Горан Пандев

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
Е па за да покаже треба да има добри играчи околу него.Еден играч не може да ти реши утакмица.Колку и да сакате да го негирате џабе ви е...Grande Strumicane
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Како сакате речете пандев е многу корисен за нашата репрезентација.. Како ќе направи нешто кога на него нонстоп има по 2-3 играчи кога е во него топката.. а тоа треба да го искористат другите играчи.. се ствара вишок на играчи но нема кај нас кој да го искористи тоа..
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Како сакате речете пандев е многу корисен за нашата репрезентација.. Како ќе направи нешто кога на него нонстоп има по 2-3 играчи кога е во него топката.. а тоа треба да го искористат другите играчи.. се ствара вишок на играчи но нема кај нас кој да го искористи тоа..
Да бидеме искрени, Пандев не подава колку што би требало да подава. Кога 2-3 противници се околу тебе треба да се ослободиш од топка веднаш. Ама Пандев е навикнат да му се свири фаул. Може да се поработи на него малку.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Да бидеме искрени, Пандев не подава колку што би требало да подава. Кога 2-3 противници се околу тебе треба да се ослободиш од топка веднаш. Ама Пандев е навикнат да му се свири фаул. Може да се поработи на него малку.
Е па да.. Зависи тоа и од Пандев.. треба да поработи на тоа. Но друго мене ми беше зборот.. сакав да кажам дека пандев и вака е многу корисен со навлекувањето на противнички играчи на него.. но нема друг кој да игра кога сме во таква ситуација со вишок играч.. Да имавме уште барем еден како Пандев ќе беше поинаку..
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
ФУДБАЛЕРОТ НА ЛАЦИО СО ПОНУДА ОД МАНЧЕСТЕР СИТИ КАДЕ НОВ ТРЕНЕР Е ЕКС СЕЛЕКТОРОТ НА АНГЛИЈА
Пандев желба на Ериксон за Сити!!!
*Покрај нашиот најдобар фудбалер познатиот шведски тренер ги "мерка" уште и Елмандер од Тулуз и Бјанки од Реџина
Нова атрактивна понуда за Горан Пандев. Манчестер Сити и новиот менаџер на овој клуб, Свен Горан Ериксон, посакуваат во своите редови да го видат најдобриот фудбалер на Македонија. Цифрата веќе позната и "бетонирана" од 15.000.000 евра на колку што Лацио ја процени една од своите главни ѕвезди во тимот. Сити во новата сезона тргнува амбициозно, а со самото ангажирање на Ериксон повеќе од јасно е дека оваа екипа ќе пука на високите позиции во Премиер-лигата. Новиот "газда" Шинаватра од Сингапур со многу пари почнува да инвестира во тимот од Манчестер кој секогаш е во сенка на "Црвените ѓаволи", кои доаѓаат од истиот град.

"Морам да кажам дека ми годи секој интерес и секоја понуда. Посебно оваа од Ериксон и од Манчестер Сити. Сепак, јас не сум тој кој во моментот одлучува", коментира Пандев од Австрија каде со неговиот Лацио се наоѓа на подготовки.

"Таков е мојот договор со тимот од Рим. Ако сакаа да ме продадат тоа ќе го направеа многу порано и во некоја од понудите кои беа далеку поатрактивни од Манчестер Сити. Затоа и не се оптоварувам многу. Понуди има, но овие од типот на Арсенал и Манчестер Сити не би требало да се одбијат. Сега сум максимално насочен кон подготовките со клубот, а доколку се случи трансфер јас ќе прифатам и таква одлука на мојот клуб со кој имам договор со 2010 година", е видувањето на Пандев, кој почнува да ја одработува четвртата сезона како член на "небесносините" од Рим за кои во изминатите две сезони постигна 22 првенствени голови.
Манчестер Сити и Ериксон на својата листа желби покрај Пандев имаат уште неколку познати фудбалери. Пандев е трета желба во моментов и тоа зад шведскиот голгетер Елмандер од францускиот тим Тулуз и младиот Бјанки, кој настапува за Реџина. Фаворит кај Ериксон е неговиот сонародник од Тулуз, кој е проценет на 25.000.000 евра и токму таа цифра го запира трансферот. Овие 15.000.000 евра за Пандев се далеку поприфатлива понуда, но Лацио с$ уште не сака ниту да чуе за продажба на Пандев пред настапите во квалификациското коло од Лигата на шампионите. И самиот Пандев сака да почека:

"Главната цел и желба на сите во Лацио ни е пласман во групите од Лигата на шампионите. Тоа е и мојот сон. Сакам да играм во најсилното клупско натпреварување. Затоа сакам да останам тука или да одам во некој клуб кој исто така би играл во Лигата на шампионите. Го посакував Арсенал, но, ете, не се случи тоа", ги открива тајните нашиот најдобар фудбалер кој с$ уште има можност да ги засили "топџиите", чија понуда не е повлечена, а нивниот менаџер вчера најави дека ќе инсистира летово да биде ангажиран уште еден напаѓач.

Весникот "Ил Месаџеро" од Рим открива дека Лацио е многу блиску до договор со бугарскиот напаѓач Валериј Божинов, кој би можел да биде замена за Пандев доколку римјаните одлучат да го продадат репрезентативецот на Македонија.

И. Д. Ивановски
Два гола на првиот тест меч

Одличен старт на Горан Пандев на подготвителните средби кои Лацио ги игра пред стартот на новата сезона. На првиот меч Лацио со 4:1 славеше над австрискиот нисколигаш Тал. Нашиот најдобар фудбалер го постигна првиот и третиот гол за неговиот тим, одигра 60 минути и е на потребното ниво. Повредата на ложата која ја заработи на квалификацискиот меч со Израел е санирана.

"Задоволен сум од играта, а посебно од двата погодока. За противник имавме аматерски тим и на ваквите средби ги броиме само головите. Добро е и тоа што повредата е санирана и можам максимално да работам на тренинзите", коментира струмичанецот од планините крај австрискиот град Капфенберг.
МЕДИУМИТЕ ВО ИТАЛИЈА:

Пандев е главниот адут на Лацио


Пред стартот на подготовките на Лацио медиумите од Италија со главна порака до управата на овој клуб и нивните фанови. Познатиот "Канал 4" со најава дека Горан Пандев е главната алка и играч во битката на римјаните до групите од Лигата на шампионите. Лацио ќе игра во третото квалификациско коло и ќе мора да мине една пречка доколку сака да биде дел од најсилното клупско натпреварување.

"Сакам што поскоро да направам трансфер, а многу брзо тоа може да биде во Англија", им изјавил струмичанецот на новинарите од "Кориере дела Сера", кои по оваа најава нагласуваат дека Лацио може да остане без Пандев, но и без Лигата на шампионите. Затоа, пак, на ваквите најави и реакција на Клаудио Лотито:

"Пандев и Роки остануваат. Има понуди, но наша главна цел е настап во Лигата на шампионите".
http://sport.com.mk/?ItemID=F16CFA4C9FF948499AD8DD447B4F72FA
Kolku e vistina ova neznam i od kade ovaja informacija na sport.com.mk
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
nekako staro ti e klipcevo . izlitena rabota . dajte nesto novo!
 

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
Пандев седи си во Лацио не мрдај од таму!!!
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Арсенал повеќе не е тоа што беше.. сега тешко да избори и лига на шампиони.. Ливерпул, Челзи и Манчестер се со класа подобри тимови од Арсенал.. Сега Арсенал ќе се бори со Тотенхем, Њукасл, Портсмут за место во лига на шампиони или уефа..
Најдобро би било Пандев да остане засега во Лацио.. барем и наредната сезона..
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Јс мислам уште оваа сезона и толку.Да си оди во некој Англиски клуб а мислам најубо ке му биди во Тотенхем.Тандем ке бидат со Бербатов
 
T

tino097

Гостин
Глупо би било, то е уназадвање во кариерата
 
А

Адриано

Гостин
Горан Пандев una grande Strumicane
a bad ass mother fucker that won't take shit from anybody:D
Типот е заааакооооон
Сите наши футбалери можат да му се фанат на *****:drk:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom