ако надградуваш и процесор и матична, зимај ја графичката или за поефтини пари земи си хд6870, која е едно 10% подобра од нејзе. Ретко ја зимаат gtx560, најчесто gtx560ti ја зимаат, која е прилично појака.
Доколку не планираш да менуваш процесор и матична, пошто и јас ги имам истите, и искрено се срање, тогаш gtx560 у никој случај. Максимум хд6770, или новата хд7750( би ја земај јас хд6770 бидејќи се покажува добро на DX 9 игрите, додека хд7xxx се оптимизирани за DX 11, и не сјаат на DX 9. Или доколку сакаш nVidia графичка, најдобар избор ти е gts450. Следната појака графичка од нејзе, со не со којзнае колкава поголема цена е gtx550ti но иако не е нешто посебно графичката, пак таа е прејака за твојот процесор.
Не ти препорачувам да зимаш таква графичка, каква што сакаш, бидејќи ќе си имаш проблеми при игрите. Јас на пример, NFS The Run, не ја играв течно ни на Ultra, ни на Low, исто ми идеше, дури и со клокнат е5200 на 3 ghz. И NFS Hot Pursuit, не иде добро, знае да иде солидно на некои места, но знае и да присецка на некои места, и играта да стане неигрива, бидејќи ќе се судираш како луд. Добро иде Skyrim ( но со оверклок на е5200, безтоа не иде баш...) Mass effect 2 иде топ...
Јас имам иначе хд6850 ( графичка која е околу 10% послаба од gtx560), но проблемот го прави процесорот. Значи џабе ќе си ги фрлаш парите, на таква графичка бидејќи нема да го извадиш максимумот од нејзе, и нема да ти идат повеќето нови игри воопшто добро.
Напојувањето ти е
тапа ( со болдирано “т“ и тоа!). Јас имав делукс 700W i морав да го сменам...и го сменив со напојување од 4800. Така да мораш и ти да го смениш... барем со некое 500w Real Power. А најефтини такви се Гембирд, кое ќе те чини околу 2000, но не се квалитетни тие напојувања, од ниската класа се. Имаш Chieftec 500w А80 500W Real Power, за некои 3000 денари, тоа е веќе солидно напојување од средната класа.
Доколку имаш пари, и сакаш да земеш јака графичка, од 10500 денари.. тогаш спремај минимум уште 9500 за најслабиот i5 процесор со 4 јадра, уште 3-4 илјади за најефтината матична компатибилна со него, уште околу 3000 за 8gb DDR3 RAM, ако имаш стар хард диск можеш да си го искористиш и него и куќиштето а и ДВД режачот, потоа минимум уште 3000 за напојување и тоа е тоа у суштина... ако сакаш компјутерот на кој што ќе можеш да играш игри без проблем, у наредните 2-3 години.
И да... ретардираное исто така ова да го имаш доколку користиш, 17инчен монитор, или 19 инчен... 22 е таман
така да спремај си околу 30 000 илјади, чим сакаш да зимаш јака графичка.