Дали имате нешто да додадете од сопствено искуство?