Графитите како такви се еден од 4-те најглавни елементи на ХИП ХОП КУЛТУРАТА што значи НЕ СЕ ВАНДАЛИЗАМ. Тие се УМЕТНОСТ, во вистинска смисла на зборот, а за вандализам ги сметаат оние конзервативни, затворени и ограничени умови кои немаат чувство за нешто ново (иако се прилично стара уметност-со почетокот на хип хоп културата, се создаваат како нејзин дел). Меѓутоа, добро е што младите ги поддржуваат, бидејќи во најдобар случај, графитите во себе носат порака (позитивна пред се) исто како и целата култура на која и припаѓаат.